Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Течна пудра за лице

Дискусија во 'Лице' започната од angel, 23 ноември 2009.

  1. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.471
    Допаѓања:
    10.904
    Да само 4,а за порачки не знам баш.
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.345
    Пол:
    Женски
    Таа беше Дузи, купувај и не му ја мисли ич. :lol:
    Мене пудрава ми е при крај, следна планирам да си изберам некоја на Flormar, ама ќе видиме. Имам уште колку за уште две недели, па ќе му ја мислам. :wasntme:
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Камена на Флормар?

    Јас имам камена од нив, океј е за тие пари, ама многу чудно почнува да ми мириса ако ја носам подолго време. Сепак не сум, и мислам дека никогаш нема да се приврзам за оваа пудра, нат мај кап оф ти. Мислам дека за тие пари можеш подобра да си земеш, без разлика дали станува збор за течна/камена.

    А Севентин Натурал Велвет ми е толку омилена, што ме плаши дека нема да си најдам втора пудра ако некогаш оваа престанат да ја произведуваат. :sweat: ;( Ја користам веќе две и пол години и некна се мислев дали да земам камена на Севентин или на Римел... Ама ајде ќе видам што ќе направам, па ќе ви кажам.

    Данкешооооооон вери мач. :D
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.345
    Пол:
    Женски
    Да, ми беше во план да земам камена, ама штом ти веќе си ја пробала ме премисли ова кажаново право да ти речам. :^)
    Ќе подразмислам, ама ништо чудно на крај да завршам пак со Римел - иста љубов си гаам кон неа како ти спрема Севентин. :D
    Значи немам коментар колку само се приврзувам за козметика, уште да си го најдам совршеното праска-руменило и ќе бидам потполно мирна. :wasntme:

    А инаку - кајн проблем, за тоа сме тука. :D
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Која е разликата меѓу Севентин онаа првата што беше (заборавив како се викаше, околу 450ден. е) и оваа Севентин Велвет ?
     
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.345
    Пол:
    Женски
    ^ Тајм Плус е за сува кожа, а другава е погодна за секаков тип на кожа, но јас мислам дека би им била одлична на оние кои имаат комбинирана до мрсна кожа.
    Првата дефинитивно не ако имаш комбинирана, ќе засветкаш премногу брзо и има доста помала покривност од Велветот.
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  7. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Читав, и пак не си ја олеснив одлуката.
    Се мислам помеѓу Revlon и Bourjois flower perfection.

    Revlon ја имам користено, можам да кажам дека ми е најдобрата пудра што сум ја користела, покривна и супер за комбинирана кожа. Малку ми беше тешка, односно проблем ми беше вадењето, едвај ја вадев.
    Другава не сум ја пробала, ама прочитав позитивни критики за неа (плус и на попуст е) :wasntme: :D и не можам сега да се решам.
    Најбитно ми е да е многу покривна (нема шанси да ставам камена пудра преку ден, така да отпаѓа опцијата „со малку камена ќе биде супер“), и да одговара на мрсна кожа.

    Ако некој може да ми помогне, нека повели :D
     
  8. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.130
    Пол:
    Женски
    :D се шалев јас да не сака некој да му донесам навака :P гледам барана е ептен пудрава :wasntme: :D
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  9. EMA2

    EMA2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2013
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    33
    Добро дојде во друштво :lol: и јас ја имама истата диилема,нека помогне некој ??
    А каде ја има Боржуа на попуст :tmi:
     
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.345
    Пол:
    Женски
    ^ Во Космо, Шатци и ДМ мислам, ама побрзајте зашто попустот е до крајот на месецот. :wasntme:
    Инаку, не е идеална замена за Ревлон, ама и без малку камена ќе ти биде супер. :D
    Само според мене се познава така на лице на дневна светлина и не ми е баш денска пудра, ама тоа сум јас и моето инаетливо лице - штом ти треба голема покривност мислам дека ќе ти биде супер навистина. :)
     
    На EMA2 и k.i.m им се допаѓа ова.
  11. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    8.573
    Пол:
    Женски
    Абе девојки ме збунивте. Прашалници сум целата :D
    [​IMG]за каква кожа е?
    Си пишав таму горе во полето за пребарување и ми излегоа најразлични мислења.
    Мишела пишала за комбинирана кожа, роси за сува, трета девојка за нормална. :?:

    Се мислам меѓу оваа, 123 на боржуа или на лореал True Match .
    За мрсна до комбинирана кожа, со голема покривност ама да не е претешка бидејќи сакам преку ден да ја користам . :?:

    Да се едитирам, Мишелке имаш пишано и дека е за сува и за комбинирана оваа на севентин. :?:
     
  12. cocopuff

    cocopuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    553
    ^^ мене ми е комбинирана кожата, и двете ги имам користено. мене лично 123 на бoржуа ми беше многу подобра.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.345
    Пол:
    Женски
    Велветот е многу добра за комбинирана и мрсна кожа, но не е со така страшна структура апла мат, па мислам дека би им била добра и на оние со нормална кожа, а за тие кои имаат сува - не би знаела да кажам, мислам дека зависи до самата кожа.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ANGEL1

