Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Течна пудра за лице

Дискусија во 'Лице' започната од angel, 23 ноември 2009.

  1. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Пред некој ден од дм маркет ја земав пудрата негде околу 300 денари беше но нешто не ум задоволна
    остава траги на лицето како грутчиња а тоа најмногу го мразам кај пудрите мат пудра е но не ми се допаѓа
     

    Прикачени фајлови:

    • 06588728l.gif
      06588728l.gif
      Големина на фајлот:
      192,2 KB
      Прегледи:
      264
  2. MejkApGirl

    MejkApGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    58
    А знаете што? Ми се здосади од тој сјајниот изглед од секоја пудра што е за сува кожа. Стварно е досадно секој пат да ти сјае лицето. И камена одозгора да ставам- не е тоа тоа. Ајде разбирам зима е, кожата се суши, со тоа го враќаме природниот сјај на нашата кожа. Но, кај одело смоуки ај со сјајна кожа? Во потрага сум по мат пудра што нема да го доисуши сувото лице. Навистина би сакала да сменам :?:
     
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.004
    Допаѓања:
    81.342
    Пол:
    Женски
    ^ Зошто не ја пробаш новата на Мејбилин - Affinimat ? Има релативно ниска цена и мат ефектот не е така јак за да и' наштети на сувата кожа. Плус, хидратантна е и доста течна, па можеби ќе ти се погоди штом бараш таква пудра.
     
    На MejkApGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Потешкое да најдиш мат, а да не го суши сувото лице.

    Побарај тестер од најновата на WHIPPED CREME foundation од Максфактор. Не е многу скапа мислам. Можеби ќе ти одговара. Мене ми е многу сувкаста, прашкаста, не ми е убава. Но, покривна е. И мат.
     
    На MejkApGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Мене L'Oreal Matt Magiquе врз хидратантна крема не ми го суши лицето, а камена не ставам воопшто.
     
    На MejkApGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. 2013

    2013 Активен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    28
    Девојки како се вика белото под оците што се мачка и на над јаболкниците?? Сакам да си купам ама неѕнам како да го барам, ако ѕнаете на што мислам,Помошш :)
     
  7. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752

    мислиш на коректор ?
     
  8. 2013

    2013 Активен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    28

    Незнам дали е коректор, мислам дека не е, имам коректор, ама ова е специјално бело онака скроз бело, само да најдам туторијалот на јутуб и ке го постирам да покажам на што мислам :)
     
  9. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    Хајлајтер?
     
  10. 2013

    2013 Активен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    28
    Можно е да има логика :) неможам сега да го најдам видеото ама иѕгледа така се вика хаха фалааа многуу :clap:
     
  11. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.444
    Допаѓања:
    91.754
    Пол:
    Женски
    Ја купивме со сестра ми пред 3 часа за неа, таа има нормална кожа, добро де со малку мрсна Т зона. Сакав и јас за мене да си купам пудра, но не ми се даваа многу пари, а и оваа ми прилегаше и мене со нијансата (не знам како кога таа е многу посветла од мене :^) , но небитно), па решивме да се шлепаме со една.
    Кога ја нанесе кај сестра ми, баш на флеки од мозолчиња погоди и многу убаво покри. Флеките беа доста темни, големи, а речиси и не се познаваа со пудрава.
    Кога ја пробав јас многу убаво ми се слеа со тенот, речиси и да не се познава. Е намерно не ја избришав за да видам колку ќе трае, а и некако поинаку ми е кога ги тестирам по дома и кога сум излезена. Пудрата е доста течна, ама брзо се упива и не остава траги на прсти на пр кога ќе се допрам за лице. Може да се стават повеќе слоеви и да не се познава.
    Е сега кога се погледнав во огледало после 3 часа бев прилично разочарана. Лицето почнува да ми блеска, а на посувите места се собира многу. Мислам дека 3 часа се малку за да толку блеска, значи јас не би ја препорачала на многу мрсна кожа.
    Во Космо е 350/360 ден.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  12. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    8.573
    Пол:
    Женски
    Марама а ценава во космо е со намаление или редовна цена и е толку?
    Мене ми е важно да е доволно покривна, и баш сакам да не е толку со матирачки ефект.
    Оваа на менхетен многу прашкасто делува кога ке се нанесе на лице.
     
