Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Течна пудра за лице

Дискусија во 'Лице' започната од angel, 23 ноември 2009.

  1. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Рецензија за Bourjois 123 perfect foundation
    [​IMG]
    Периодов пробав неколку производи на Буржоа и сите до еден катастрофа., освен камената хелти баланс која ја имам од порано и освен што и утнав нијанса се погоди ептен. Е ама периодов значи неќе љубов со Буржоа да ни тргне и неќе. Дојдов на темава да ја мрчам пудрава која изгледа само мене не ме сака.

    Позитивно:


    - Не мрда од лице 7, 8 часа сигурно за повеќе незнам.
    - 100% мат финиш што прв пат ми се случи после неколку часа да не ми светне носот и воопшто цело лице. Имам комбинирана кожа (нормална кон мрсна). Многу повеќе ќе одговара на луѓе со мрсна кожа.
    - текстурата ми е иделана ни прегуста ни претечна
    - пакувањето не е најпогодно за патувања поради стакленото шише кое мене ми се допаѓа и тоа што има пумпица

    Негативно:

    - Ја земав најсветлата нијанса бр. 51 light vanila која врска си нема бојата во шишето од онаа што ја пробав на тестер. Кога ја пробав на тестер нијансата ептен ми одговараше, се слеа со мојата кожа, абе милана ептен се израдував дека и онака поретко наоѓам касперски нијанси за мојов мртовечки тен. Е ама ко ја шлапнав дома на лице имаше огромна разлика од бојата на вратот, ко некоја шкартлива крема за самопотемнување да сум стаила на фаца.
    - Има некој старшно изразен жуто-потокалов подтон. :puke: Нема да му ја заборавам реакцијата и коментарот на татко ми ко ме виде "Сине што си у тоа фацата ко жолтица да имаш?!" :rofl: (дали да плачам или да се смеам) Да ви доловам слликовито се сликав.
    На ракава изгледа посветло, ама кога ќе ставам убаво на лице е потемна од ова на сликата.
    - Да се допреш ќе ти остане пудра на раката, а не па некој да гушнеш или зимно време шалот и јакната има лом да се направат.
    - Покривност, нула. Луѓе уште пред да ја купам знаев дека има слаба покривност тоа и го очекував ама дека баш нема апсолутно ништо да покрие е тоа не очекував, а да напоменам дека лицево моментално ми е прилично чисто.
    - Дава грозен прашкаст изглед кој ама ич не го љубам, ко некој брашно да ми дувнал у фаца. Сакам лицето да ми изгледа мазно, природно и свежо ама за жал ништо од ова.
    - Врв на се е што така генијално истакнува брчки и сите можни недостатоци дури и они кои не сум ги приметувала. Ме направи ко 10, 15 години плус да имам. :envy: Сега знам во што да се маскирам за 1 април, во баба.
    - Обично Боржуа имаат убави мириси на пудрите ама не и во случај со оваа пудра.
    - Редовна цена од 820 ден -/+

    Резултатот е подвижна катасрофа! :@ За на слики незнам како изгледа се немам сликано со неа ама во секој случај јас не сум ви меродавна за тоа пошто речиси секогаш си изпаѓам креч бела на слики и избегнувам и не љубам да се сликам.

    Бидејќи грев е да ја подарам на некој па да не седи така по дома почнав со кремата за лице да ја мешам и заличе ко што треба. Нијансата доста се ублажи, не изгледа прашкасто не баш wow ама дава доста солиден пристоен изглед, истакнувањето на недостатоците и правење на баба изглед речиси и го снемува, чак и покривноста од 0 порасна на 1 што се изненадив, а мат финишот си останува и покрај тоа што ја мешам со крема. :up: Пудрава не би ја купила повеќе кај нас, а ако имам прилика во странство би и дала шанса пак.

    Цена 620 ден за среќа на попуст иначе ко што бев лута и бесна ќе им ја треснев од глава пудрава. Ова е недозволиво за парфимерија ко Шатци едно да ти презентира на тестер, а да подметнува ѓубре и тоа за бреднд кој не е ни малку ефтин. Немам пари за фрлање, вака со сигурност се губат муштерии.
     

    Прикачени фајлови:

    • Picture4.jpg
      Picture4.jpg
      Големина на фајлот:
      29,6 KB
      Прегледи:
      621
    На Sanjichka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Силвер, морам да те поправам, тоа горе не се тестери. Пудрите, впрочем како и сите производи, се произведуваат со различни амбалажи, па понекогаш дури и различен состав во зависност од пазарот каде што се пласираат. Кај нас е присутна втората верзија на пудрата, таа долната. Овие горните можат да се најдат во продажба во многу европски земји, едноставно во друга амбалажа се :)

    И Ревлонот има различна амбалажа кај нас и во странство :)
     
  3. feminka33

    feminka33 Активен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    0
    Јас Јанг дерм си користам и сушер ми е :)
     
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Јас ја користам, многу сум задоволна и прикривна е, само треба да си погодиш нијанса. Јас имам комбинирана кожа. Дефинитивно не би ја менувала, пред неа сменив многу пудри оваа ептен ми се погоди.
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    И јас ја користам оваа пудра и сум премногу задоволна од неа.Ја користам нијансата natural beige и мислам дека таа најмногу одговара за сите.Консултант сум на орифламе и оваа нијанса ми е најмногу порачувана.но сепак зависи од твојата кожа.
     
