Вистинскиот избор на пудра, не знам што е смешно. Значи ако пудрата е добра како и тестерот, задоволна сум со изборот што сум го направила. Тоа е тоа. Во претходните постови ако си прочитала се двоумев меѓу Менхетн и Bourjois Flower Perfection, бидејќи Менхетн ја имам пробано еднаш од кај една другарка, немав потреба од тестер.
Девојки предлог за камена пудра за нормална до комбинирана кожа, не сакам многу да се познава само кога сум подолго излезена да не ми избива мрсниот сјај, сега да не е некоја што за 2,3 часа се собира во порите или исчезнува, или да го дава оној премногу сув и прашкаст изглед не сакам. Која дава најприроден изглед, гледам ја фалите на Римел мислам беше, ама ако има некоја подобра Боржуа, Менхетен предложете, во врска со камените пудри сум тапа никогаш немам користено
Bourjois Healthy Mix balance е предобра и ги има баш оние карактеристики кои опиша дека ги сакаш. Само не знам колку пари чини зашто одамна не сум ја купила, ама сигурно не е испод 500 денари.
Каква ми препорачуваш? имам светла кожа (не многу,онака,не сум темна,калеша да кажеш,туку светло ми е лицето но сепак не скандинавско светло ) јас ја купив на балеа еднаш и се за-бав за цел живот..баш ко зебра бев,ко флеки да имам на фацата
Која е разликата помеѓу пудрите од Ingrid Cosmetics знам дека едната е 180 а другата 300 и нешто.. за овие пудри велам
Јас ги имам користено и двете така да можам да ти ги кажам разликите Втората e подолготрајна за разлика од првата, полесна е на кожа, се впива и изедначува со тенот и има СПФ . Првата е погуста и делува како паштета на лицето. Моја препорака: земи си ја втората, нема да се покаеш
^^ Мене ми ги носеше другарка од Прилеп (таму им е претставништвото за цела Македонија). Инаку јас имам сува кожа и со добра хидратантна крема одоздола ми беше супер. Но, сметам дека и за комбинирана кожа во комбинација со малку камена на т-зоната би одговарала.
Јас ја имав, по мое мислење е за помрсна кожа и за нормална. За сува не е. Јас имам сува и не ми одговараше. Иначе е многу покривна, мат е, не свети, нема некој посебен мирис за да ти пречи, долготрајна е.
Мене Буржоа 123 Перфектот ми е одвратна станата. Ни се впива ни бутурот што би рекле старине... Ми иде да ја фрлам во канта одма, али некако ме чешаат 800 денари. Ни нијансата ми е иста, нит текстурата нит ништо. Што се дешава не знам. Среќа имам уште од максфакторот инаку не знам што ќе правев. Ај пуштете некоја препорака за мрсна кожа, само да не е буржоа, доста ми беше од нивните пудри веќе..
^ Хипстер, јас се навлеков на онаа Wake me up или како и да беше на Rimmel. Нарачав преку другарка втора тура, па ако ти е при рака уште, неа да си ја користиш. Си имала право, многу добра пудра е, ама знаеш што нијанси имаат кај нас? Јас ја меркав во ДМ ама ниту тестери имаше ниту бутур. А како да приметив една така светличка што можеби би ми одговарала. Треба да проверам во секој случај. Јас си продолжувам да си ја користам Bourjois, мене ми е супер, ама не знам зошто секогаш кога ми е при крај шишенцето остатокот од пудрата е катастрофа. Многу ми оксидира и не ми е некако тоа тоа, како да не ми го дава истиот ефект кога ми е полно шишенцето, ете трето по ред е кое го празнам до крај и трет пат вака се случува. Секогаш кога ми е при крај пудрава се жалам дека не ми е доволно покривна, тоа сум го приметила. Ете денес ја отворив новата и нема мака, бледа е, не оксидира и покрива како што си беше. Се надевам нема да ме зае*е пак вака на крај зашто не ми се фрла воопшто. Нареден пат се мислам редно е да сменам веќе, па ако се одлучам ќе ја пробам онаа на Севентин новата. Од Велветот искрено и не сум така баш најзадоволна, се надевам дека оваа варијанта е подобрена.
