Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Течна пудра за лице

Дискусија во 'Лице' започната од angel, 23 ноември 2009.

  1. MejkApGirl

    MejkApGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    58
    По темава ко што читав, а и на јутјуб е истата шема, овие се најкористени и сакам ваше мислење за:
    1. L'oreal true match
    [​IMG]
    2. Revlon colorstay normal to dry
    [​IMG]
    3. Bourjois flower perfection
    [​IMG]
    Имам сува кожа, со лишаи.
    Мислам дека и триве се доста покривни, но сеуште не ми е јасно во однос на типот на кожата како се однесуваат, И во однос на SPF-от, мислам дека само оваа на лореал нема заштитен фактор, па ме интересираше како се однесуваат во слики. Фала однапред :*
     
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.630
    Допаѓања:
    106.633
    Пол:
    Женски

    Пудрата на Буржуа е со мат финиш и не е за сува кожа
     
  3. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    305
    Исто и Лореалот не е за сува кожа,со лесна структура,но мат.
     
  4. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Ако правам споредба помеѓу Ревлонот и Флауер Перфекшн ,за мене втората е едно 5 класи подобра.Не викам дека не бев задоволна од Ревлонот,ама Боржуа многу подобро ми легна на кожа.Ми трае и после 12 саати,како да сум ја ставила пред 5 минути.Единствена пудра од која не ми свети т-зоната после 3-4 саати и терам цел ден и тоа без камена пудра.На слики испаѓа супер,не го дава тој блед изглед како што е случајот со Ревлонот.Мислам дека моментално е најдобрата пудра за комбинирана кожа,така да кој се мисли слободно нека ја купи,нема да згреши :)
     
  5. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.742
    Допаѓања:
    11.131
    Пол:
    Женски
    Девојки ги читав вашите коментари за Seventeen natural velvet,гледам позитивни коментари, имам комбинирана кожа, за денски дали е убава да не е многу тешка и многу да се познава на лицето, да не изгледа како паштета сакам некоја поприродна да делува за денски да не е вештачки ептен на лице . Дали е многу потешка од Боржуа 123, Боржуа супер е, не е воопшто тешка ама јас со нијансите неможам да се погодам или ми е светла или на розево ми мава :?:
     
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.345
    Пол:
    Женски
    Полесна е Велветот од Боржуа каде-каде. Многу полесна структура има, но и доволно е покривна. Не се познава, природно делува, мислам дека според карактеристиките кои ги наведе - ќе ти се допадне, зашто всушност и таква пудра е каква што бараш. :)
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.596
    Пол:
    Женски
    Моментално користам пудра Малена 3ка. Мн е уба бидејќи ги покрива недостатоците и не му дава сјај на лицето, а исто така и долго трај. ;) :rofl:
     
  8. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    По неколкунеделно користење на Буржоа 123 Перфект, морам да си кажам што ми лежи на душа :D

    Толку многу е исфалена во темава, што дури и на сон бев убедена дека ќе се заљубам. Дури и јас ја пофалив тука, но по само неколкудневно користење. Ја имав пробано од тестер пред да ја купам и ми се виде ОК, ама сега, по одреден период, сфатив дека е една од полошите пудри што ги имам пробано :doh:

    Прво, покривноста и е нула, мислам дека дури и ББ кремата на Гарниер е попокривна. За 830 денари - очекував многу повеќе (јас на попуст ја купив, инаку регуларната цена е таа) :^) И далеку е од она што се тврди на шишенцето дека прекрива подочници, црвенило и не знам што. Нит прекрива, нит ништо. Но добро ајде, тоа и не ми е толку битно, зошто мене не ми треба голема покривност и онака.

    Второ, премногу е мат, пресува е и ми ги истакнува сувите делови на лицето, кои вака нормално воопшто ги немам (кожата ми е прилично масна). Кога ја имам ставено, имам чувство дека изгледам минимум 5 години постаро, а лицето ми е со суви делови и лушпи на одредени места, и покрај тоа што редовно нанесувам крема за лице пред пудрата.

    Трето, значи повторно - и покрај фактот што ставам прво крема, па пудра, пудрава ми се собира во порите и не изгледа убаво.