  6. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Јас ја имам Super stay одлична е покривна само што јас имам нормална до комбинирана кожа каква што и е намената незнам на сува како би стоела.
     
    На swrcii му/ѝ се допаѓа ова.
  7. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Може прашањето не е за тука, но пред некој ден од пудрата истече капка вода, у мисла ме остави од што би можело да биде ?
     
  8. mona22

    mona22 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    684
    Допаѓања:
    1.858
    веке 2 години користам од севантин тајм и супер ми е на лицето
     
  9. Alison.Di

    Alison.Di Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Моментално ја користам оваа пудра, супер е покрива доста добро и не ми прави акни и мозолчиња воопшто... лесно се отсранува од лицето за ралика од др пудри .. и има пријатен мирис.
     

    Прикачени фајлови:

    • images.jpg
      images.jpg
      Големина на фајлот:
      5,4 KB
      Прегледи:
      239
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    Ја има ли некоја користено оваа пудра за лице? Баш ја гледав пред некој ден, прилично со нормална цена ама јас имам сува и осетлива кожа а на неа не пишува за каков тип на кожа е, веројатно одговара на секаков тип. Пробав на рака од тестерот ми се виде дека доста убаво размачкува и се впива лесно.
     

    Прикачени фајлови:

  11. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.870
    Допаѓања:
    5.208
    Пол:
    Женски
    Jeny мене ми беше преубава, убаво се впива и покривна е. Само нијансите не ми одговараат, дури и најсветлата ми е темна :(
     
  12. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Конкретно оваа пудра може да ја користат и таа со сува кожа, но јас мислам дека пудрите од Есенс се поприкладни за тие со нормална и мрсна кожа, а не со сува...
    Имаш тема за Есенс, таму повеќе можеш да си прочиташ.
     
  13. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    Јас ја користам оваа веке извесен период.Мене ми се допага доста е покривна и трае долго време. Имам комбинирана накај мрсна кожа и добро му прија на моето лице.Особено ми се допага што има убав мирис а и не е со астрономска цена.
     
  14. iloveugirl

    iloveugirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    217
    Се двоумам меѓу овие:
    1. Maybelline SuperStay 24 h
    [​IMG]
    2. Seventeen Natural Velvet
    [​IMG]

    Која од овие покрива совршено црвенило и темни кругови околу очите и пеги и слични недостатоци на лицето? Инаку имам комбинирана кожа.
     
  15. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Кажав некое мислење поназад оваа од Мејбилајн мене ми е совршена, попокривна пудра сум немала, ама ова дека 24 часа стеј не е точно :) Исто и јас имам комбинирана кожа. А за севентин не сум компетентна да кажам ја немам користено. :)
     
  16. Markusa2

    Markusa2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    380
    Која е подобра Bourjous Healthy mix serum или Bourjois Healthy Mix Foundation??
    Имам многу сува кожа.
    Еднаш пробав една од овие ама незнам која само знам дека имаше црвено капаче и беше нијанса 52.
    Супер ми стоеше, мазно, свиленкасто, би сакала да ја земам.
     
  17. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Два,три збора за Maybelline The Eraser?
     
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.345
    Пол:
    Женски
    Со црвеното капаче е серумот, а пудрата има црно капаче и е во пластична амбалажа.
    Според мене пудрата е нешто попокривна, но навистина нема да погрешиш која и да ја земеш - и двете се наменети за сува кожа и ќе ти одговараат.

    Не е за толку млада кожа, така да, не се залетувај за неа. Барај си некоја друга. :)
     
    На SweetChild и Markusa2 им се допаѓа ова.
  19. BlackMarket

    BlackMarket Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    266
    Добри 2 саати потрошив во читање на темава, па сега да го поставам прашањето. Која пудра би ми ја препорачале за комбинирана кожа? Сакам да е со мат финиш и голема покривност. Не сакам да е паштетеста. Од се што прочитав, највеќе впечаток ми оставија Ревлон колорстеј и Максфактор Фејсфинити. Ако имате некој подобар предлог, ве молам за мислење. :$ Во можност сум да потрошам до 800 ден. Благодарам :)
     
  20. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.630
    Допаѓања:
    106.635
    Пол:
    Женски

    Јас оваа би ти ја препорачала Буржуа flower perfection, не е паштетеста, има мат финиш и голема покривост. И е за комбинирана и мрсна кожа :)
    [​IMG]
     
    На BlackMarket му/ѝ се допаѓа ова.