Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Течна пудра за лице

Дискусија во 'Лице' започната од angel, 23 ноември 2009.

  1. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    како сте задоволни од оваа пудра, за каква кожа е? покривност, трајност? гледам на попуст во космо е со цена од 469
     

    Прикачени фајлови:

    • pudra.jpg
      pudra.jpg
      Големина на фајлот:
      25,1 KB
      Прегледи:
      456
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.004
    Допаѓања:
    81.342
    Пол:
    Женски
    ^ Пудрава е со помала милилитража, 27 мл мислам дека беа. :^)
    Ваквите пудри од старт ги бришам од листа. ]:)
    Шала на страна, има убави нијанси и средна покривност која може да се надоградува до баш солидна и јака.
    Иако кога ќе шприцнете на рака можеби ќе ви се види течна, верувајте дека се матира за кратко време.
    Има мат финиш и лесна структура, дури нетипично за мат пудра од Менхетн, ама навистина е супер.
    Ми се допадна мене, но сепак не би дала петстотче (уште еднаш) за пудра која не е стандард 30 мл.
    Ако ми збогтиса од Севентин компанија може ќе се предомислам, хи ноус. :D
     
  3. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Што пудра е L'oreal matte magique, штом е мат сигурно е за комбинирана или мрсна кожа, ама ме интересира дали некој ја користел и како е задоволен во однос на покривност, трајност и сл.
     
  4. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    И јас дојдов со истото прашање како Карина.
    Пред некој ден пробав од тестер во Космо, на прв поглед ми се виде покривна, а и си најдов нијанса складна на мојот тен.
    Во Космо е 440 ден. со картичка.
     
  5. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    А колку мл е за тие 440 ден ? Гледам има богат избор на нијанси, е сега јас на нет видов, не знам дали во Космо ги има сите..
    И ме интересира многу каков подтон има, да знам ако е накај црвенкасто да ја баталам одма.

    За овие другиве збор два што се намалени, која е добра за комбинирана кожа?
    Видела жена попуст, па требало не требало пудра, мора да купи :|
     
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.004
    Допаѓања:
    81.342
    Пол:
    Женски
    ^ 25 мл е, јас ја имам, т.е. ја имав зашто ја дадов на мајка ми.
    Покривна е пудрата, ама ако имате така доста покрупни акни и посериозни кожни проблеми или нешто слично, не верувам дека би ви била од корист.
    За делумно чисто лице кое повремено се нафрла е супер за парите. Милилитражата е тапа, мене не ми се дава петстотче за помалку од 30 мл, ама така е со речиси сите пудри на Лореал за мрсна кожа.
    Мат ефектот не е нешто којзнае какво, ама се задржува на лице неколку часа. Мене ми издржува преку сила 3 часа, со фиксатор Есенс или камена пудра.

    Единственото нешто што не ми се допаѓа е тоа што ако не дај Боже гушнете некој ќе му оставите трага.
    Некако мека ми беше и кога и да се допрев по лице ми оставаше трагички по прстите. Не е лоша, за 440 денари е супер, ама малецко е тубичето, да си имате предвид.
    Најмногу ми се допаѓа структурата зашто е таква пенаста и мислам дека за комбинираната или мрсната кожа ваквата формула е рај, а исто така зрнце ситно како грашок е доволно за да го покриете целото лице, но сепак не е нешто за паѓање на га*.
    Дали дека јас очекував многу повеќе од фирма како Лореал не знам, но во секој случај е добра пудра.

    П.С. Јас ја имам најсветлата која ја има кај нас, а тоа е 02 rose ivory. Да, има розеникав подтон, но не е таков апла розево како кај некои пудри па да се чувствувате како Пиги од Мапет Бејбис. :D Суптилна е нијансата, не се познава дека е со таков подтон. Другите се со жолт подтон но мене ми беа доста потемни. Инаку има кај нас 5 нијанси мислам, колку што ме држи сеќавање.
     
    На LilBaby и karina8 им се допаѓа ова.
  7. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Таман да пишам, Мишела ме претркала. :D
    Фала ти многу, ќе ја земам во предвид, ја таксав, жена мора се да проба. :D

    Само да додадам, колку што забележав имаше 5-6 нијанси. И има жолт подтон таа нијанса што ја пробав 3ка нешто беше, што и за мене е плус. Гледам доста позитивни критики на нетов, на уиш лист ми е ставена веќе. Фала, молам!
     
  8. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.346
    Жени, а која пудра е за посуво лице? :?:

    Патем користам Макс Фактор, ама сакам да сменам некоја друга.
     
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.004
    Допаѓања:
    81.342
    Пол:
    Женски
    Пробај ја на Менхетн оваа.
    Ми рекоа дека е за суво лице, ја видов онака у пролазу и навистина не е мат (проверено), дава така природен сјај и освежува. На покривност не знам каква е зашто не ја користам јас, но според коментарите, а и според тоа што го видов, богами ми личи на солидна пудра за сува кожа навистина.
    [​IMG]
     
    На Feodora му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Во Schatze има попуст на Bourjois Flower Perfect + маскара Bourjois Ultra Black за 830ден.

    [​IMG]
     
  11. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    По мене, само за многу мрсна кожа е.
    Јас имам комбинирана накај мрсна кога ставам само од оваа Лореал воопшто не изгледа убаво, како суво ми го прави да ми изгледа лицето. Јес да тоа и е фукнцијата, да го матира, ама за мене е претерано. Не е многу трајна максимум до 4 часа и не е нешто покривна.

