Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Течна пудра за лице

Дискусија во 'Лице' започната од angel, 23 ноември 2009.

  1. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.130
    Пол:
    Женски
    Ingrid ја нема во Скопје за жал :( А Bella Oggi ја нема во сите Зегин само во поголемите . Еве да ти олеснам во ГТЦ ја нема ни во двете, ја нема ни во новата отворена спроти Рамстор , минатата недела баш бев низ овие и не ја забележав :worried:
     
  2. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    3.480
    Тие што ги постави Мишела плус од оваа пудра имаат 021 nude.
    [​IMG]
    Dream Satin Liquid знам дека е за сува кожа, можеби и за нормална.
    Affinitone исто така е за сува/нормална и осетлива кожа.
    Незнам колку години имаш, но последнава што ја поставив имаа анти ејџ ефект.
     
    На Miss.M5 и Espadrila им се допаѓа ова.
  3. PinkSparkle

    PinkSparkle Активен член

    Се зачлени на:
    21 август 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    Таман се решив да ја пробам таа од Буржоа Flower Perfection пошо читам позитивни коментари за неа, го прочитав и ова и ми се допадна и сега не знам која да земам :D
     
  4. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.780
    Допаѓања:
    24.006
    Пол:
    Женски
    Уште еден задоволен корисник од новата Seventeen Matt + Plus. 8)

    Си ја купив нијансата што Sexybaby86 ја купила - Medium Beige 04, и првиот впечаток ми е дека е

    О-Д-Л-И-Ч-Н-А ! ^_^

    Убава, густа, лесно се размачкува, се слева со тенот и многу е покривна. Целосно мат изглед, а сепак не е толку прашкаста како 123 Perfect-от на Bourjois.
    Нијансава моја совршено одговара со 52-ката од 123 Perfect и 53-ката од Flower Perfection на Bourjois.
    Онака, чисто да си имате увид... оти лошите светла во парфимериите неретко делуваат збунувачки. :D

    Мене искрено, сега засега ми е подобра и од двете на Bourjois. ^_^

    Сè на сè, одличен нов производ за нас "маслосаните" во лицето. :rofl:
    И чини две стотки помалку од пудрите на Bourjois. :lol:

    P.S Sexybaby86, тенкју, претенкју за препораката. :*
     
    На glosipgirl, kate21, Sexybaby86 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Eве ме и мене во темава за новата пудра на Севентин, jас ја земав одма утредента откако Sexybaby86 ја напиша рецензијата, додека одев натака гз преку глава беше работата, трчав. :rofl:

    И на Мишела и пишав околу пудрава, и тука ќе пишам дека е ФАНТАСТИЧНА, и дека дефинитивно ја ставам на пиедесталот, а мислев дека нема да најдам подобри од Буржуа за мрсна кожа, од аспект на покривност, трајност, квалитет, состав итн итн...

    Пудрава е измислена за мрсна кожа, јас со неа имам порцелански тен и чиста кожа, дури ми се чини дека некако и подобро со текстурата ми прилега оваа - него ли пудрите што досега ги користев и ги сметав за свети. :D Кремаста и убава структура, одма се матира, издржлива е доста - мене ми држи цел ден без камена пудра одозгора, што сметам дека е супер, затоа што лицето со камена пудра не ми диши воопшто, и ми делува ептен безживотно.

    Од аспект на нијанси, мене првите неколку ми беа сомнителни, не знам зошто :^), ама останатите се у реду. Јас ја земав најсветлата, т.е 1-от, со руменило - изгледа апсолутно прекрасно!

    Ја препорачувам, што вика Сенза, ем е поефтина за две стотки од Буржуата, ем мене лично и повеќе ми се допаѓа.
     
    На Hipster, Sexybaby86, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    Јас сум во потрага за нова пудра :D . Супер ми беше оваа на Голден Роуз и по покривност и по се ама мислам дека не е за моето лице. Многу бргу почнувам да светам во т зоната и општо целото чело .. Пудрава има супер покривност и несакам да ја сменам ама морам. Друго што не ми се допаѓа е тоа што едноставно не се впива, незнам како да објаснам.. остава траги.. Па, во секој случај барам пудра за комбинирана кожа.. незнам ни јас каква. На некои делови сува на некои премногу мрсна. Исто така, да има задоволителна прекривност. И ако е некако можно, да е до 400-500 денари. Секој совет е добредојден.
    :whew:
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.002
    Допаѓања:
    81.342
    Пол:
    Женски
    Пробај ја оваа од Менхетн дали ќе ти се допадне, со цената мислам дека е тука некаде 400-500 денари, а е наменета за таква кожа како што ја опиша.
    [​IMG]
     
    На Sw3et.Ang3l му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    912
    Девојки, ај препорачајте ми некоја добра течна пудра, ама да не биде многу скапа, до околу 200-250 денари. Инаку имам комбинирана кожа.
     
