Мислам дека треба да посетиш дерматолог, и мене порано ми беше така, немаше да ставам ништо на лицето и стакло ми беше, а кога ќе ставев и некоја пудра со лесна текстура ми се нафрлаше со мозолчиња. Откако посетив дерматолог, скроз ми се исчисти и од сите пудри што ги имам користено потоа, не ми се правеле мозолчиња.
Барам камена пудра за лице за комбинирана кожа но да е прилагодена за сите типови на кожа. Во орифламе имаше таква но ми здосади сакам да купам надвор од орифламе. Инаку јас користев и од Катрин Арлеи но нијансите никако да ги погодиш многу бела ме прават како икона.
Имам нормална кожа и можете ли да ми препорачате некоја пудра од која што сте задоволни но до биде до 200 ден. ?
Кога бев во странство си ја земав бидејки овде скапа ми изгледаше.Пудрава е чудо,предобро покрива и доста е трајна.Јас имам нормална кожа и совршено ми одговара е сега за други типови кожа навистина незнам,а би требало да е добра.Овде ја гледав во една парфимерија беше околу 800 денари,а јас ја земав за 6 евра.
ROse можеш ли да ми кажеш од каде ја набавуваш пудрава ,бидејки гледам неколку пати се спомна на темава сите ја фалат но никој не кажа од каде ја зима.
Ја купив денес пудрата на Менхетен антибактериската чини 420 денари оваа ми е една од омилените пудри, ја користев постојано но во мојот град извесен период не ја носеа, е сега ме интересира девојки колку нијанси има од оваа пудра, знам не беа многу, како и по обичај мора нешто да фали кај нас имаше само две нијанси
Јас ја користев еден период и можам да ти кажам дека поужасна пудра моево лице не видело (Добро де, освен Импалата, од која еднаш ставив и никогаш повеќе) Значи, пудрава прво има ужасни нијанси. Сите до една маваат на портокалово. Второ, од километар се познава дека имаш пудра ставено - многу брзо се суши и додека убаво да ја размачкаш веќе е сува и се познаваат прсти низ цело лице. Трето, не е долготрајна, се разлева и се пресликува на секаква светла облека. Четврто, покрива, да, ама изгледа паштетесто и вештачки. И петто - и најважно, не знам колку чини сега, ама во времето кога ја користев беше 1.200 денари! За пудрава искрено ни 200 не би дала, многу, многу е лоша. Природна е, да, минерална е, ама мене ми беше ужасна. Малку ќе бидам офф, ама овие Фреш Минералс имаат фини руменила, ми се допаѓаат
Loreal True Match Ја користев пред една година и тогаш беше околу 600 денари,сега незнам.Мене лично пудрава ми е преубава,баш онаква каква што барав.Го изедначува тенот и има доста нијанси.Малку е скапа ама си вреди за цената,предобра е.
Или уште подобро, ББ крема . Имаш од многу марки, значи од сите цени имаш твое е само да си избереш. Не знам колку сакаш да ти биде трајна, јас сум задоволна од трајноста на ББ кремата на Гарниер.
Ја има ли некој тука користено камената пудра од Аура таа со бело капаче што е? Неможев да најдам слика, и како се задоволни?
Се согласувам со тебе, никаква беше, бев во ким ја пробав, и ко да немав ништо ставено на лицето, не ми се свиѓаше, ај ако саката да ми кажете како се движи цената на оваа пудра? и каква е? задоволни ли сте?
Импала е најубава иако е ефтина, стварно е и добра....и е за суво лице...чини 160 денари...ја користев долго време.
Ингрид ја нема никаде низ Скопје, се утепав барајќи ја, ја барав и во Куманово исто ја нема така да ќе си одам надоле накај пелагонијава да ја купам, озбилно со мажево мое по работа кога оди и јас со него, ептен ме привлече пудрава морам да ја пробам да не има порачки? А, и да прашам, колку нијанси се од пудрава , само 4 ли има? Толку ми излегуваат на интернет
Спојлер Епа пак јас ќе ти одговорам Оваа на Мејбелин е друга приказна. Ја имам дома, мада ја користам повремено, чисто заради промена кога ќе се презаситам од пудрата што секојдневно ја употребувам. Ми се допаѓа, дава природен изглед, убаво се нанесува, полу мат е, не е паштетеста, има добар избор на нијанси кои делуваат природно и е многу долготрајна. Стои буквално цел ден. Е сега, ако имаш масна кожа, ќе ти треба и камена врз неа, зошто во спротивно ќе светнеш после неколку часа, ама пудрата е навистина одлична :up: Јас ја купив по препорака од феминка во темава и не згрешив. Цената не ја памтам точно, знам дека беше околу 400-500 денари Баш ме потсети сега да почнам почесто да си ја користам