  13. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Чисто да си знаете, L'Oreal Mattе Magiquе е истата, ама сосема истата од онаа јас што си ја препорачував претходно, мусот што беше во стаклена опаковка.
    [​IMG]
    Иста, сосема иста, може малку поводеста, ама поубава а користење, порактична.
    Оваа е за ептен мрсна кожа, како да немаш пудра и не е ич покривна, само матира и изедначува, мене ми беше погодена кога сакав да не се познава дека имам пудра а да не светам на т-зоната и да ми биде изедначен тенот,како пудра-крема во таа смисла.
    Сега е и поефитна, 500 и некој денар, порано беше 600 и кусур, јас пак би си ја купила, зашто ми одговараше дење посебно во лето, зашто не е тешка и не е препокривна.
     
  14. mimoza.mk

    mimoza.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    852
    Девојки дали некоја би можела да направи споредба на нијансите од Seventeen Time + и новата Mat +??
    Од првата имам користено 02 ама структурата на пудрата не ми одговараше иако ја купив како наменета за комбинирана кожа.Дали се исти нијансите,оваа 02 ептен ми беше погодена нијанса?
     
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    Вчера се убив од пробување нијанси во Космо од новата Севентин Мат + и не можев да се одлучам. :(
    Мислам дека најблиску до тенот ми одговара 3 Natural beige, ама некако пак чудна ми беше нијансата, дали е до светлото, или сепак друго е кога пробуваш на лице и рака... не знам.
    Ама вака текстурата на пудрата ми се виде одлична, иако мирисот е чуден, но ок, се трпи.

    Го испробав и пан стикот на Макс Фактор, многу солиден навистина, и на крај, жена како жена не купив ништо. |(
    Т.е. ништо од Космо, купив пудра во стик на Витаскин од Рубин од производите на попуст и за секојдневна употреба со камена е добра.
    :)
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  16. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Најзадоволна покрај пудрите на Виши сум од Clinique. Прекрасна лесна, а покривна текстура, на природна база. Пред неа имав на Менхетен фото финиш, и толку грда пудра немам испробано. Леплива, затвара пори, потиш, со еднен збор утка. До сега од наведениве две супм најзадоволна.
     
  17. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.444
    Допаѓања:
    91.754
    Пол:
    Женски

    Цената е на попуст, редовна е 450 мислам. Не знам до кога ќе е на попуст.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kitty.m

    kitty.m Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2012
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.906
    Пол:
    Женски
    Мене не ми се погоди севентин мат + (пресува ми е за овој зимски период ) па ми ја препорачаа Loreal Infallible [​IMG]. мислење... ја користел ли некој ?
     
  19. 2013

    2013 Активен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    28
    Јас користам веќе две години една иста LOREAL , само бојата ја менам летно време кога се сочам а со оглед на тоа дека имам луѕни од акни многу сум задоволна, еептен ми прекрива, друго што е многу лесна на лицето не ни осекаш дека имаш ставено пудра, многу лесна е и течна, чудо ми е мене :) и трето овде кај мене во Германија кошта 10 евра а кај нас во Скопје последен пат ја платив скоро 900
     

    Прикачени фајлови:

    • 112810246.JPG
      112810246.JPG
      Големина на фајлот:
      86,8 KB
      Прегледи:
      305
  20. Nade-sunrise

    Nade-sunrise Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.694
    Пол:
    Женски
    Девојки препорачајте ми покривна пудра за лице сконо кон акни. Јас ја користев maybelline affinitone mineral, на поклон ја добив, ама лицето многу ми се нафрлува од неа, а и не е кој знае колку покривна. Иначе имам комбинирана кожа, мрсна (ама не многу) на чело и нос, а сува на останатиот дел од лицето. Значи битно ми е да е покривна, да не предизвикува нафрлување на лицето и да изгледа поприродно на лице (да не остава траги како лишаи да изгледа дека имам :@ )

    Јас радо би ја пазарила estee lauder double wear max ама немам толку пари моментално, а мене ми треба пудра итно затоа што оваа што ја имам сега иде директно во канта :devil: