Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Течна пудра за лице

Дискусија во 'Лице' започната од angel, 23 ноември 2009.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.004
    Допаѓања:
    81.342
    Пол:
    Женски
    Одговара за сува кожа, но мислам дека беше наменета за зрела кожа, не за млада.
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  2. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.638
    Допаѓања:
    35.277
    Пол:
    Женски
    ^
    Фала ти на одговорот. За годините мислам таман ќе биде. 38 имам :)
    Јас во моментов ја корситам healthy mix, супер ми одговара на лицево, арно ама тоа жолтиот подтон никако не ми одговара. Дали сите нијанси им се со таков подтон, или јас не успеав да најдам?
    4-5 години поминаа откако последен пат користев max factor, нивните нијанси беа накај розеникави, или се лажам?
     
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.004
    Допаѓања:
    81.342
    Пол:
    Женски
    Да, тоа и јас го имам приметено општо кај сите пудри на Боржуа, сите се со жолт подтон.
    Мене таквите ми одговараат па не ми е проблем, но не се добар избор нели за оние на кои им одговараат пудри со розов подтон.
    Од тоа што сум користела, Лореал и Макс Фактор биле океј, но поконкретно би можела да кажам за розевите нијанси на пудрите на Лореал зашто одамна не сум користела Макс Фактор. :)
    Муабетот ми беше - има избор, штом ти одговара пудрава, одбери си нијанса и немаш гајле.
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Ако ти одговара оваа пудра, која патем има многу сува текстура дури и прашкаста би рекла тогаш можеби и не ти е толку суво лицето како што мислиш. Не за друго, некој со стварно суво лице ќе ја купи па ќе си го исуши уште толку лицето и нема да може да ја размачка. И како што кажав, сите мат пудри се наменети за мрсна кожа.
     
    На senza.parole и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  5. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Лореалов е пудра за апла мрсна кожа. Ја имам пробано и не е течна структурата, туку е баш прашкаста, многу попрашкаста од црната Менхетен, на пример, која е за ептен мрсна кожа. Мене Лореалот ми беше пресува дури и за мојата многу мрсна кожа, така што...

    Тебе можеби ти одговара, но сигурно немаш сува кожа, или користиш добар хидратантен крем под пудрата, друго објаснување немам. Како и да е, не би ја препорачала за сува кожа ни во лудило.
     
  6. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Некаде на почетоков на темава прочитав дека козметиката на Макс Фактор содржела олово, па некако ги отфрлив тие пудри во глава кај мене, иако не знам тоа дали е точна оваа информација.
    Некое друго мислење по моето прашање? Мишела? :^)
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.004
    Допаѓања:
    81.342
    Пол:
    Женски
    ^ Не знам колку е точно колку не, но и јас имам слушано и читано вакви муабети дека нивните пудри содржеле олово во составот и затоа толку оксидирале. Онаа пудра која ја користев навистина многу оксидираше и од тогаш избегнувам нивна козметика. Не ми прават ќеф воопшто, дали дека не сум пронашла нешто што ми одговара - не знам. :)
     
  8. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    А која пудра би ми ја препорачала за секојдневно користење за комбинирана кожа?
    Имам прашано на претходната страница, ако можеш да ми одговориш да не се повторувам во постовите.
    Благодарам ;)
     
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.004
    Допаѓања:
    81.342
    Пол:
    Женски
    И двете кои си ги одбрала се добри за комбинирана кожа, но имај предвид дека онаа на Менхетн е малку потешка од другата, т.е. има поинаква структура и не е така течна како да ги наречам класичните пудри.
    Менхетн е многу попокривна од Боржуа, но јас лично имам мрсна кожа и ми беше претешка за секојдневна употреба.
    И двете се трајни, ја држат кожата мат долго време, но треба да си ги пробаш на лице за да видиш која како ќе ти лежи.
    Не знам дали знаеш, но и разликата во цените им е доста голема - Менхетнот е 450, а оваа другава 850.
     
