Оф леле маки со тоа пудрите и јас имам комбинирана кожа и си светам една моја другарка со комбинирана кожа користеше Маx factor и се фалеше дека е многу убава и таман си ја купив јас за првпат некаде 690 беше - другарка ми ми рече дека ја измелезиле во последно време и не вреди за парите воопшто и ни до пола не ми е потрошена а размислувам да си купам друга а незнам каква
Зависи каков тен имаш,бидејки и најсветлата нијанса делува портокалово, ти викам јас сум ептен со бел светол тен мене ми е портокалова.Доколку си така потемничка со тенот можеш да ја користеш
Абе мене не ми свети воопшто,ама онака кога ќе си го допрам,како да ми лепи,па уште ако е влажен воздухот...а плус е тоа што,како да не ми упива во кожата,туку како да си седи на површината,се гледа едноставно.А башка имам константен проблем со нијансите.Имам специфичен тен и значи никогаш немам најдено идеална нијанса,приближна барем. Знам од гледање едно девојче,има тен како мојот ист,секогаш и е убаво изедначен тенот,прекрасно изгледа,како нацртана ми е,воопшто не и се познава пудрата,како природна е.Ми иде да ја застанам и да ја прашам некогаш,можда и за манијак ќе ме смета,може ќе ме натепа,ама тоа ми е последна надеж.
Оваа ќе си ја купам, само да решам која нијанса..Во Јуник ја има така Сакам да знам каде се цените најповолни, да си влезам и да ја купам..нема да имам многу време да разгледувам Инаку светол тен имам, ама не претерано светол..и светло смеѓа боја на коса Ич несакам нијансата да ми е многу потемна..ама и многу светла е лошо ако ми се погоди.А овде гледам има само 3 нијанси
Па добро 450-480 не е нешто многу,мене ми е да не давам по 800 денари.Фала,како и да е гледам сите ја фалите маенхетен,ја гледав во верото ново малку не ми се допаѓа мирисот,ама ќе видам може ќе ја земам
Леле а јас скоро една година ја користам и немам приметено каков и е мирисот а и сега неможам да ја мириснам бидејќи неможам да дишам а не пак да мирисам
Мене и двете ми се убави, но оваа ти што си ја постирала ми е подобра. Иако ги менувам еднаш ваква друг пат таква. Ама можеш да ја пробаш.
Си ја купив оваа , ама уште ја немам пробано, вечер ако излегувам ќе ја пробам. Ја има некој користено ?
Веќе неколку години ја користам течната пудра на Impala и сум презадоволна. Не планирам наскоро да ја менувам, евтина е, а и долго ми трае.
Не штедете на такви производи. Ефтина е - да, ама на три другарки мои им се исфрла лицето со мозолчиња зошто таа пудра е на база на масло. Штом престанаа да ја користат им се повлекоа и лицето им се исчисти.
Ја има некој друг користено оваа на Loreal - true match, сакам да ја пробам ( посебно откако го изгледав видеото на Sephora ) и ме занима дали е само за навечер или може и за преку ден да се користи, и од прилика колку е?
Си ја користам на Golden Rose и сум презадоволна, ем е хидратантна, ем добро покрива, чини 270-280 ден. Имам користено на севентин и менхетн, ставав и од на мајка ми макс фактор што исто убаво си покрива само е за постара кожа и дојдов до заклучок дека оваа највеќе ми одговара ради тоа што имам комбинирана кожа на лицето. Зимно време имам неверојатно сува кожа дури и ми се лупи кожата на носот, нарачав една од орифлеим чисто да ја пробам, демек ја влажнела кожата па ке видиме. Ако ништо друго ке си се вратам на мојата
Лелеее, од оваа почудна пудра нема Како вода е, а инема соодветна нијанса, сите се измеѓу. Може и до мојот тен е Кој знае, ама еднаш во средно ја користев и веќе не
јас ја користев пред неколку години убава беше покриваше, ама јас имам мрсно лице па не ми одговараше баш....а за цената мислам дека е од 720 до 800 не знам точно