Девојки , сакам да ве прашам за мислење. Сакам да купам пудра во прав и камена пудра, се двоумам помеѓу артеко и менхетен пудра во прав,таа од артеко знам дека е предобра,но ако е добра и од менхетен да не давам дупло пари за артеко.А за камената,се мислам помеѓу боржуа и менхетен. Не сум ги користела овие до сега, па затоа ме интересира за мислење,неможам да се одлучам,имам комбинирана кожа
За камена според мене подобра е bourjois, барем за моето лице беше така.Menhetenot некако многу ми го сушеше лицето, а имам комбинирана кожа.
Подобро одлучи се за едно - или камена или пудра во прав. Функцијата им е малтене иста - и двете служат за фиксирање на течната пудра и пролонгирање на мат ефектот (во најголем број случаи). Јас ја имам користено компактната камена пудра на Менхетн и навистина бев многу задоволна од неа, а пофални зборови редевме и повеќе од доволно за Хелти Микс Баланс на Боржуа. Артдеко не сум користела, но не се сомневам дека се работи за квалитетна пудра ако се раководиме според квалитетот на нивната козметика онака општо. П.С. Не барајте покривност од камена пудра, не и' е таа намената, побогу. Како всушност може да покрива камена пудра која се нанесува во минимални количини не ми е јасно навистина.
Па и двете ги користев по одамна сега веќе не користам камена пудра, ама немаше некоја голема разлика меѓу нив, средна е покривноста ама не можам да споредувам со некои други зошто не знам, не сум пробала, сепак убави се за над течна пудра Едит: Мишела па има малце покривност, се гледа дека е по еднаква бојата доколку се стави на цело лице, но сепак не е премногу
Па добро, може и јас сум, и ? Сигурно не направив смртен грев со прашањево. Не ми е јасно затоа што не е логично камена пудра да покрива пред се' поради самата стуктура. Ако се работи за пудра во прав, без разлика дали е минерална или обична, тогаш би можело да се дискутира на тема покривност, но не онаква каква што би понудила комбинацијата течна пудра + коректор, а тебе како професионален шминкер ова одамна би требало да ти биде познато, just sayin'.
Не бе нема што да ти објаснувам ,се си знаеш,сите пудри ги имаш пробано упс тестери Секој шминкер си има свои финти, па нема да ти откривам зошто ми е битно камената да покривна,т.е што повеќе покривна
Девојче, не ти ни побарав да ми објаснуваш, те молам немој да ми водиш вакви патетични муабети. А муабетот со тестерите ... како да ти кажам - аплауз. Да не случајно и евиденција ми се води за „кога-што-како? “ Небитно, да се вратам на темата. Ако ти е битна покривноста, Боржуа не е толку покривна колку Менхетн. Според мене Rimmel stay matte pressed powder или Rimmel во плавото пакување - match perfection се доста попокривни од сите претходно споменати. Првата е потрајна од втората и дава попрашкаст, поинтензивен мат ефект. И поевтини се од Менхетн и другите.
Ако си шминкерка КвинТ немаше да прашуваш, туку ти ќе ни кажуваше. Иначе, убаво кажа Мишела, а нејзе не и се сонаа твоите шминкерски финти. Сакав да кажа, пудра во прав, камена, и на крај лицето како фасада !!! А, имам приметено дека многу шминкерки знаат да шминкаат со многу тешки пудри, за да се покрие се, да се направи лицето кристално чисто, ама што е вештачко е превештачко. Убавината е со помалку шминка на себе да изгледаш поубаво.
Ха ха,јас морам и камена и во прав и течна и компактна,се да имам ,не значи дека сто тоа го шлапам на лице хахаха Добро од сеа не ве ни прашувам за мислење,свашта. Затоа што вие се знаете ,човек не ни може да ви каже нешто И за камената...штом има некаква покривност значи има некаква намена ,не е за џабе таква каква што е
Значи никој не те натера да објаснуваш туку ти кажаа мислење како да изгледаш поприродно или да изгледаат поприродно тие што ги шминкаш пошто ретко кој сака да биди шлакан со толку малтери на лицето како прво премногу ќе ја исуши кожата и ќе ја направи како крастава... Убаво ти кажа мишела течна плус квалитетен коректор и одозгора малку пудра во прав колку да ја фиксира шминката ти е пун погодок! Ем ќе изгледа свежо ем ненападно и луѓето нема да се осеќат како да ќе му падни лицето во секој момент! Верувај имам многу експериментирано ако не сум профи и помалку е секогаш повеќе А ова за тестериве-не го коментирам дирек си правиш грешен впечаток!
Да ви се вмешам во дискусијава, колку да ве исправам, камена може да биде дури попокривна и од течна, ако е високо квалитетна и професионална, нормално дека Буржоа или Севентин или Лореал нема да го постигнат тоа. И нормално мора да се нанесе со соодветна подлога. А за нанесување и камена и пудра во прав, мислам дека навистина треба да не ви работи логиката, потполно истото е, само што камената е компресирана и се нанесува поинаку (освен нели минералните пудри во прав кои се сосема друга тема ).
А ако си шминкер веќе зашто бараш само според твојот тип на кожа? Па ваљда не сите клиенти кои доаѓаат имаат ист тип на кожа како тебе. Ти гледам овде си бараш за твојата кожа, а не за давање услуги- шминка, зашто тогаш би требало да набавиш за сите типови кожа пудри, како и повеќе нијанси.
Гледаш како се си знаете,убаво си кажав, за твоја информација никој шминкер нема да ти извади пудра за секој тип кожа, секој шминкер користи за комбинирана кожа,затоа што е блиску и до мрсна и до сува. Мн паметни сте сите бре бре....значи прашав која од тие две камени подобра,и одма сите делите памет. Кажав тие две не сум ги користела,а не дека не знам што е камена пудра .
Па тоа уствари сакав и јас да го кажам, да не се очекува некаква си страшно голема покривност од било која камена пудра од фирмите кои најчесто ни се достапни на пазарот. Зашто тоа всушност и ни е достапно, тоа ни се нуди и на крај изборот гарант ќе падне на некоја од овие фирми, а реално, се сомневам дека некоја би давала енормни суми за професионална козметика за секојдневно шминкање за на работа/факултет или излегување. И тоа и ми беше интересното, дека сите кои го поставиле истово прашање за предлог попокривна камена пудра, не знам каква покривност очекуваат да речеме од Макс Фактор или Римел или нека биде и Голден Роуз. А друг муабет пак коментарите од пред некое време што ги прочитав - да се нанесе камена без претходно нанесена течна пудра, на суво лице. Мислам, шта речи ...
Козметичар на проблематично лице знам дека препорачува само камена за секој ден,во мали количини ,валда некој период,јас не би фала богу,плус и онака ја исфрлив камената од употреба,ама да,го имам слушнато ова.
Иди ти на некоја со екстра суво лице, стави и пудра за комбинирана кожа, па кажи ми колку добро си ја знаеш работата. Комбинираната кожа има мрсна т-зона, додека тие со сува, лицето им е постојано суво и уште толку ќе им стане суво со матирачкиот ефект што го има пудрата за комбинираната кожа. Абе изгледавте 5 видеа на youtube и сите шминкери станавте, од кога да ги шминкаш другарките и братучетките те прави професионален шминкер? Се професионалци кај нас, бре бре.
Не праша ти КвинТ ништо страшно, само се испонаша за без потреба. Прво прашуваш едно, а потоа ама јас сум шминкер... Иначе мислам дека Буржуа ти е подобра од камените пудри.