Препорака за некоја пудра за млада, понекогаш и мрсна кожа? Не ми се даваат 500,600 денари за пудра, иако знам дека подобро е да се става квалитетна пудра, а не Импала,Малена итн. Јас користев импала и ми одговараше на кожата, ама решив веќе да не ја користам, сакам некоја поквалитетна, но ефтина.
имаш на есенс ти се до кај 300 денари пудрите, има една се вика all about matt, и stay all day се вика другата,и soft touch mousse и оваа е мат, може да ги побараш во рима ги има, 295 ден се овие две последниве точно. А all about matt e 269 ден.
Пробај со INGRID 190 денари е. Барем мене ми е супер. И јас користев импала и ми одговараше, а еве има веќе скоро една година како користам ингрид и многу е подобра.
Ги земав Ингрид и 2те Oваа е некако погуста, сјае кога ќе ја ставите, јас немам мрсна кожа освен на T-зона, ама на некој со мрсна кожа не му ја препорачувам.! и оваа не е лоша, ама за 300 ден повеќе очекував искрено. Jас релативно имам чисто лице, само за време на период по некое бубуличе, ама ако барате покривност 1та земете ја зашто е погуста, 2ва не верувам дека ќе ви заврши многу работа со мозолките инаку до денес трае акцијава
Може ли да ми кажеш од каде ја зема ингрид пудрата? И мала помош, имам чисто лице (бубуличе само во одреден период) а кожата ми е мрсна само во Т зоната. За дневна употреба ми е и несакам да биде тешка. До сега од нијансите на друга пудра сум користела IVORY тоа со ингрид треба да е Natural Beige (не ми е премногу светла кожата, темна па ич).
Девојки има ли кај нас хајлајтери, никаде не можам да најдам. Не е битна цена, колку било нека кошта, ми треба хајлајтер, не се постигнува истиот ефект со коректор колку сака нека ми кажува некој дека е исто. Јас никако да сретнам, дури и некои продавачки како падната од Марс ме гледаат кога ќе побарам, како да барам леб во парфимерија, не знам зашто, до толку се изгледа неупатени. За контурирање ај ми врши работа потемна камена пудра, или мат руменило кафеаво, ама за хајлајтер тешко коректор. Или евентуално препорачајте ми некој ептен блед коректор, да не мава ептен ни накај розе, ни накај жолто.. Имав многу убав хајлајтер ама го потрошив и не е тоа тоа со коректор, па се нервирам.
Има убави хајлајтери на Севентин, ги има во Космо Мимс имаше пишувано одамна низ темиве дека е задоволна од овие хајлајтери. И јас ги имам сто пати видено во Космо, ама цената не ја памтам. Како и да е, не се скапи, Севентин имаат прифатливи цени Ми се чини дека се само овие две нијанси, барем кај нас само овие на сликата ги имам видено. Го имам пробано хајлајтерот лево на сликата вака на рака, фин ми се виде, убав сјај даваше, ама не го купив тогаш, за жал
Рецензија за Essence Soft Touch Mousse. Пудра во која се заљубив и за мене заедно со Ревлон колор стеј ми се омилени. ПОЗИТИВНО - Изгледа најприродно од било која пудра што ја имам користено во мојов живот, ко да немам воопшто ставено пудра. Перфектно го измазнува лицето. Не изгледа прашкосто ко некој да ми дуванал брашно во фаца. Изгледа ко да природно имам супер тен и најчисто лице на свет. - Мала до средна покривност со мала интервенција со коректор во оние критични денови пред да добијам кога лицето ми полудува, али остатокот од месецот воопшто нема потреба од коректор. - Не предизвикува акни и други несакани работи. - Пенасто-кремава структура во која се заљубив и ми е многу подобра од течните пудри. Штета што ја нема повеќе ваквиот тип пудра на Мејбилин да направам споредба. - Се размачкува лесноо и рамномерно. Јас ја размачкивам со рака зошто со сунгерче не иде, а за со четка незнам зошто немам. - Има пудераст мирис кој воопшто не се осеќа. - Пакувањето, стаклена тегличка која ми е баш симпатична. - Прифатлива цена од 295 ден. за 16g (можеше повеќе да беше) НЕГАТИВНО - Слабо избор на нијанси, темни и со жолт подтон кој фала богу неизгледа страшно ко да имам жолтуца. Ја имам 01 matt sand која ми е темна па ставам мат бронзер на вратот и добро размачкувам помеѓу лицето и косата за да личам на човек. Ептен си се сакам со ваков темен бронзен тен совршено ми стои со црните очи. Ја немаше 04 matt ivory таа нијанса е изгледа посветла т.