    ANGEL1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Да ти кажам нешто од мое искуство. Ревлонот ми беше пудра број еден, незаменлива и секогаш сигурна варијанта, зошто јас имам чудна кожа (сува внатрешно а склона на акни, инаку не сум тинејџерка :D ) Значи приоритет ми беше покривноста на Ревлон. Па така кога ми се подзапусти лицето како најсигурна варијанта си ја купив Ревлонот и си зажалив :( , со душа чекав да ја потрошам за да си купам нова и сега имам уште малку од неа и ми иди да ја фрлам в канта ни да ја дотрошувам ни ништо.И така си стои. Покривност НУЛА, навистина незнам зошто :^) а ја купив од КОСМО не е да речам дека сум купила фалш.И не ја осеќав на лице баш онака како претходно кога ја користев. Баш сакав да прашам на форумов дали некој го имал искуството со Ревлонов како мене, сменета им е формулата што е работава појма немам ама засега нема шанса пак да купам Ревлон. Се тувкав што сега незнам што пудра да купам а да не ја утнам пак , и купив Буржоа флауер перфекшн , многу сум задоволна. Толку лесна пудра а покривна , лицето ми го прави многу нежно. Мене ми дадоа тестерче, побарај си да видиш дали ке ти се допадне, сепак секое лице е различно. Јас лично многу сум задоволна и мислам да си ја користам и понатаму, само лицето да не ми се презасити од неа.
    Уште нешто, ако ти треба покривна убава е и онаа FACE FINITY на Макс Фактор, мене ми дадоа еден куп тестерчиња од неа , покривна, фина структура ама ми е сомнителна за моево лице мислам штом ќе ставев од неа ми се правеа нови мозолчиња. Засега Буржоа ми е фаворит.
    Многу се изнапишав, ама ете МОРАВ да ти го споделам моето искуство оти ова со Ревлонов ме изнервира што џабе парите си ги дадов. :(
     
    На k.i.m му/ѝ се допаѓа ова.
  15. M.laDy

    M.laDy Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    798
    Пол:
    Женски
    Од кога ја направија Ревлонот 24 часовна послабо покрива, мн ме разочара. Јас сум долгогодишен корисник на Ревлон, ама сега сум во потрага по друга покривна пудра. :)
    Девојки да ве прашам која пудра од Боржуа е најпокривна и за мрсна кожа???
     
  16. ANGEL1

    ANGEL1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    M.laDy јас ја имам користено и БИО ДЕТОКС од Боржуа и таа е доста покривна и убава. Малку нијансите да ги видиш зошто јас имам светла кожа и мислам немаше баш таква нијанса. Само кога се нанесува треба брзо да ја нанесуваш зошто брзо се потсушува и може да ти биде чудно на почетокот ама после ќе се навикнеш. Битно како за мрсна кожа и покривна и убава не изгледа како паштета а плус тоа и не ми правеше проблеми од типот нови мозолчиња или слично. Само нијанса да си погодиш.
     
    На M.laDy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Madlina

    Madlina Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2013
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    301
    ^Bio Detox од Буржоа ретко може да се најде по пафимерии, евентуално некоја најсветла или најтемна нијанса. Како замена на Био Детоксот беше Flower Perfection, таа е сега најпокривна од Буржоа пудрите и највеќе одговара за нормална/комбинирана и масна кожа.
    Инаку од прва рака, акцијата -25% на Буржоа пудрите продолжува и во Октомври :)
     
    На M.laDy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.345
    Пол:
    Женски
    Jaс ја користев долго време Био Дитокс, има супер избор на нијанси, т.е. имаше, јас си ја користев 52ката стандард.
    Мене така ми се чини или ќе ја повлечат од продажба? И јас одамна ја немам заприметено низ парфимериите. Ептен ми е жал, многу убава пудра ми беше мене, иако на многу девојки од тука не им се допадна.
     
  19. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Фала ви за одговорите, можеби и ќе и дадам шанса на пудрава :) Но, сега си имам друг проблем. Многу се исончав летово, и се уште сум така малце црничка :D и сега не знам која нијанса да ја изберам :( Ако земам потемна, после да не ми биде многу темна кога ќе ми се врати нормалната боја. Инаку не сум ни многу светла, ама ни многу темна, последно ја користев Менхетен 80, ама можам да кажам дека ми беше светла малку, сега ми текнува дека ставав и малку бронзер.
    Знам дека не може некој многу да ми помогне околу ова :D ама барем да ми кажете мислење, дали се многу темни тие потемните бројчиња, јас се двоумам меѓу 53 и 54, или пак 52 и 53, не знам како беа, знам дека измеѓу нив имаше поголем простор откако меѓу другите :D така некако на средина доаѓаат :D
    Кој ме разбра го частам. :D
    И спејсов на тастатурава не ми чини, ме зафркава, ама тоа е веќе за во друга тема.
     
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.345
    Пол:
    Женски
    Онаа 54 е претемна, не знам каков ти е природниот тен, но станува збор за доста темна нијанса.
    Јас би ти предложила да си земеш нешто отприлика како твојот природен тен, а потоа да си контурираш со бронзер така суптилно. :)
    Нема да се познава, барем јас така практикувам веќе долго време кога идат вакви преодни периоди.
     
    На k.i.m му/ѝ се допаѓа ова.