^ За буржоа барем да оксидираше овој пат немаше да бидам бела како дух, за истата пудра која ми го правеше лицето стакло, сега сум одвратна, не знам, је менувам не ми е тоа тоа. Вејк ми ап е одлична и повеќе од тоа, ја видов у Јуник и во Космо беа само 4 нијанси, имаше и тестери ама претемни беа. Овие и се сите нијанси Кај нас нема ни една ајвори а тие се за светол тен, бежот мене ми е темна, барем јас не видов ајвори во Јуник и Космо, у Дм не ни загледав. Цените се тука со Асос, нема драстична разлика, освен кога ја емав со код на асос ми доаѓаше и испод 600 денари. Максфакторот идеал шејд ми е супер, можда и на таа да останам на крај,зашто ми се смачи веќе од менување на пудри, тешко се наоѓа асална за мрсна кожа,општо се што е мрсно тешко проаѓа у деношно време, за шампони да не ја збориме голготата
Жени бре, а не е Wake me up за нормална/сува кожа? И самото име кажува. Има glow ефект, а не мат. Си пишува и тука на сајтот, еве прочитајте. http://uk.rimmellondon.com/products/fac ... foundation Инаку мене ми фатија око овие мат пудри на Римел. Штета шо ги нема тука.
Нема таков глоунг ефект ко што мислиш ти, а и брзо се впива, така да не би рекла дека е за сува никако. За нормално да може, мене супер ми одговараше,и баш кога ја нарачував прв пат ја барав да ја прочитам и никаде не пишуваше стрикно за каква кожа е. Дава баш она убаво освежување не лицето, а има ако ситни светки ма да не се познаваат искрено кога ќе ја ставиш. И не мора да значи дека ако не е мат не одговара на мрсна кожа. Оваа е покремаста по текстура само, не е до толку сува ко некои па да ти ги оцртува сите пори на лицето, како што ми се случи со една друга баш наменета за мрсна кожа. Али па пробај тестер секако пред да ја земеш, мене првата ми ја подари другарка дека нејзе не одговараше нијансата па така и ја пробав пред да ја нарачам.
Наредна пудра што ја купувам е оваа, Хипстер мисли му ја ако не ми е ок се зезам, ќе ми одговара мислам, имам нормална кожа и гледам нема некоја тешка текстура пудрава. Само ме бунат нијансиве, на сликава ти што си ја ставила и на веб страната на Римел многу ми се различни - http://www.femina.mk/out/?id=1adecb9d23 ... foundation
Да нијансиве не стрaнава се малку лоши, т.е пресветли се направени, а баш сите натурал беж и ептен темна, за многу темен тенм а тука изгледа многу светло. У Јуник има точно 4 нијанси и у Космо исто, во Дм може има повеќе. Пробај на тестер, ајвори и тру ајвори се за светла кожа, мене другите сите ми се за темен тен, ама прилично темен. Мене најсветол факт ми е што мириса предобро. ама преубаво. И за да не фрлаш со камење по мене пробај ја, ма да лесна е да, не е ич тешка и нема потреба од филување како на торта на лице за да изгледаш океј. Покривноста е средна, ни голема ни мала, затоа и ми се свија зашто тоа и ми треба. Кај нас е околу 600 денари, така ми остана во памтење. Еве ти слика од тру ајвори, па види ти дали е розева како на сликава или баш накај природна боја на кожа удира повеќе. [attachment=0]photo (2).JPG[/attachment]
Хахха уживај срцка, преубаво ми звучи сигурно ќе биде лав ат фрст сајд Супер ми е тоа што не е тешка, мене ми треба за некој подочњак само, некогаш не ни ставам на цело лице. Ама има едне проблем, нијансите, исто и јас имам светол тен На сликата нијансата е супер за мене, но нели ги нема кај нас нијансиве, од кај си ја нашла ти?
ОД тука http://www.asos.com/Rimmel-London/Rimme ... turalbeige Бесплатен е шипингот, а и си има тема само за Асос у мода(ѕирни таму детали за да ти биде појасно) Али пробарај кај нас, да не чекаш 2 недели само за пудра, може и кај нас ја има, верувам дека ќе се најде некаде