    Заклучок - никогаш не би ја купила 123 Перфект повторно, едноставно увидов дека не е за мене.

    Е, од друга страна, Flower Perfection е друга приказна :D Од неа сум презадоволна. Мат е, но сепак не е толку сува како Перфектот. Супер се размачкува, долго трае, не се собира во порите и не ми ги истакнува сувите делови на лицето :)
     
    На kiki4kablondy, A-j-a, Sanjichka007 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    ^ Точно, и мене на тестер 123 Перфект ми беше онака у реду, поготово затоа што беше испофалена за мрсна кожа - викам ќе ја земам, најверојатно нема што да изгубам. Првите денови ме држеше еуфорија, најверојатно на психичка база ме тераше да мислам дека е добра пудрата, шо знам. :^)

    Како и да е, не ми требаше долго за да сфатам дека со неа лицето ми изгледа крааајно згрутчено, постаро, некако не младешки и неживо. :worried: Дефинитивно е помат од flower перфекшн-от, оваа некако како зрнца дури ми остава.
     
    На A-j-a, Sanjichka007 и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  10. iloveugirl

    iloveugirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    217
    Јас да се пофалам :|
    Повторна си ја купив менхетан во црната туба. Всушност појдов по натурал велветот или мејбилајн 24 часовната. НО, натурал велветот по толку многу пофалби мене не ми се погоди на носот. Веднаш по нанесувањето почна да се лупи o.O тоа е знак дека на носто кожата ми е помрсна или пак оваа пудра не е наменета за толку мрсна кожа.
    А чудно нешто.. Кожата на носот па и на челото ми е значително помрсна од онаа на образите. Кожата на образите ми е црвена и сува :o Каква комбинација -.-
    А онаа на мејбилајнот добра беше но незнам некако сакав да играм на сигурно, на испробано веќе бидејќи не сум во можност за купување и испробување на нови пудри.
    Беше малку помалку покривна од оваа на менхетанот. Но нареден пат ја земам или флауер перфекшн на буржуа или оваа мејбилајн 24 часовната
     
  11. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Многу полесна, помладалачка е Севентин. Многу лесно се нанесува, убаво го прави лицето, и ако зачиташ ќе видиш дека сите на почетокот ја користевме неа. Порано беше хит, ама за помлади, а посебно за комбинирана кожа е супер. И цената е прифатлива. Само погоди ја нијансата.

    ***********************************************************************
    Фловер перфекшн 123 и јас ја пробав и се чудев како толку ја фалевте. Мене многу ми е пресува, многу ми го прави лицето старо. Кога ја користев, тие неколку дена се чувствував како 5 години постара. Иначе супер ја матира, за тие што сакаат таква пудра.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ANGEL1

    ANGEL1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Девојче, Флауер перфекшн е една пудра а 123 Перфект е друга пудра на Боржуа, изјасни се подобро која не ти се допаднала.
     
  13. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Деојки никако да ја најдам соодветната пудра, или дека поретко користам пудра па можеби затоа. Претходно имав една пудра на лореал, извесно време ми беше ок, но потоа почна да ми се лупи носот, кога ќе ја нанесев лицево ми изгледаше суво. Потоа зедов една од авон но и таа не ми се погоди нешто. На зима ми се лупеше носот и челото.
    Препорачајте ми некоја која нема да ми го суши лицето, и некоја полесна бидејќи немам проблеми со, акни , флеки и сл.
     
  14. ANGEL1

    ANGEL1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Савана, мислам дека оваа најубаво ќе ти се погоди. Разгледај по интернетов искуства, мислам ќе бидеш многу задоволна
     

    Прикачени фајлови:

    • healthy mix.jpg
      healthy mix.jpg
      Големина на фајлот:
      3,8 KB
      Прегледи:
      459
  15. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Не можам да ја видам сликата
     
  16. ANGEL1

    ANGEL1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Ете ја редактирав, сега е ок . Sorry :) Еве уште една
     

    Прикачени фајлови:

    • seventeen.jpg
      seventeen.jpg
      Големина на фајлот:
      28,4 KB
      Прегледи:
      438
    На savana му/ѝ се допаѓа ова.
  17. M.laDy

