Лицето ми е нормално кон суво. Сакам лесна пудра, која ја прави кожата здрава и убава. Се двоумам помеѓу Гош и од Буржуа... Што мислите, која е подобра? (И каква е Гош, малку мислења најдов за неа). (Или евентуално од Севентин, ја немам користено одамна, заборавив како изгледа)
Јас искрено Севентин ја користам со гооодини некои 7-8 години и се презаситив. Сега од новите Севентин со пумпица ок се не се лоши, но мене мрсничко ми го прават челото многу светкам. Дали е тоа што прееемногу се презаситив ќе да е од тоа и кожата ми се менува со текот на годините. Пробај види не е лоша густича е така. Е сега, цената мислам дека беше околу 600 денари до кај 700 мислам повеќе не е.
Збор два за овие пудри и разликата меѓу нив? Јас имам мрсна-комбинирана кожа, и барам пудра со голема покривност, ама да можам да ја носам преку ден, без коректор и камена пудра, оваа ке ја биде или?
Според мене далеку подобра е онаа на менхетан. И е наменета за мрсна кожа, никако за сува. Доколку имаш плус некои недостатоци на лицето црвенило, пеги, темни кругови дефинитивно ти ја препорачуват на менхетан. Пробано. А за онаа на римел ја немам пробано и не сакам слушам дека е полесна за разлика од првата но и помалку покривна и помалку трајна.. па сега ти види си.
Менхетен незнам за другите иако имам мрсна кожа, ми беше многу тешка за дневно користење, затоа сега ја користам само за навечер и веќе и ми е при крај. За преку ден ја користам Bourjois Flower Perfection
Девојки дали знаете дали и Bourjois Healthy mix serum e на попуст во Cosmo или само другите пудри на Bourjois и до кога трае попустот?
Да и серумот е на попуст и мислам дека чини 820 по редовна цена, а намалена е на 615 ден. И двете се наменети за комбинирана до мрсна кожа, но зависи што ти треба. Се согласувам дека Менхетн е подобра, но и доста потешка и мене некако премногу ми се познаваше на дневна светлина, а и ми беше премногу тешка за секој ден, но имај предвид дека тогаш имав 17-18 години и ја немам купено повторно. Трајна е, нема потреба од камена пудра, но без камена јас им оставав траги на луќето кога ги гушкав - дечко ми беше првата жртва. Ако си премногу бела (како мене) можеби нијансите ќе ти бидат проблем - јас никако не можев да најдам кај нас посветла од нијансата beige, а сигурна сум дека има. Најголемиот минус поради кој ја откажав пудрава е тоа што на студено време, најчесто при вечерните излегувања, ми се собираше како грутчиња и ситни топченца по челото, брадата и околу устата, а на жешкото време ми тежеше едноставно и видов дека не сме си судени, тоа е тоа. Римелот е доста добра за таа цена, солидна покривност, солидна трајност, но потребно ѝ е малку повеќе да се впие во кожата и да го изнесе мат ефектот. Полумат е поточно, но според мене е доста добра, малку се топи на топлото време ако не ставиш камена, во зима не се сеќавам дали ја имам носено, но најверојатно ретко, па и затоа не се сеќавам што и како била ситуацијата. Првата од Лореал не е за мрсна кожа - или барем јас сум добила таква информација, зашто мислам дека е за сува кон нормална и не знам дали ќе ти се допадне баш. Не е лоша, ама нема некоја многу голема покривност да речеме како Менхетнот. Втората, L'oreal True Match LUMI e погодна за комбинирана до мрсна кожа, не е класична мат пудра, но и мрсната кожа добро ја поднесува. Без камена ќе ти издржи до 4 часа да речеме и потоа пак ќе светнеш во критичните зони. Секогаш си ја имаш опцијата за нанесување камена пудра, но ако имаш некоја со мат ефект и во слична нијанса, нанеси многу мала количина и ќе добиеш на време барем уште некој саат. Инаку, пудрава покрива солидно, нешто приближно на онаа другата L'oreal mat magique, јас немав проблем ниту околу покривањето на подочниците и флеките, туку само со некоја ептен огромна и инаетлива акна, но ова беше доста ретка појава за среќа. Мислам дека би била океј за денско време, но ако претераш со нанесувањето изгледа малку нападно и неприродно, но дава многу убав сјај на лицето и под „сјај“ не подразбирам мрсен, ами оној природниот свеж изглед. За овој период би ти била добра, ама не знам како би се покажала во лето на +40.
