За оние кои ја користат оваа пудра на Мејбилин, која патем е погодна за сува до нормална кожа, има интересна акција во Космо. Целиот сет е супер, мене руменилото многу ми прави ќеф, а и за 930 денари е богами исплатлива варијанта зашто и не им се баш ниски цените на производите одделно.
* Не можам да редактирам, а открив уште поубава акција за која зa жал не можев да најдам слика на Фезбук, но ја има во каталогот. Акцијата е на Лореал, чини 1379 ден. и внатре имате од онаа пудрата со белото капаче - true match, Спојлер некоја си маскара за волумен х4 која изгледа вака После имате од руменилото кое патем го пробав и е препрепреубаво и имаше уште доста работи, мислам моливче некое, сјај и несесер. Не да се исплаќа - одделно за сите овие продукти 2 ипол илјадарки не ви бегаат, па оние кои си имаат симпатии кон фирмава и моментално залихите им се при крај - бујрум. А, убава пудра за комбинирана-мрсна кожа и тоа пак вака на убава понуда исто од Мејбилин, имате ваква варијанта.
да ми препорачате некоја пудра која би ми го сокрила црвенилото на лицето односно на носот. Ја користев и на буржоа и на лореал, но не ми се покрива црвенилото.
Црвенилото не се покрива со ниту една пудра, за него ќе си купиш зелен коректор, ќе го нанесуваш пред да ставиш од течната пудра и тој ќе го неутрализира црвенилото.
Јас користев, додуша и сеуште ја користам оваа пудра на Севентин и бев задоволна од неа, повеќе од 5 години. Не дека сега веќе не сум, но некако како лицето да ми бара промена.А и логички е кожа и лице на 25 години не ќе иста со 30 години. Би сакала да ми препорачате некоја пудра, со мат ефект- (не сакам да блескам ко масло да сум се намачкала) и да е убаво покривна но и не премногу густа. Нејќам да сум бела од неа. Лицето ми е во глобала чисто, и ми е комбинирано суво- мрсно но и двете карактеристики се умерени. Цена- па давам до 500 денари максимум. Помош?
После долгата потрага по пудра зедов макс фактор 3 во 1 Ја имав и претходно користено, само си ја згрешив нијансата и бев како дух. Сега си ја зедов 75-ката и во комбинација со малку камена пудра издржува на моево лице . А бидејќи реков и дека ќе ја пробам севентин по препорака на anabel-a, ќе ја пробам но кога ќе појдам Ск, бидејќи во моево градче за жал неможев да најдам тестер од нејзе. Ах, уште жалам по старата добра ревлон, што ли им требаше да ја расипат
^ А зошто велите дека ја расипале Ревлонот, јас ја гледав истата е како што си беше, или си ја има задржано старата амбалажа?
Порано ревлолон беше 16 часовна, а од пред една година е 24 часовна и највероватно составот и е сменет малку а инаку шишенцето е исто само наместо црни букви сега е со бели, потечна е и ја нема таа покривност како ја имаше порано, почудна е некако а за трајноста немам збор. И јас и другарка ми ја користевме и на двете ни беше изменета некако.
Девојки, Севентин имаат нова пудра, нова верзија на Велветот и наводно со подобрена формула. Сега се вика MATТ + и си пишува дека е погодна за комбинирана и мрсна кожа. Мене ми е следна за тестирање, не знам ниту цена ниту бутур, но си обезбедив тестерче и треба да ме известат кога да одам да си го земам. Можеби ќе ја сменам Bourjois ако оваа ми е нешто подобра, иако не верувам толку лесно да се одделам од мојата омилена пудра за век и векови.
Мишела, немој вакви информации, знаеш дека не можам да одолеам на козметички новитети, се' морам да пробам Ќе ја истестирам и оваа, само да ја најдам, нема да останам подолу Велветот одамна ја имам користено и ми беше убава, ама си ја имав утнато нијансата, па и' ја дадов тогаш на мајка ми Па штом таа добра ми беше, не се сомневам дека и оваа ќе ми биде Во Космо да не ја има веќе?
Викендов јас направив една генералка во Космо , кај нас уште не беше стигната, ама ништо чудно низ Скопје да ја има веќе. Ај ќе тркнам утре после факултет, па ќе пишам. Мене ми мириса дека ќе биде супер пудрава, само да не ја истопорат цената.
