Според мене, мора барем нешто да ставиш под пудрата. Не се сите кремови мрсни, има наменети за мрсна кожа, што би значело дека се врз база на вода. Знам на нивеа има таков, а веќе ако не сакаш крема, барем прајмер, т.е. подлога стави. Имав порано сретнато на Гош, гел подлогата врз база на силикон, што значи ќе ги пополни брчките (ако ги имаш) и ќе го направи лицето мазно, па така пудрата ќе лизга на мазна површина. Или еве немора да е таков, било каков прајмер или крема, сигурно ќе го смени изгледот на пудрата на твоето лице.
Немам брчки не сум престарена се надевам 18 години не се многу Не сакам да ставам секакви чуда на лицето бидејќи имам прблематично лице, затоа се обратив овде во темава ако знае некој да ми препорача некоја подлога или крем која би ми одговарала на кожата. На парфимериите не им верувам многу затоа не сакам нив да ги прашувам за предлози бидејки гледаат да продадат нешто по скапо или она кое нив им одговара а не на клиентите, ме зафркнале со пудри многу пати и затоа немам доврба во нив. Вака овде сепак има некој што знае и има искуство и се разбира во тие работи и подобро би ми посочил одколку продавачките. Која подлога или крем би ми одговарале помош некој?
Женски гледам во шатци имаат акција: Artdeco Rich Tretmanet со подарок нај продаваниот коректор од Artdeco Camouflage Cream 860 денари Коректорот го користам и сум задоволна, но дали пудрава ќе одговара на мојата комбинирана кожа, суви образи, мрсна т-зона.. Дали е лесна или потешка пудра?
исто и мене ме интересира за пудрава од артдеко и колку чини само коректорот ако знаете? да не се летам по пудрава ако не се исплати многу понудава
Коректорот е околу 400 денари и е одличен, а исто и пудрава. Не е мат, покрива солидно и има солидна трајност, НО шишенцето е стаклено без пумпица (има шпатула) и има само 20 мл, што за редовната цена која ја има е навистина премногу скапо. Се исплаќа, меѓутоа имајте предвид дека пудрата би ви траела нешто помалку од оние стандард пакувањата од по 30 мл. Иако нели не мора да значи, ама барем кај мене секогаш било така со овие помаливе. За сува и нормална кожа е идеална, за комбинирана не знам и за мрсната кожа не би знаела да кажам како ќе реагира - мене не ми беше добра зашто пребрзо светнував во мрсните делови.
Se izvinuvam za latinicava od mobilen sum, Sakam da ve prasam dali nekoj ja koristel ovaa pudra na Artdeco long lasting? I sekako cenata ? Eden mal izvestaj ... Se mislam pomegu nea I Vichy derma blend, inaku imam kombinirana koza...
^ Јас сум 100% сигурна дека пудрата Rich Treatment на Artdeco доаѓа во шишенце од 20 мл. Баш пред некој месец и друга феминка која ја користи истата пудра се пожали за малата милилитража.
колку нијанси има од севентин мат плус? гледав на интернет дека има 7,меѓутоа дали сите ги има кај нас? Севентин натурал велвет ја користев 3ката па според тоа што читав овде најпогодна за неа би била 2ката од мат плусот. Во Битола ако знај некој каде ја има нека ме извести
Сеуште не користам пудра за лице затоа што немам потреба,лицето ми е чисто,немам акни а кожата ми е нормална. Единствено ретко некогаш може да ставам малку коректор ако ми излезе нешто,колку само да го прикријам.
Девојки, бидејќи јас не се разбирам за пудри, ќе може ли да ми препорачате некоја квалитетна пудра за мрсна кожа склона на акни со мат ефект и да има средна до јака покривност. И ако може да ми кажете каде да ја најдам и која е цената. Благодарам.
600 мислам беше Дефинитивно следна пудра ми е. Севентин велветот ми беше добра, само што кожата некако не ми ја впиваше убаво, и не дај боже да се потпрев на нешто со лицето. Се осеќав ко робот, а и брзо светнував. Моментално имам Буржоа flower perfection, и не сум баш задоволна. Покривна е, ама ни оваа не ми се впива убаво некако, а и нијансата си ја утнав малце. Аман веќе со тие нијанси! Ја пробав оваа Севентин мат+, и мислам дека е совршената за мене. Десетка!
Пудрава е 980 денари, имам пробано само тестер и не можам многу да ти кажам, но не е лоша меѓутоа виши има далеку поголема покривност. Само ако имаш лице кое брзо ти светнува не ти ја препорачувам виши, затоа што после 2 часа ќе светнеш.
Двојката од Мат Плус ќе ти биде многу темна. Дури и кецот е потемна од тројката. Не се ориентирајте по нијансите на Велветот зашто не се исти вооптшо, тоа неколку пати го спомнавме претходно. Инаку, не е 660 денари, туку 609.
Ајде и јас за Seventeen Matt Plus. Прво - многу внимателно со нијансите. Јас земав 5ка затоа што од Natural Velvet користам 7ца, и мислам дека ми е малку потемна. Лаже осветлувањето во Cosmo, а и 4ката ми се чинеше пресветла. Пудрата е многу мат. Помат и од Natural Velvet. Веднаш по нанесувањето добива убава мазна структура, совршена е за мрсна кожа. За мојата комбинирана изгледа по малку прашкасто на образите, но ништо страшно. Ми стоеше цел ден (8 часа), тешко се вади. Не светнав воопшто, со нанесена матирачка крема претходно и мат камена пудра потоа, а можеби и затоа што лицево не ми е толку мрсно периодов. Прв впечаток - океј е, само не очекував да е толку мат. Или пак можеби кожава ми се изменила, претерувам со матирање во последно време Natural Velvet или Matt Plus? - Ќе си останам на старата, Natural Velvet. Ми изгледаше многу поприродно и полесно, иако ќе треба подолго да ја користам вторава за да донесам конечен заклучок