Burjois Flower Perfection - најубаво нешто што сум пробала откако почнав да користам пудра за лице до денес и веќе 2-3 години ја немам сменето и не ни планирам :geek:
Што ми требаше да ја земам, не е старата пудра сега е со изменет состав, целата се исфрлив со ситни акни со гној , се што е убаво мора да се расипе, си останувам на Боржуа 123, секако не планирав да ја менувам ама пусти стрв за шминка па се да се имало, за памет ова
Вака читајќи те, мислам дека имаш сличен тен како мене, па ќе ти одговорам И јас ја користам 80-ка од Менхетен нормално преку цела година кога сум бела, а во лето 82-ката ја користам. Од Flower Perfection (чинам за таа прашуваше) сега ја користам 53-ката и нијансата ми е совршена. Ја пробав и 52-ката, ама некако бледа ми изгледаше. Сега веќе бојата од сонцето ми падна, па пак убаво ми одговара 53 од Flower Perfection. Мој совет ти е да си ја земеш таа, ако си користела од Менхетен 80-ка, оваа ќе ти биде таман
Се сложувам ако имаш таков тен земи си ја 53-ката од Flower Perfection. Јас ја користам 52 -Ванила и ми одговара супер зошто имам навистина светол тен а тестерчето што ми го дадоа беше 53 и ми беше темно. Се надевам ќе бидеш задоволна со пудрата ако не ќе ти ја купима ние Навистина незнам , таа има сосема различна струкрура за разлика од Флауер Перфекшн а сепак секоја на свој начин многу убава, или треба да речам имаше, затоа што кога сега последно ја купував во парфимеријата прашав за Био Детокс -от и ми рекоа ами ние само овие ги набавуваме, креваат рамена Штета ако ја нема повеќе , мене и таа ми беше убава варијанта, и мислам подолго траеше за разлика од Фауер Перфекшн.
Мене ми се потрошија пудриве Bourjois 123 perfect и Manhattan во црната тубичка за мрсна кожа што е, за вторава одвај чека в зашто претешка ми стана сега за вечер ја користам Bourjois flower perfect, предобра пудра 100000 пати имам кажано а пред некој ден ја земав Shiseido perfect refining foundation долго време ја меркам и навистина е преубава пудрата вреди за парите и ќе ја користам за преку ден бидејќи е по лесна, полумат е
Се мислам помеѓу овие две пудри: Значи имам сува кожа и незнам која да ја земам ги немам пробано, добро би ми дошол совет.
Девојки како сте задоволни од пудрите на Rimmel? Немам користено а слушнав доста пофалби,вие што мислите?
Јас ја имам Essence,убава е и стои стварно многу долго време исто како кога си ја ставила.Само што ако имаш многу сува кожа,не ти ја препорачувам...воопшто нема да изгледа убаво на тебе.Јас имам нормална-комбинирана кожа,мене ми е добра.
Не се за џабе пофалбите, навистина станува збор за солидни пудри со пристапна цена. Барем јас оние кои сум ги користела се покажале навистина океј, со солидна покривност и солидна издржливост. Разгледај си, се надевам ќе си најдеш некоја која ќе ти фати око - напоменувам дека Stay matte и Longlasting се за комбинирана до мрсна кожа.
Збор два за пудрава?Ја користи некој?И устави кај нас ја има во оваа амбалажа,или или ова се две различни пудри?
Решив малце да ја сменам течната пудра од Ревлон, си купив од Виши. Пудрата е супер, ама...не и за моето лице затоа што на челото одма ми излезе мрсно , така да морам итно да си купам камена пудра. Одлучив да ја пробам Риммел-от, па ќе видиме. Се надевам дека нема да ја утнам нијансата...
Дали е пудрава за младешка кожа поточно дали смее да се користи на неа???? Мама ми ја препорача и ми вели дека била многу добра и за кожата
Јас ја користам Мејбилајн Дрим Мат Мусс , за мрсно лице е, мене ми е прекрасна. Кој има мрсно лице нека ја користи нема да погреши.
Како стојат со покривност течните пудри на римел? Ми треба пудра до 350-400 денари (ако воопшто има) за мрсна- кобинирана кожа да покрива црвенило и темни кругови околу очите. Во план ми беше велвет тач но 600 денари не сум во можност сега па предлози? И да не биде менхетанот во црната туба или некоја на импала или голден роуз...
Тие горе се тестери, пудрата е таа долу. Сите другарки кои ја имале ја фалат премногу. Огромна разлика имале во споредба со другите пудри. Имаш избор на нијанси, лесно се нанесува, многу е прекривна, го прави лицето да изгледа како стакло... Ама најубаво е да си пробаш тестер, зошто кога има тестер да не пробаш? Секако е поскапа, а и да не згрешиш со нијансата. (зошто некои пудри по некоја минута стануваат малку потемни, а мислам дека и оваа е таква)