Секоја кожа различно. Јас имам од Севентин ама не ми одговара ете ич, а пред тоа имав од МАкс фактор и презадоволна бев, само што ми е поскапа. А единствена пудра што не ми го варосувала лицево и што прикрива се..
Јас ја купив оваа и убава е, за сите типови на кожа е. Јас имам сува кожа но од некои пудри како што е Max factor- lasting performance ми светнува лицето за половина час. Oд оваа не ми светна
Јас сега сакам да земам на Дебора, ама се мислам Имам сува кожа и не знам дали ќе ми се прилагоди на лицето. И колку е оваа пудра?
Има таква Севентин, јас 220 ја купив. Ако најдам слика ќе ставам. Инаку пудрата на Дебора баш денес ја гледав, 365 ден. беше
Oвааааааа 350?????? Иначе да севентин 400 woooow. Од која парфимерија е тоа толку скапо. Од 250 до 300 обично и е цената. И 220 е супер цена. Ај кажи Ким од каде купуваш?
672ден .За сува кожа е изгледа comfort lift, но мене ми беше страв од тоа светење на лицето после кратко време и затоа ја купив оваа
Еј,како сте задоволни од Дебора?! Имам Авон таа со смирувачки ефект,не чини за парите,ја земав и камената,не пушта воопшто,имам од орифлејм со мат ефект,не можам да се пожалам,не е лоша,ама не покрива,иако немам ништо за прекривање освен подочници и ја имам од севентин,што е катастрофа,почна да ми лизга по лицето и да ми го прави како издришан балон.Немам време да прошетам асално,да се информирам,да си земам некоја добра,па се вака,по каталози се бавтам и се нервирам. Кажете ми некоја добра за комбинирана кожа,мрсна и нормална (ретко да премине во сува),но не е проблематична што е одлично.Сакам убаво да покрива и изедначува и да биде мат,не се важни парите,во лицево ми се инвестира.Пре ќе заштедам на млеко за тело или крема за нозе и раце,сенки и маскари,отколку на креми и пудри за лице. Се бре некако,ако ставиш малку,шарен си,кожата ти изгледа безживотно,а не е таква без пудра,добра си е.Стави многу па,изедначено е,ама изгледаш како да си се гипсирал.Многу ми е тешко да најдам добра пудра со добри нијанси,до душа никогаш не сум ни нашла.
Росонерка, од Охрид купувам Изгледа сепак не е најскапо тука Баш денес бев во парфимеријата на Г се викаше не ми текнува никако како беше, и барав пудра, ми покажа и на Дебора, ми стави од тестерчето на раката и не видов како игледаше пудрата... Можеби има некој друг вид што е толку поефтина Ама не обрнав многу внимание зашто си ја барав таа на Менхетен. Лилит, јас имам комбинирана кожа-мрсна и нормална и најзадоволна сум од Менхетен незнам дали си ја пробала. Баш е сува и не свети Т-зоната воопшто, мат е и се ми покрива.
Лилит исти маки имаме, јас се откажав од ставање течна оти изгледам како гипсирана ако ставам повеќе. Менхетн ми покриваше ама после краток период светам многу од неа. Сега се мислам да ја пробам новата линија од дебора, деби. околу 340 ден е пудрата
Менхетен ја имам пробано и ми мириса гадно,а што е најтрагично дечкото ми не го поднесува мирисот,а и татко ми едно сабајле при збогување секој на своја страна факултет-работа,ми вика,чекај,чекај,што мирисаш како на бајата лековита маст. И реков,никогаш повеќе и ја дадов на мајка ми и ми рече,што е ова бре,ем тешко,ем мириса чудно! Не беше расипана,ја мирисав после по парфимерии,сите исто мирисаат,а другарка ми ја користеше таа во светла туба и ја прогласи за мрсен крем,дури ни хидратантен не е. Ќе пробам со Гош или Дебора,од Макс фактор кренав раце одамна,а коректорот ме полажа краткотрајно,така ми стои сега. Сесилија сигурна сум дека ме разбираш и верувам дека се осеќаш фрустрирано као мене.
Абе од кај ги наоѓате овие пудри на Дебора, Севентин.... толку ефтинки? Оф лелее, мене да можат и цигарите ќе ми ги продават по највисока цена А и ептен се нервирам што не можам да ја најдам иделната пудра за мене. Еднаш ќе ја искористам некоја (најмногу два пати), и ја менувам А Лилитке, за твојата кожа најубава е Менхетен. Другарка ми има таква кожа како твојата, и што уште не проба, и сфати дека таа ептен и одговара. Мат е , и воопшто не и свети лицето. Па и плус со малку камена или во прав одозгора се поминува, и супер и е лицето. Мене па Менхетен ептен убаво ми мириска На благичко некако
Озбилно се нервирам да ти кажам, значи полесно им е на тие што имаат сува кожа, отколу на нас со комбинирана. Навистина незнам која да ја купам, сакам некоја квалитетна не ми треба многу покривна ама сепак да ми се изедначи тенот на лицето, ама да не светам после 2 часа. Ептен е глупо чувството, од дома се дотеруваш супер си нашминкана, одиш на состанок и случајно по некое време заминуваш до ВЦ да се ѕирнеш, кога светиш како лампион. Џабе ставам и камена, секогаш ги земам во комплет и така ми стојат во несесер. Лилит, можеби треба да си набавиме некој добар фиксатор, незнам? Редактирам, еве ја пудрава за лице од дебора што ми влезе во око , а еве ја и мат
Кенди, оваа пудра мис спорти е убава за посува кожа, и е крем пудра, значи не мора да нанесуваш крем кога ја ставаш, околу 160 денари е, ама не покрива многу, онака како кремче да имаш ставено, го изедначува тенот, но на краток рок
За денска употреба може да ја користам таа? мис спорти што е? Инаку убава и оваа од Авон што е во стаклено шишенце, сега мислам дека и во тубичка ја има
да да знам,јас имам онака не баш сува кожа можам да кажам нормална,оваа ми ја препорачаа но јас сум со мн светол тен,џабе ја купив така ми стои дома мн ми е портокалова кога ставам така да џабе си ги дадов парите