    Јас и најдов финта, си ја мешам со една друга пудра што ми беше премногу течна и таман ми доаѓа. Ама сама по себе воопшто не ми се допаѓа.
     
    На karina8 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. rak4estip

    rak4estip Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2012
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    228
    Se izvinuvam za latinicata ama od mob sum. Sakam da ve prasam pogreska taa sto mi poracuva pudra pogreska mi poracala mat pudra a treba da ja smesam so sjajna zatoa sto taa mi e mn svetla sto mislite ke mi ispadne li dobro poradi toa sto ednata e mat a drugata e sjajna
     
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.004
    Допаѓања:
    81.342
    Пол:
    Женски
    ^ Ќе добиеш некоја си полумат пудра која и покрај минималниот мат ефект пак ќе ти сјае по малце. Во секој случај, дефинитивно мат ефектот ќе биде „омекнат“.
    Пробано ми е милион пати и дефинитивно не е за моето лице ваквата комбинација зашто многу светнувам, но ако ти одговара - супер. Пробај си. :)
     
    На rak4estip му/ѝ се допаѓа ова.
  14. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    8.573
    Пол:
    Женски
    Девојки јас гадно се зезнав со онаа црната на менхетен за мрсна кожа.
    Текстурата е како паштета, иско како пластелин да истиснуваш од тубичката, кога ке ја стиснеш буквално остануваат вдлабнувања од прстите на амбалажата.
    За покривност се зачудив со оглед на тоа колку е фалена, се си мислам дека сум земала некоја фалсификат :tmi:

    Сеа гледам ја има оваа пудра на попуст, некаква критика, пофалба за неа?
    Или најубаво да се проба :^)
    [​IMG]
     
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.004
    Допаѓања:
    81.342
    Пол:
    Женски
    Симонче, јас спомнав пред некое време дека ја пробав ама ми беше премногу течна и слаба со матирачкиот ефект. Колку и да е покривна, штом не е доволно мат - ништо од бизнисот, барем кога се работи за моето лице.
    Пробај ја, има тестери насекаде и нијансите се супер, јас дури и си одбрав една навидум совршена, но навистина не знам дали ќе ти се допадне како покрива.
    Супер изгледа на лице и дава убав и свеж изглед, ми се допадна, само уште да беше нешто повеќе мат. :?:
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Хелти миксот е со подарок маскара во Космо. Маскарата незнам каква е, ама пудрата е совршена за сува кожа. Долготрајна со средна покривност и иако е за сува кожа не прави лицето да свети. Цената е 790 денари. Супер акција :)
     
    На la-chicka и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
  17. vikiimacko

    vikiimacko Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    44
    вчера бев во космо зебра и по препорака на моја другарка ја земав Estee Lauder Double Wear - Light течната пудра! имам само да кажам дека е прекрасна ....претходно две години ја користев Vichy Aera Teint Pure! но оваа е супер....многу многу малку треба да се нанесе биквално една капка за цело лице....мат е одговара за масна или комбинирана кожа (јас имам сува на образите со масна Т-зона) како и многу девојки овдее и верувајте дека имам пробано многу пудри од оние најефтини до најскапите како на Диор и сл....но ова е топ! Класичната Estee lauder Double Wear е малку по тешка а оваа е баш за секој ден! значи покрива не треба пола пудра да ја ставиш за да личиш на нешто не се приметува воопшто на лице и може да стои цел ден буквално цел ден! ја вадам иначе со обично влажно марамче само малку нормално повеќе тријам за убаво да се исчисти! после тоа лицето го мијам само со вода и сапун (или купка) после тоа ставам hemel крема и тоа е тоа! иначе и за под пудра ставам hemel крема која е впрочем масна а не го мрси лицето него баш го негува и му дава влажност! знам дека е скапа чини 2.800,00 ден.ама луѓе подобро човек да даде повеќе пари барем за лице а да заштеди на други глупости! јас барем ако немам за добар кармин ставам лабело само ама на пудра не штедам! последиците знаат да бидат ужасни поготово со тие импали и што ти ја знам какви се не купени од пазар на темтература од 40 степени....ужас
     
    На karina8 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    И јас имав Estee Lauder пудра за сува кожа и беше супер, само сега не ми се даваат толку пари. И Cliniqie Supermoisture ми одговараше, ама во Cosmo на попустот веќе нема останато.
    Вчера ја зедов Matt Magique по втор пат, и иако не е за сува кожа, мене ми го прави фантастично лицето, а и бојата 02 има розев подтон што совршено ми одговара. Секако под неа користам хидратантна крема, па претпоставувам дека таа помага да не се исуши лицето.
    Има некој користено L'Oreal Lumi Magique?
     
  19. vikiimacko

    vikiimacko Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    44
     
  20. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.543
    Допаѓања:
    5.892
    Барам но никако да најдам..
    пудра мат за мрсна кожа (комбинирана -поради некоја акна) ...
    т.е. сакам пудрата да биде покривна и да не свети ко лампион кога ќе се стави на лицето..и да не изгледа како да имаш пудра...ете и лила стојановска/филиповска има "решето лице " -кожа па на се или нешто кооолку и е убавоо..нешто такво барам поззз.. :)

    предлог?? / искуство?