После доооолги години, решив да купам камена пудра. Значи добри 10 години лицево нема видено ни К од камена Ја земав пред некои две недели Rimmel Stay Matte камената пудра - нијанса 005 Silky Beige. Се прашувам - зошто побогу порано не сум ја пробала пудрава? Ја читав низ темиве, и' се намерачив еден период да ја купам, ама ја заборавив Па случајно ја видов во Бисер (во Рима) по цена од 310 денари и ја земав (во Космо колку што сум запамтила од постовите тука е 322 или 323). Многу ми се допаѓа, дури до тој степен што почнав и да не ставам веќе течна пудра Си ставам крема сабајле, па коректор, па поминувам со голема четка од пудрава на лице и лицето ми е совршено. Ниту една пора не ми се познава, буквално Дава природен изглед и со течна пудра одоздола, а и нанесена самостојно. Не е тешка воопшто, не ни чувствувам дека имам нешто на лице. Плус, природна е, содржи природни минерали, што значи дека ја остава кожата да дише и не ги затвора порите. Лицево ми е мат некои 5 часа отприлика, после тоа почнува малку да засветува, ама ништо страшно. Можам да кажам дека ми држи цел работен ден без проблем. Единствена маана е тоа што нема некој голем избор на нијанси. Јас ја имам најтемната, која воопшто не е темна. Сите нијанси мене накај бело ми маваат, така да за девојки со бледа кожа би била совршена. Мене број 005 ми е ОК, не е бела и многу природно делува. Мада, ако не можете да си најдете нијанса, тогаш совршена би била 001 - Transparent. Таа не пушта боја, само го матира лицето. Додуша, не дека оваа мојава којзнае колку боја пушта, баш напротив. Минимално, само го изедначува тенот и бојата не се меша со онаа на течната пудра, туку се изедначува со неа. Напомена: Каменава пудра е за девојки со МРСНА кожа, никако нормална или сува. За нормална може и би прошла со добар хидратантен крем, ама за сува никако. Значи целта и' е да матира и да ги прикрие порите (кои кај лица со масна кожа се проширени и поизразени). BTW, мислам дека сум последната на форумов што ја пробала, сигурна сум дека 90% веќе ја имате пробано, ама јас да си кажам
^^^И така уште една феминка( а ти мислеше оти си последна, е не си ) ќе си живее во сиромаштија откако со последните пари ќе си купи камена пудра Мислам озбилно, ја претерав веќе, почнаа броени пари да ми даваат од дома, строго до денар Јас веќе по вторпат ја нарачав подлогата/пудра, штодае на Орифлејм, еднаш чинам кажав за неа, со ситен златест сјај, и иако не е строго одредена за каква кожа е, за секојдневно нанесување кога лицево ми е безживотно и уморно ми е петка. Е сега за маснава ми кожа по два три саати повеќе светнува, ама не ставам никаков крем под него и дава одлични резултати, го освежува ликот, и така, единствен производ што се задржал во мојот несесер или не бил исфрлен предвреме И забележав, на слики, со Менхетенот(за која си кажав мислење) делувам некако посиво , а со оваа пудра посвежо
ја проба некој Seventeen Mat Plus па да дај некакво мислење за неа? Многу сум заинтересирана за неа. Инаку да додадам ја пробав Flower Perfection, на почетокот бев презадоволна, многу е покривна и ме држеше подолго време мат за разлика од предходната што ја имав Natural Velvet. Единствено нијансата ми не ми се совпаѓа баш, најсветлата има некаков жолт подтон. После 1 месец користење како лицето да ми се засити и почнувам одма за 1 и пол сат да светам. Предлог пудра за мрсна многу светла кожа. (ако некоја е поискусна можи и да предложи некој прајмер подлога за шминка)
Ја имаш ли пробано? Не сакам за преку ден да нанесувам пудра на лицето,па би сакала да ја пробам кремава. Каде ја има,колку пари е?
Seventeen Natural Velvet 03. *Новата Seventeen Mat уште ја нема никаде изгледа, во тоа Космо што ми е во комшии ја нема, а завчера бев да си купам нешто. Можеби низ другите Космо-дрогерии низ Скопје ја има веќе, кога ќе имам време ќе проверам, ама додека не си ја потрошам тековната пудра не планирам да ја купувам. Нека спомне некоја што пари е, па ќе планираме.
Да ви кажам на сите дека во Космо има неверојатна акција - несесер со течна пудра Мејблин, камена пудра Мејблин/руменило, маскара(црвената или жолтата по избор), креон и лак за нокти за 800/900 денари, во зависност дали сакате течна минерална пудра со полесна покривност или со појака покривност. Има бројки на пудри. Истата акција ја има и со несесер на Лореал производи, само што таа е 1300 денари. Ако ги купуваш одвоено сите овие производи на Мејблин, ќе те кошта тоа 2000 и нешто денари, а вака се 800-900 ден. За сите кои како на мене им завршило се во несесерот, ова е понуда која не се пропушта.
