a каква би можела да ми препорачаш за нормална кожа ,да е покривна и да не ги затвора порите и сепак да не е токлу скапа ..
Не сум ја купила, но од кај другарка ми ја имам пробано пудрата на Евелин. Ептен ми се допадна, околу 250 денари е.
Како голем љубител на козметиката на Есенс, вчера си ја земав оваа пудра од ДМ... , значи софт беж нијанса 10-ка... Во главно сум задоволна, покривна е, иако по малку ми мава на жолто на лицето, погодна е за светол тен како мојот...Сакав софт нуд 20-ката да ја земам, ама беше потрошена, еве оваа- ама тестерот ми го дадоа и сега ќе ја ставам 2-3 пати и убаво ќе ја споредам со другава и ќе видам која ми одговара најмногу...
Онаа новата на Maybelline, демек мат ама уствари немат. Ја пробав денеска, како за прв пат вака ептен водлеста ми се виде. Значи премногу, одвај ја разнесов низ лице, ми бегаше од сите можни правци. Некако не ми изгледаше мат и ми беше прехидратантна како за пудра наменета за мрсна кожа. Пре би рекла дека е за некоја со нормална кожа, него ли мрсна. Има многу убави светли нијанси, веднаш си бендисав, ама штета што не ми фати око, т.е. не ми одговараше, многу брзо светнав и со камена одозгора. Не е воопшто тешка, лесна структура и доста хидратантна ми се виде. Не би ја купила, а вие како сакате.
^Другарка ми ја има истата и нејзе одлично и одговара, воопшто не светнува иако има мрсна кожа. Можеби тебе ти е помрсна од нејзината
здраво девојки имам едно прашње до вас, има извесен период како неставам никаква шминка на лицето, но овие два дена некако ми е чудно, како да ми се лупи како првут на коса такво ми е, а не сум сменила помада мозе ли да ми казе некој дали имал сличен проблем или пак од што може да е позз
Женски сакам да ве прашам дали ја имате користено пудрава од орифлејм за каква кожа е, и критики за неа дали сте задоволни..ја добив на поклон не сум ја користела порано
Јас ја пробав вчера, инаку нова е, ја немав видено претходно. Инаку не е лоша- издржа цел вечер без да добијам сјај на лицето, не е тешка, средно покривна, a никаде не можев да прочитам за какво тип кожа е, инаку јас имам комбинирана. Еве што вели орифјелм за неа: Пудра со високи перформанси и патентирана технологија за нега на кожа. Клинички докажано ја претвора пудрата во долготрајна подлога. Лесна силиконска основа за кадифено мазен финиш и удобно чувство на кожата. Средно до високо покривање.
Дали ја има новата Seventeen пудра во Македонија? Мислам дека Mishela ја стави пред неколку страници, зборувам за оваа: Со години ја користам Seventeen Natural Velvet, само што го потрошив петтото шишенце, па се мислам дали да ја пробувам новава (ако воопшто ја има), или да си останам на старата. Ги читам карактеристиките на двете на страната на Seventeen и многу се слични, па ако некој ги пробал сакам да направи споредба
Да ја има и во мојот град што е далеку помал од Скопје. Па ако си од Скопје со сигурност ќе ја најдеш секаде. Цената кај нас беше 570 денари. И јас сакам да прашам дали е покривна оваа пудра? Или пак предлог некоја друга пудра што покрива многу и е за мрсна до комбинирана кожа освен онаа на менхетанот во црната тубичка бидејќи ми се засити лицево од неа. Па се двоумам меѓу 24 часовната новата на мејбилајн или пак оваа новата на севнтин?? А онаа велветот ја пробав во парфимеријата но не ми одговараше на носот посебно се лупеше некако..
Феминкии ај препорачајте ми некоја пудра со мат ефект. Значи имам мрсна кожа и многу црнки некоја пудра што ќе траее подолго. Слушнав за таа на Менхетен дека била добра, мислење ?
Девојки,има ли камена пудра од Севeнтин или не произведуваат ? најдобра течна пудра ми е таа затоа сакав да си искомбинирам со камена .. ако оваа не постои каменава.препорачајте ми некоја камена ама не многу скапа до кај 200 ден пример ?
На Менхетен цела линија се добри ама не се многу покривни и се ок за 3-4 часа максимум. Ако ти треба за подолго, според мене ти треба нешто од линијата на Max Factor или слични (потешки се ама и доста покривни).
Има на севентин компактни пудра, само незнма дали има некој користено еве ти ги на страната ги има. http://www.seventeencosmetics.com/en/colour/face/
Камена пудра од Seventeen има, баш ја имам гледано во Cosmo. За цената не сум сигурна, но беше повеќе од 200. Ако сакаш да најдеш камена пудра до таа цена побарај од Oriflame или Avon, а мислам дека и онаа на Flormar беше околу 200, или некој денар повеќе.
Менхетн се добри, мат е таа во црна тубичка и е доста покривна и трајна, само е потешка пудра за секојдневна употреба, и јас како тебе барав ваква пудра, да е мат и трајна и лесна, и после поминати 2-3 часа на темава, според мислењата што ги прочитав, се одлучив за Bourjois Flower Perfection и сум многу задоволна. Мене ми е сосема доволно покривна, и нежна е откога ќе се нанесе како воопшто да немаш пудра ставено.
^У сите снабдени парфимерии, Космо, Дм, Еликсир и така натака, цената и осумстотини денари(може и некој денар ситно плус, али околку 800 се движи). Покривна е, само малку нијансиве ме бунат у последно време, или ми се претемни или ми се пресветли, затоа пробај на лице место од нијансите на брада или на врат. Покривна е прилично и подолготрајна. За подобар ефект на покривност, стави камена малку на критични места(малку не да се напудриш ко порцеланска кукла) или пак користи коректор пред да нанесеш пудра.