е. најсветла. - Не е долготрајна, по 5 сатаа веќе почнува да исчезнува од лице дури и со просечна камена пудра. А ако имам ставено одлична камена значи навистина многу добра камена тогаш едно 8, 9 саати стои на лице. Веројатно би стоела долго и ако се нанесе подлога за пудра. - По 4, 5 саати почнува да светнува т-зоната. Јас тапкам со палома и нема гајле. Не би одговарала на луѓе со ептен мрсна кожа, јас имам комбинирана (нормална кон мрсна) и супер се покажа сто и на нормална кожа ќе одговара. - Нехигиенски дека мора да брцаш со прсти ама па за ваков тип на пудра и нема друго чаре. Дефинитивно би ја купила пак. Најпрекрасна пудра за секојдневно користење. Да траеше цел божји ден и да имаше висока покривноста за мене ќе беше пудра која ќе ја симнеше од мојот трон Ревлонот. Rimmel Stay Matte Pressed Powder Просечно, ни би ја купила пак. Убаво изгледа на лице ама не држи долго мат, трае колку и што пишува 4 до 5 часа. Имаат убави нијанси. Цена 310 денари за 14g, па би додала уште 100 денари и имам камена на Макс фактор, Менхетен...кој се одлични.
Ги спомна СексиБејби тие бисерните финиши за лице, посветлиот може да ти послужи како хајлајтер, иако не сум сигурна дека има таква намена, во брошурата на Севнтин го пишува како руменило, ама не остава никаква боја, само нежен сјај баш како што остава хајлајтер. Имаш на севнтин исто хајлајтери но течни, како оние коректорите што им се во туба со четкичка, има преубави нијанси. На Аура има камени хајлајтери, ама за мој вкус се пре светкави. Имаш и на Мејбилин од таа Колорама линијата што им е хајлајтер но пак е нешто светликаво. Овие на севнтин се околу 800 денари, но кутијата е доста голема и можеш со години да ги користиш. Порано имаше и на Макс Фактор како пан стокот што им е, хајлајтер ама одамна неможам да го најдам никаде.
Доста сум сигурна дека има и на Manhattan, тој за разлика од овие на севентин повеќе мава на светло бронзено, така некоја темна кремаста боја. Не сум го пробала, можеш да провериш
Извини малку каснам 387 ден е пудрата ама рокот и е уште месецов декември,продавачката ме убедуваше дека може 6 месеци по истекот да се употребува ама не ми е сигурно и онака неможам да го исчистам лицево уште пудра со поминат рок ми фали
Ја купив пред некој ден Севентин Натурал Велвет бр. 04. Ја меркав подолг период и чекав да ја пробам неколку пати за да можам да напишам нешто за неа... Значи мене пудрава ми е ептен погодена, имам нормална-комбинирана кожа.. почнувајќи од нијансата - ептен добро се изедначува со мојот тен (светол), светла е но не ме прави како дух, како некои други светли пудри, туку баш се слева со бојата на лицето. Покривноста е таман, не е тешка на лицето и не се чувствува. На неа пишува дека е без масла, ја ставав без камена/пудра во прав за да видам колку би издржала така, а ќе ја пробам и со нив.. Убава, секојдневна пудра, која дава природен изглед на лицето. Цена 590 ден. во ДМ. ПРЕПОРАЧУВАМ :up: :up: :up:
ја потрошив Bourjois Flower Perfecton и сега ја меркам Seventeen Matt + Па ќе ве молам девојки една спредба меѓу овие две па и со Bourjois 123, стрктура,покривност,мат ефект и нијансите (тоа најмногу ме двоуми) од 123 ај користев 53, а Flower Perfecton 54. На севентеен 04 ми гледа многу бледа, а 05 портокалова. Хелп ако ги користел некој овие две нијанси фала