    M.laDy Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    798
    Пол:
    Женски
    Пред некое време прашував за Боржуа пудрите, иако слушав пофалби јас ќе помрчам малку. Значи зедов тестер од flower perfection и кога се намачкав ужас, кожата не ми ја впиваше пудрата, после некое време светнав цела (имам мн мрсна кожа) и плус кога ќе се допрев со раката на лице, прстите лом :( Истото ми се случуваше и со Виши дермабленд, значи пудрата преубо покрива ама не ми одговара на лицето.
    Долго време ја користам Ревлон, ама ми ја расипаа и сега сум во потрага по добро прекривна пудра. Ќе ве замолам некоја препорака само да не е од Боржуа зашто дефинитивно не ми одговара :)
    Сакам и некое мислење за тие што ја имаат користено Лореал на предходниве страници што ја имаат постирано. Одамна ја имам користено амаимам заборавено каква беше :D
     
  18. ANGEL1

    ANGEL1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Пак јас да кажам :) лореал ја имам користено само оваа и ако имаш многу мрсна кожа мислам дека нема да ти се погоди. Нека си кажат и другите искуства. Јас имам лице подложно на акни ама во тој период кога ја користев немав многу проблеми и убава ми беше. Ама лицето мене не ми е мрсно. Инаку ми се допадна што порите ми ги прекриваше и некако убаво ми го измазнуваше лицето. Премногу покривна не е, ама дава убав здрав сјај. Но за кожа како твојата што ја опиша, мислам дека нема да ти се погоди. и заборавив да кажам брзо се бриши не трае нмогу долго на кожа. Шишенцето го потрошив многу побрзо за разлика од другите пудри.
     

    Прикачени фајлови:

    • L'OREAL.jpg
      L'OREAL.jpg
      Големина на фајлот:
      3,2 KB
      Прегледи:
      355
    На M.laDy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    ^^ Ууу, тру меч на Лореал не е дефинитивно за мрсна кожа!
    Јас сум од таа категорија, оваа на Лореал страшно многу не ми се погодуваше. Т-зона, обравчиња и слични делови одма ми светнуваат, како лампионче! :lol:

    Пробај ја на Севентин - натурал велвет, покрај Ревлонот и Буржуа пудрите за мрсна, оваа мене ми е во редовите на една од подобрите пудри за мрсна кожа. За 10-че е! Ако најдеш тестерче од пудрава, пробај ја, и чекам баш да пишеш како ти се има погодено.

    [​IMG]
     
    На M.laDy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Јас ја зедов црната на Менхетен по долго двоумење дали да дадам речиси дупло пари за Буржуа или нешто слично :D И сега извештај, секако за да му се најде на некој со смотана кожа ко мојава :D . Ја имам некаде скоро месец, а имам ставено само три пати, некаде еднаш неделно ми се фаќа, и од мене добива оцена 9 од 10. Значи, за мене е и повеќе од покривна, ми ги средува проширените пори, а не ми се полнат внатре па да ги копам откако ќе ја отстранам пудрата, ја тестирав 9 часа( на свадба бев) со возење, играње, бришење пот од чело :D , па ветер, и освен растечениот туш за очи(ете ми сега нова тема :D ) друго немаше ништо поместено од моево лице. Е едно оценче помалце е само заради што е потешка пудра, не е за честа употреба, зашто имам претчуство дека нема да ми прија на лицево, посебно делот околу и на носот, тука едноставно сум секогаш проблем, ама па и за профи шминкач :rofl: ко мене од новина на погибел, знам дека со добра хидратација односно подлога за сите поважни настани ќе си имам добро пријателче :)
    Туку, за нијансите, ја зедов 80ката, а дури и се скарав со продавачката зашто упорно ми ја тутнуваше во раце 82ката, ама не бре, едно е ко ќе ме видиш, друго е ко ќе намачкам, со 82ката бев ко со крема за самопотемнување шлакната :?: И пак неверувајте дека имам една и единствена врста на смотано лице :D
     
    На Sexybaby86 му/ѝ се допаѓа ова.