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.002
    Допаѓања:
    81.342
    Пол:
    Женски
    Тешко дека ќе најдеш добра пудра за комбинирана кожа по таа цена.
    Пробај ја онаа longlasting од Rimmel, мислам дека е 320. Некоја друга со пониска цена од 300 денари навистина немам сретнато.
     
    На Dark-Lady му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.163
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Некое зборче за пудрава? :?:
     
  11. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    ^Дефинитивно е за оние со сува кожа, јас имам мрсна, ја пробав на мене и поголема контрастност од аспект на пудра - лица, немам видено. Ужасно нешто. :D

    Типична крем-пудра, има мнооогу течна текстура, мене накај водесто ми тера дури, има убав избор на нијанси, има солидна покривност, само од аспект на издржливост не можам да ти помогнам, затоа што одма штом ја нашлакав на мене - ја избришав после некоја минута, затоа што не ми се допаѓаше воопшто.

    Иако мислам дека на оние со сува кожа, кои бараат нешто од овој вид, пудра што се понаша као крем, би им пасувала супер. :)
     
    На Primadonna му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    Последна пудра што ја зедов е на Rimmel London - Stay Matte 005.
    Пошто скоро бев порачувала од Асос, си ја порачав и неа во купот а плус нели беа и на попуст.
    Бев малку скептична околу нијансата, не знаев дали ке ја погодам. Ама кога стигна, си викам тамам за мене.

    Во целина, задоволна сум, убаво ми го прави лицето.. ама една мала мана и е, што не траи многу. А додуша и одзади на капачето си пишува, максимум до 5 саати.

    :)
    Али за парите, добра вредност и квалитет.
     

    Прикачени фајлови:

    • image1xxl.jpg
      image1xxl.jpg
      Големина на фајлот:
      144,4 KB
      Прегледи:
      464
  13. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Да не бил некој во Шатци да ми каже што пудри имаат на попуст? Поточно ме интересира Bourjous Flower Perfection, решив да чекам пак да ја спуштат :)
     
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.002
    Допаѓања:
    81.342
    Пол:
    Женски
    Не им е на попуст ниту една пудра на Боржуа. Ако не ти е итно, почекај до Нова Година, обично тогаш има највеќе попусти не конкретно на Боржуа, туку онака на сите фирми се наоѓа по нешто. :)
    Мислам дека само во Космо на попуст со клуб-картица е онаа Хелти Микс баланс камената пудра.
     
    На maja8 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LuxyFeminist

    LuxyFeminist Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    15
    Каква пудра во прав би ми препорачале сакам да си земам?Добра е таа на Макс Фактор и колку е отприлика?
     
  16. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    Maja8, јас мислам дека имаше некоја на попуст во Шатци( конкретно видов во она во ГТЦ), беше 510 ден ако не се лажам, знам дека не беше 123 perfect и знам дека беше со црвенкаст детал, ама не се потрудив да меморирам која е зошто јас 123 ја користам.
    Инаку ја видов сега во средата на 20ти, такада тркни провери.
     
    На maja8 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Madlina

    Madlina Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2013
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    301
    Има уште попуст во Шатци на Буржоа пудрите, не Хелти Микс и на Flower Perfection.
     
    На maja8 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    4.992
    Ај и јас да не сум покуса ја земав Севнтин мат плус. бр.4 (одма си знаев, бидејќи бев 52ка на Буржоа) :D
    Ја користев Буржоа 123, после ја користев бб кремата на Буржоа (патем речено многу ми се погоди, арно ама ми траеше месец ипол-што е релативно малку..)

    И седам така и се гледам, се гледам. Милина лице, убавини. :D
     
    На Sexybaby86, senza.parole, Hipster и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.002
    Допаѓања:
    81.342
    Пол:
    Женски
    Леле јас се разочарав од нијансите. И мене ми одговара 52-ка од Перфектот, ама кога ја пробав Севентин 04 ефектот беше ко да сум седела во солариум. :D
    Дури и кога се стопи со кожата не престана да дели нијансата, а оваа најсветлата е супер, барем за мене и мојот мутавичок тен.
    Не ја купив, само ги испробав нијансите, но мислам дека ќе се одлучам за најсветлата 01 (Анабела - I know that feel сестро. :sweat: :D), за која патем сум речиси сигурна дека е еквивалент на онаа 03 од Натурал Велвет.
     
  20. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.829
    Допаѓања:
    23.487
    Пол:
    Женски
    Max Factor користам,потемни нијанси бидејќи имам темен тен :)