ај ве молам збор два за разликата помеѓу овие две пудри.. јас time plus ја имам користено.. а сега сакам ова другата да ја земам
Вторава е поскапа. Најдобро е пудрата да се проба. Секоја кожа е различна. (Јас денес бев во парфимерија, и ја пробав Гош, ама не ми одговараше бојата, значи најдобро е да си пробаш лично)
Вчера ги испробав сите можни пудри во Тинекс и се одлучив за Севентин. Се мислев меѓу Буржуа и Менхетн,првата ми беше доста посолена со цената а кај втората не ми се допадна структурата на пудрата ,некако ми беше премногу прашкаста.Ќе видиме оваа на Севентин како ќе се покаже.Пред неа ја имав на Дебора и таа беше солидна.
Луѓе ај да си прашам тука дали знаете. Имаше една на Севентин пудра у стаклена туба (дебела) со лажичка. Ама мнооогу оддамна сум ја користела, и не беше скапа до кај 250ден, фина пудричка (ко шо памтам). Ама не знам дали ја има, а и неможам да најдам слика на нет. Па ако знаете за која ви зборам, и имате инфо околу неа, ќе ве молам за помош и секако за Ингрид луѓе, ја најде ли некој? Во потрага сум по добра пудра и не ептен скапа
Imam isprobano mnogu pudri (zboruvam i one najskapite - od nad 2000 denari) no posle se najdobra za mene e Vichy Aera Teint Fluid ( za kombinirana koza) inaku imam normalna nakaj kombinirana (masna T-zona) na obrazi suva koza,,,,i niedna ne mi odgovarase zatvaaat pori site i lom liceto mi go pravea a sekoj mesec kupuvav pudri se utepav od pari davanje....najprvo stavam krema na hemel (obicna za lice ili taa za petici ) koja e fantasticna i vrz nea koga ke se vpie stavam pudra! efektot e odlicen! liceto cisto, navecer samo go cistam so sapun i topla voda...i stavam pak od hemel kremata!inace pudrata ja vadam so obicna vlazna maramica na bekutan! [mod-kirilica:2ncyudbj][/mod-kirilica:2ncyudbj]
Лудо моме, оваа со лажичката сигурна си дека била на Севентин? Јас единствена со ваков „реквизит“ ја знам Кетрин Арли, моја другарка со години си ја користи. Ај ѕирни да не случајно е оваа? Не е лоша, добра структура има за комбинирана-мрсна кожа, ама мене ми е троа тешкичка и не ја љубам баш. Оваа ја има низ локалните, помали парфимерии гарант.
Си се подновив јас коооонечно после толку долги години користејќи ја Seventeen решив да ја заменам со Bourjois flower perfection Значи прееезадоволна сум. Ја купив во вторникот и навистина е преубава лесна пудра. Им благодарам на сите феминки кои споделија искуство со оваа пудра и тие имаа удел во моето одбирање на пудра. Ви благодарам.
Жени, уште нешто... Flower Perfection не ви изгледа бледо на слики поради блицот? Пошто има SPF 15. Јас со 123 Perfect немам таков проблем, а она е SPF 10. Прашувам од причина шо со Ревлонот си имав таков проблем, а и повеќето тука на форумов се жалеа дека излегуваат ко духови од неа поради SPF 20 што го содржи.
Да, јас потврдувам за Flower Perfection, бледа излегува на слики - и тоа како бледа Затоа мене за навечер или за прилики кога знам дека ќе се сликам ми е строго Менхетен црната На слики лицето со неа излегува совршено, како фотошопирано, чисто солза и со нормална боја, секако 123 Perfect си ја купив минатата недела, за неа не можам да кажам ништо во врска со ефектот кој го дава на слики зошто уште не ми е тестирана, меѓутоа зошто има помал SPF фактор не би требало дух-ефектот да е толку силен Ама па Ревлонот па исто блед излегува на слики, а јас ја користам Ревлон за масна кожа, која содржи само SPF 6, што е исклучително низок фактор. Е ај сеа Не можам да им најдам НЗС на пудриве BTW, не знам за вас, ама мене 123 Perfect ми е ептен лесна пудра, дури по структура ми е слична со ББ кремата на Гарниер, ама ми се допаѓа. Јас и онака немам што да покријам, така што убаво ми го изедначува тенот и ми го одржува лицето мат долго време. Задоволна сум, иако во споредба со Flower Perfection, вторава ми е за нијанса подобра
^^ Јас со flower perfection не изгледам воопшто бледа на слики, не знам зошто вие така излевате може до нијансите зависи. Не знам колку има врска ова со спф но ревлонот што има 6, мене ме прави многу бледа на слики...