По еден месец користење на Севентин Велвет не сум задоволна, ама ќе се потрудам да си ја користам, овие два месеца се изнадавав пари за пудри од ниедна не сум задоволна како за 10 ка . Имам нормална до комбинирана кожа, позитивно е што е доста лесна, средно покрива но по еден саат сум лампион, цела светам за оние со мрсна во никој случај не е. И нешто што најмногу мразам ми истакнува линии околу очите што ги немам, прв пат кога се видов се исплашив, викам од кај испаднаа овие брчки за 2 дена , пудрата не е сува а истакнува некои линии по лице што е голем минус. Сакав да прашам за новата на Севентин дали и таа така истакнува линии затоа што е мат, би требало таа повеќе да ги истакнува или сум грешка , не знам веќе каква да пробам, сеуште не ја најдов совршената пудра за мене .
ДЕЧКИ КОЈА Е НАЈДОБРАТА КАМЕНА ПУДРА???????? Имам комбинирана кожа (од се по нешто на Т зоната мрсна, на образите сува* насекаде останато нормална) и секако да не е повеќе од 500 денари. *барем сега во зимскиот период ми е сува (на образите) но имам добри креми што преку денот не се познава дека е сува но навечер да ПОМАГАЈТЕ
Девојки ај по некој збор за Лореал тру меч. Ја немам користено а ја меркам неколку дена веке, а и претходната веќе при крај ми е па треба да бидам брза. Сакам покривна пудра, која ќе трае, а и нема да ми го праве лицето како лампион. Имам комбинирана (се повеке мрсна) кожа
^ Доста покривна пудра, можеш да ја надградуваш покривноста зашто ненормално брзо се суши. Буквално треба делче по делче да работаш на лицето. Не е како оние ставаш неколку точки на цело лице и ја размачкуваш. Се суши мат. Ми се чини од камена нема воопшто потреба, мислам би изгледала како некој да ти дувнал брашно во лице. Јас имам нормална кон сувичка кожа, па можеби затоа кај мене не се јавила потреба за камена. Лесно се ваѓа, не е како ревлонот. Е сега за трајноста незнам, не сум ја носела нешто претерано долго за да можам да ти кажам. Иако не се сомневам дека би траела.
^ @MejkApGirl, можеби затоа што имаш сува кожа пудрата ти одговара, јас кога ја користев пред некоја година воопшто не ми одговараше. Поточно, има убава структура но воопшто не е мат, затоа што лицето, поточно проблематичните зони светкаат по нанесувањето (имам мрсна кожа). И со неа го имав истиот проблем како со Севентин Натурал Велветот - постојаното чувство дека пудрата не е убаво впиена во кожата. Одлична покривност, но мислам дека не е добра за мрсна кожа ако барате матирачка пудра.
Пробај ја на Макс Фактор камената. Јас ја имам и сум прилично задоволна од неа.. ја имам оваа 05 Транслусент (не остава дополнителна боја и само матира и дава убав здрав изглед на лицето) мислам дека е околу 400-450 ден, а сега има и нова амбалажа со златна боја Да редактирам, и оваа би ја препорачала, ја имав пред некое време, прилично е добра иако бев скептична кога ја добив. Остава убав финиш на лицето и е поефтина некаде околу 350 денари да е..
Jenniffer коректор како стик во иста боја како пудрата, а се препорачува и да е иста марка, а и така полесно ќе ги погодиш нијансите
Јас веќе ја порачав на римел стеј мат камената пудра. Прочотав добри коментари за неа, ми беше препорачана уште одамна а и цената ми одговараше. ДАЛИ НАПРАВИВ ЛОШ ИЗБОР? П.С. лесно можам да ја сменам порачката
Јас одамна ја имам купувано, мислам дека ја платив 820. Сега не знам како се движи цената, би требало да е нешто слично, нека каже некој што скоро купувал. Јас одамна се откажав од пудрите на Буржоа.
Девојки знам дека наназад има многу страни во врска со ова прашање, ама сите препорачувате многу пудри и едноставно не можам да се снајдам не знам која да ја одберам. Ми треба пудра да е добро покривна за мрсна кожа, ја имам користено Римел Лестинг Финиш.. ја користам неколку месеци читав дека ја фалевте, е ама изгледа кожата ми се презасити од неа и почна неубо да ми изгледа како да имам брчки.. изгледа престана да ми одговара, и над неа користам камена пудра од Голден Роуз бидејки Римелот не беше баш мат.. ми светеше на проблематичните зони. Кога ја купував Римелот, ми ја препорачаа и Менхетен црната ама таа била многу тешка пудра за денски и лицето го правела буквално како цементирано. Читав позитивни критики и за Буржуа 123 дека исто така била покривна, ама таа е поскапа. Е сега ако можи совет да ми препорачате некоја добра течна и камена да одговараат заедно, бидејки овие двете што ги користев во комбинација не ми беа баш погодени. Имам светол тен прилично и тешко да погодам нијанси. Еве двете нека се до кај 500 денари, бидејки секој ден користам пудра и не ми се испла а да земам некоја скапа а ада ја потрошам за 2 недели.
MayDiamonds можеби ти е до камената, бидејќи сега времето е посуво и поладно. Стави прво крема за лице и почекај некоја минута да ти се впие, па после стави пудра.
Јас сум во фаза на пробување на Rimmel пудрите, од причина што многу бев задоволна од lasting finish едицијата. Но ете, лицето ми се презасити, и од Т зоната можев комотно да наполнам пола шише зејтин. Ја купив оваа, ајде велам, мат е супер,ќе ми помогне со проблемов, зошто задоволна бев од претходната, покривност повеќе од солидна за тие пари... ама не се повтори тоа и со оваа пудра. Го купив истото бројче како и на lasting finish, 200, затоа што немаше тестер да го испробам, и си реков- ајде, не треба да има голема разлика во нијансите,ама се зезнав. Доста светла нијанса,за разлика од истиот број на lasting finish, а и јас со светол тен, покривност слаба накај никаква, како крем за лице. Ниту тенот не го изедначува, без разлика на кремастата структура. Се помирив со судбината,и со залудно потрошените пари и во комбинација со една потемна што ми заостана, вршеше работа, за да ја потрошам. По 2 недели почна да ми мириса остро, како на алкохол и ја баталив. Наредниот месец, после платата реков дека ќе дадам уште една шанса на Римел и ја земав оваа И реков, ќе се правам шизик на ризик па сега... нема да биде првпат да лупнам пари за нешто што не вреди, не по моја вина Е веќе ова вредеше. Структурата е слична на првата пудра, се прилагодува на лицето веднаш штом ја размачкам. Ја земав soft beige нијансата. Ја користам веќе една недела, и без камена пудра не светнувам во Т зона негде 5-6 часа. Лесна е, а и пакувањето е погодено, со пумпица, чиста работа. Ја препорачувам за нормална до комбинирана кожа, за оние кои немаат посериозни проблеми со кожата е супер. Цената е некаде околу 500тина денари.
Во Космо има попуст на пудри месецов. 1. 123 BOURJOIS PERFECT e на 18 % попуст,од 820 е намалена на 672 денари. 2.Deborah milano 24 ore е на 21% попуст,т.е од 670 е намалена на 529 денари. 3.Manhattan easy match е од 540 денари намалена на 469 денари. 4.L`oreal mat maqiue е намалена од 551 денар на 440. 5.Manhattan pefect adapt е на 20% попуст,од 540 на 432 денари. Супер за претновогодишно частење.