^ Анушке мила, ти касниш со апдејтите во темава, ние тоа го дискутиравме уште пред цел месец ако не се лажам. Јас се готвев да ја земам онаа понудата на Мејбилин заради руменилото, ама пудрата не ми одговара и немам на кој да ја подарам. Ќе го земам во наредна прилика, отиде заштедата предвидена за ова на други глупости.
еве можеш да ми ја подариш мене,не се бунам... иначе ова мислам дека веќе неважи беше само за минатиот месец или може сум грешка а и јас мислев да си купам и така бев при крај и со камена и со течна пудра ама никако да стигнат на ред да се купат..
моментално користам течна пудра seventeen и сум задоволна од неа,а пудра во прав користам од Oriflame no neznam kako se vika
Aааааа значи и минатиот месец била акцијата, не сум знаела. Инаку да, уште трае, како се троше, така се дополнува, не се знае точната дата кога ќе заврши. Јас си најдив бројче од пакетчето со Мејблин, плус и руменилото ми има завршено, исто и маскарата, значи ова ми дојде како кец на десетка.
Девојки ја има пудрава кај нас или сеуште касниме со производиве? Со оглед на тоа дека коректорот од оваа линија е фантастичен не се сомневам дека пудрава ке биде солидна. Јас се канев да ја купам 123, ама последните негатвни коментари ме предомислија Ме интересира и ова прајмеров, гледам дека на него пишува мат.
Серумот, прајмерот, како сакате е мат, но пудрата не е мат воопшто и мислам дека како верзија ќе биде најслична на Хелти Миксот.
Едно врло глупо прашање чии одговор може и во космо да го добијам, ама ај да прашам. Како се добива космо клуб картичка?
Во било која Космо парфимерија прашај на каса ќе ти дадат да пополниш изјава за согласност,се плаќа мислам околу 50 денари.Ти ја даваат и можеш одма да ја користиш.
Се купува Лилит, околу 50 денари е. И понатаму си собираш поени. Колку повеќе поени толку повеќе попуст. Иначе имаат супер акција во Космо на пудрава l'oreal infallible. Бидејки никогаш не сум ни користела пудра на Лореал може некој да ми каже дал е погодна за сува кожа? Нема поголем скептик од мене кога станува збор за пудри, ако не ми е доволно хидратантна ќе ми се појават лишаи, кај ќе се мачам со недели да ми поминат па и ќе бидат тоа џабе фрлени пари. Прочитав слична е на хелти миксот, ама јас освен тестери ја немам користено таа пудра бидејки од тестерите увидов дека нема никаква покривност. Сега си ја користам минералната на Голден Росе. Ефтина ми е, а ми одговара на лицето ептен, солидно покривна. Арно ама не е долготрајна. За мене најдобра пудра досега ми беше Ревлонот, ама не ми е таа за секој ден. Имам блед тен, сакам свежа убава пудра долготрајна и хидратантна. Е така
Умре тоа со собирањето поени у космо, и на крај на секој месец колку собереш одреден процент од тоа ти се пресметува како бонус и си земаш нешто гага. Сега со каричката само ја покажуваш и тој месец тоа што им е на акција го земаш со таа картица. А многу убаво им беше тоа, над 1500 беше 100 денари бонус, и така натака, секој месец искачаше барем едно лабело гратис, кој ти дава и тоа. Сега зафркнаа работа, и плус на почетокот бесплатни ги даваа картициве не се плаќаа
Може ли некој да ми препорача и течна и камена пудра за лице но да е мнооогу, многуу покривна а да не ми го оштетува лицето зашто имам млада кожа и ми е склона кон акни, мрсна до комбинирана? И цена ако може да ми кажете. Нека биде макс фактор или лореал или некој проверен бренд.
^ Макс Фактор мене воопшто не ми е асоцијација за бренд кој е погоден за млада кожа. Посебно не пудрите, а Лореал барем според моето искуство имаат тапа пудри и повеќето се одлични за сува, но не и за комплицираната мрсна кожа. Ако толку сакаш пудра на Лореал, барај ја Мat Magique, но не сум сигурна дали ќе бидеш задоволна од покривноста зашто е навистина просечна, а кога сум нафрлана скоро сите недостатоци се пак на виделина, посебно црвенилата. Одличен мат ефект има, но потребно е некое време за да се упие и адаптира на кожата. Друга од Лореал за мрсна кожа не сум користела, оние со бело и црвено капаче се ок, но не се за тој тип на кожа така да, би била утната инвестиција. Пробај ја Seventeen Natural Velvet - подобра пудра за млада, мрсна или комбинирана кожа навистина не знам. Доволно е покривна за да покрие темни, да не речам модри подочници, па процени си. Ниту ова не е бренд за занемарување, никогаш немојте да се ослонувате на тоа некое си „бренд е, мора да е супер“.