  10. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    ^ А дали акцијата во Шатци трае и овој месец на пудрите на Боржуа, каде цената им е околу 620денари ако не се лажам? Така ми се чини помала разликата во цена, а и јас сум некако повеќе за Боржуа бидејќи прочитав и претходно дека Менхетн е потешка пудра како за секој ден
     
  11. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.780
    Допаѓања:
    24.006
    Пол:
    Женски
    ^^

    Да, уште трае акцијата на Bourjois пудрите. Барем во Cosmo е така.
    Инаку, за оние кои ја сакаат црната мат на Менхетен во Зегин е многу поевтина, ми се чини 370-380 ден. беше. Во секој случај таму е најевтина ми се чини.

    Црната мат на Менхетен е ооодлична пудра, ама мене ми е исклучиво за вечерно излегување.
     
    На kate21, Sexybaby86, simoncelicius и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Не знам, може да е до подлогата. Баш бидејќи лицето (освен Т-зоната) ми е суво и дури пече ако не ставам крема, ми се нема случено да ставам пудра без подлога. За спредба Буржоа не ми пријаше, како ни Max Factor (тие ми го сушат лицето и без оглед на подлогата делува како да се перута). Следен пат кога ќе решам да се частам ќе биде [​IMG]
    Ја користев две години и феноменална ми беше, ама цените на Clinique кај нас се безобразни, па ќе мора пак од Грција да ја земам.
     
    На Sexybaby86 и mims-89 им се допаѓа ова.
  13. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Во Шатци во Бисер е на акција и е 350 денари. Мене ми е одлична и за дневно излегување,ама и најсветлата нијанса ми е темна,па морам да ја замешувам со некоја друга и си го губам ефектот.
     
  14. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Малку се зачудив кога ја прочитав информацијата дека во козметиката на Max Factor е пронајдено олово. :o Па решив малку да поистражувам на таа тема. Инаку олово е пронајдено во фалсификувани производи кои се продаваат online по пониски цени, а не во оригиналните. Внимавајте пудрите да бидат затворени со protection cap и за нашиот пазар се made in Ireland. Поздрав :hai:


    http://www.dailymail.co.uk/femail/artic ... nters.html
     
    На anabel-a и mims-89 им се допаѓа ова.
  15. Babylon

    Babylon Активен член

    Се зачлени на:
    30 август 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    21
    И јас тука првпат прочитав за пудрата и читав нешто на интернет. Инаку, имам прочитано за штетни состојки во кармини од различни марки. Јас досега сум немала проблеми со оваа пудра, а и да, се продаваат со заштитната обвивка што ја спомна.
     
  16. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Јас си зедов тестер од Bourjois Flower Perfection бр.53 и сум презадоволна, пудрата е лесна, мат, за мене доволно покривна и лицето го чувствувам како да немам пудра ставено.
    Многу ми се допаѓа, мислам дека го направив вистинскиот избор. :)
     
  17. BlackMarket

    BlackMarket Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    266
    Вистинскиот избор на тестер? :D Инаку да, ја има другарка ми, супер е пудрата.


    П.С. Во Космо има акција на Loreal Infallible од 820 денари намалена е на 666 :)
     
  18. MilanoRedHead

    MilanoRedHead Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2012
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    20
    Девојки, ве молам за препорака на некоја ептен лесничка ама нијансирана ( да не бидам како зебра во ликот) пудра, за преку ден....ама да дава убав сјај на лицето, а не цименто :$
     
  19. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.869
    Допаѓања:
    5.207
    Пол:
    Женски
    Земи BB крема :)
     
  20. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.628
    Допаѓања:
    106.619
    Пол:
    Женски

    Во врска со пудрата Клиник, ако некоја оди во Гр до 26 месецов има понуда во продавниците Сефора, ако го дадеш старото или недотрошено пакување пудра, која и да е марка,можеш да земеш пудра Клиник за 15 евра.
    [​IMG]