Мишело значи стварно доста (ова на шала, ама стварно доста ) Јас денес правев чистка во шминките и сфатив дека добра особина ми е што сепак не давам повеќе од 550-600 денари за пудра Демек и оваа сума мала, тргнав четири пудри, од кои сум ставила по двапати, не ми одговарале, не сум ги бендисала, и ене ги ми е грев да ги фрлам Па и шо сум крива кога тестер освен оние валканите разводнети и престари по парфимерии во Прилеп други нема. НЕМА! а демек јаки, опремени И таа една што вредеш, а е отворена тек година две, си доби пломба од УЈП Нема правда, повеќе пудри не купувам Дур не купам
Ја земав Seventeen Natural Velvet, исто како кремичка за лице е , многу е лесна, како ништо да немам на лице дури полесна и од Буржуа, не покрива кој знае колку ама не ми треба за покривање, добро е што не е мат, си има сјај лицето, е сега за издржливост не знам како ќе се покаже. Ја земав бр. 7 и се изненадив малце пак ми е светла , со нијанси сум ептен тешка, ама добро не се приметува до толку разликата, на раката ми стоеше како потемна. За топли денови мислам дека не би одговарала, јас имам комбинирана кожа па после 4 часа светнав малце или пак подлогата не ми одговараше на пудрата. Во секој случај солидна пудра е, кога ја избришав лицето ми беше меко и свежо, и додека стои на лице не осеќам сувост и дехидрираност. И да, најважно не ми предизвика несакани реакции да исфрлам акни, ниту пак да ги оцртува сите линии на лицето како да си 10 години постар. Мишелке ме превари таман сакав да кажам дека има нова од оваа марка, продавачката ми кажа дека била многу мат, оваа е за тие со мрсна кожа, мене не би ми одговарала, мислам дека ќе ми го суши лицето, а и мразам кога лицето го чувствувам суво и дехидрирано. Мислам дека беше околу 600 ден. но секогаш овде се поевтини пудрите за разлика од Скопје, Велветот ја земав 570 ден.
Леле и мене ми се случи иство со 123 Перфект, значи првите 3 ставања ми беше ок,(и јас ја пофалив на форумот) но после тоа се разочарав,ништо не покрива и како што пишала феминката погоре на постот ги истакнува сувите делови на лицето, ептен се разочарав а толку е фалена на форумов. Сеа ја купив на Seventin Natural Velvet и каде каде е подобра од таа. Има нормална покривност и многу природно изгледа лицето. Да ја потрошам оваа па сакам да ја пробам новата на Seventin Matt + ја видов во списанието Космо. Ако има некој искуство нека пише да знаеме.
И вие не знаете што сакате. Што, страв ли ви беше да си кажете дека 123 е лоша пудра затоа што многу ја испофалија како врв на пудрите па да не испадне дека не се разбирате во пудри. Да не кажеше Аја лош збор за пудрава уште ќе ја фалевте како најдобра пудра што некогаш сте ја имале.
Какви Боржуа какви глупости, јас сум си прееезадоволна од Менхетен Моментално ја имам оваа за сите типови кожа е (мојата е нормална кожа, мазничка без акни и флеки и немам никаков проблем фала му на бога) Али ја препорачувам на сите, супер покрива, не е тешка а сепак имате мазен финиш на лиценцата И да, не е скапа, некаде 400 денари е зависи од кај ќе ја купите... 123 е лоша до немај каде, на мене ми се собираше по лицето, па и лиши ми се појавија малку и веднаш во канта отиде
Најдобрата пудра Сум пробала секакви пудри, од Dior и Lancome до Gosh и Manhattan, но Panstick од Max Factor е незаменлив. Некаде имам прочитано дека е најдолго произведуваната пудра, на пазарот е уште од 70-те години.
Јас ги потрошив залихите што си ги донесов од Америка и сега немам пудра за секој ден. Инаку ја користев оваа и презадоволна сум. Прашањето ми е дали ја има кај нас, не сум шетала одамна низ наши пармеферии а сакам да ја купам, па дали ја има некаде ако знае некој, цената не е битна ? Знам има козметика на Неутрогена , ама пудра не сум забележала? Ми треба и течната и минералната.