Bourjois 123 Perfect e нешто потешка од Seventeen matt +, барем според мене. Bourjois мене ми е доста слична на покривност со новата од Seventeen, а и мат ефектот е доста сличен. Единствена разлика е цената (нормално, Ѕeventeen се поповолни како и секогаш) и тоа што нијансите на Seventeen се нешто подобри затоа што немаат толку изразит жолт подтон. Тоа е мнооогу голем плус за мене, затоа што последното пакување на Bourjois не ми беше баш по вкус баш заради тоа. Оваа другава Bourjois Flower perfection е нешто попокривна од Seventeen-от и нијансите не се толку жолти, што знам. Барем мене така ми изгледа. Јас ја користам 123 Perfect 52-ка, но 04 од Seventeen ми беше претемна и ја зедов најсветлата 01 light beige. Се разликува од мојот тен за помалку од нијанса, но кога ќе се исуши и впие не се приметува разлика. Е сега, споредба меѓу Seventeen Natural Velvet и новата Matt + - Велветот има дефинитивно мирис за вљубување и каде каде поубави нијанси. Нијансата 03 ми е совршена, значи Bourjois не ми се слеваше толку со тенот како оваа, ама структурата не ми одговара. Премека е, ако можам така да ја наречам и троа лепливка. Ја нанесувам на лице и блескам, ниту „м“ од мат ефектот на декларацијата. Со фиксатор или камена беше океј, но никогаш го немав тоа чувство дека пудрата ми е комплетно исушена и впиена во кожата и кога и да се пипнев по лице ми лепеше и ми делуваше неупиено. Не дај Боже пак да се потпрам со рака на лице - целата ми се правеше лом. Трајноста е солидна, но не може да се спореди со онаа на Matt + , која секуднарно матира и се впива во кожата. Остава минимален прашкаст ефект и пак ќе повторам - преубав мат ефект. Нијансите се малку непријателски расположени, но се наоѓаат, не е проблем. Најсветлата Matt+ и најсветлата Natural Velvet немат врска една со друга - оваа новата Matt + е потемна за половина нијанса. Цената и на двете им е 609 денари, но јас подобра и попријателска пудра за џебот со мат ефект навистина не сум користела и топло ја препорачувам!. Нормално, мене без камена не ми чини, т.е. матирачкиот ефект ми трае максимум саат ипол, два преку сила. Со камена или фиксинг пудрата на Есенс ми е супер и по цел ден.
Мишела како да ми ги прочита мислите Баш ќе барав некој што ги користел двете пудри на Севентин да ми направи паралела, затоа што наредната пудра што ќе ја купам сакам да биде една од тие две. Моментот со лепливоста на Севентин велветот ептен ме предомисли, сакам пудрата да ми биде фиксирана, а воедно и доволно лесна да не ја осеќам на лице. Од друга страна се мислев оваа новата да не ми го пресуши лицето, затоа што сите овде што ја фалите имате мрсна кожа (инаку јас имам комбинирана, без некоја проблематична т-зона). Сеуште се мислам некако, секако ќе ја тестирам во некоја парфимерија кога ќе најдам време, ама се надевам ќе има уште некој до тогаш да сподели искуство, нормално не е на одмет
Од пред некој ден се токмев да направам споредба, но бев слаба со време. Мој најискрен совет - стави си од тестерите во кутивчиња или кесичка колку за едно премачкување и од двете пудри и така види си дома натенане ко што се вели. Јас имав среќа да налетам во Космо кога имаа тазе залихи на влажни марамици и си пробав таму на раат, ама светлото беше ужас и огледалото беше поставено во некоја положба „све видим, лице не видим.“ Матт + не го суши лицето воопшто (како на пример Менхетн во црното пакување или Ревлон) и одлично се фиксира уште со првото размачкување, што според моето искуство не беше така и со Велветот. Многу поубаво мириса, оваа новата ми има чуден мирис, но немам зборови за другото кое го наведов претходно. Да беа нијансите како кај Велветот, несомнено ќе ми беше пудра на годината.