Гледаш како се си знаете,убаво си кажав, за твоја информација никој шминкер нема да ти извади пудра за секој тип кожа, секој шминкер користи за комбинирана кожа,затоа што е блиску и до мрсна и до сува. Мн паметни сте сите бре бре....значи прашав која од тие две камени подобра,и одма сите делите памет. Кажав тие две не сум ги користела,а не дека не знам што е камена пудра .[/quote] Иди ти на некоја со екстра суво лице, стави и пудра за комбинирана кожа, па кажи ми колку добро си ја знаеш работата. Комбинираната кожа има мрсна т-зона, додека тие со сува, лицето им е постојано суво и уште толку ќе им стане суво со матирачкиот ефект што го има пудрата за комбинираната кожа. Абе изгледавте 5 видеа на youtube и сите шминкери станавте, од кога да ги шминкаш другарките и братучетките те прави професионален шминкер? Се професионалци кај нас, бре бре.[/quot Ај жити се не треси глупости доста ти е, нема да и е суво не се секирај има што друго да се стави,дај не изигравај паметњакович, професионален шминкер ме прави курсот кај професионалец што го завршив и талентот, која си ти да збориш кога ништо не знаеш за мојата работа,да не се издавам која козметика ја користам и кај сум завршила курс затоа што добро ќе те замолчам. Само мрчиш тука,јас да не ти сум крива што сум шминкерка, извини тогаш. Ти кашувам секој шминкер дека користи за комбинирана,таа ми кажува братучеди сум шминкала,иди бре . Прво напад зошто прашувам за камена и во прав, второ напад зошто камената да бил покривна, трето ако сум шминкерка зошто сум прашала,четврто зошто сум прашала за комбинирана,петто ми давате часови за шминкање и за крај си гледала на јутуб видеа и ти си шминкерка? Страшн, страшноо
Оваа многу некултурна бе. Иначе да ве прашам за Макс Фактор општо мислење. Дали повеќето имате приметено дека се за помрсна кожа и доста тапацираат ? Или не ?
^ Нема некое правило дека се за мрсна кожа, напротив, мислам дека има избор и за оние со сува кожа. Солидни се на квалитет, многу многу солидни со оглед на цените нели, иако јас не ја љубам баш нивната козметика, факт е дека нудат доста квалитетни пудри. Омилена камена од Макс Фактор ми е дефинитивно Creme Puff, веднаш на листа после Rimmel Stay matte. Исто и бронзерот, уште ми е недотрошен и феноменален е, ама тоа во друга тема. Муабетот ми беше, има разновидни пудри, ако ти треба за мрсна кожа едногласно дојдовме до заклучок дека Facefinity е најдобра. Мене ми е троа чудничка, зашто ми мириса необично, но не е некоја болка за умирање имајќи предвид за покривноста која ја нуди. Си ја чувам за црни денови, да е жива и здрава Хипстер - човек едноставно не може да остане рамнодушен после толку пофалби.
Спојлер loreal mat magique Значи зборото МАТ ги сфатиле сосема сериозно. Лицето е апсолутно мат. Без грам камена пудра, без ништо врз него, цели 10 часа, ако не и повеќе. Убаво се нанесува, има прашкаста структура, покривноста е средна накај добра. Нијансите се малку проблем, одат од крајност во крајност. Или имаат пресилен розов подтон или прејак жолт. Пакувањето е 25 мл, убава туба. Нема некој карактеристичен мирис, би рекла ко безмирисна да е. 550 ден. во ДМ и Космо, 440 ден. на попуст со Космо картичка. Убава пудра за преку ден во секој случај.
Kaмената пудра се користи стриктно само за постигнување на мат ефект или може да се користи и за продолжување на трајноста на течната пудра? Знам дека за продолжување на трајноста на течната се користи база/прајмер но мене конкретно за каменава ме интересира
Камената пудра се користи за да се фиксира течната. Со самото фиксирање течната се задржува подолго време на лице и можеби малку потешко се брише, но тоа повеќе зависи од структурата на течната пудра и е друга тема на разговор. Мат ефектот е друга работа, зашто не сите камени пудри даваат ист ефект - некои делуваат „помеко“, други имаат баш поизразена матирачка способност.
Seventeen Mat+ , убава покривност и не светам конечно. нема некој мирис,ни лошо ни убаво мириса,неутрално. околу 600 денари е, јас првпат купувам пудра за мрсна кожа, и сум задоволна
Не сум Мишелка ама бидејќи имам мрсна кожа да си кажам Ако сакаш убава покривност ондак Флормар, нема да згрешиш, со пумпица е, чини 500 денари, можда сега е повеќе. Ако не ти е за огромна покривност оваа на Rimmel, која чини нешто помалку од 350 денари.
ако може да ми препорачате пудра али за сува кожа.. скоро сите пудри што ги имам се за мрсна кожа и воопшто не изгледат убаво.. ко лушпи ми се прават на лице.. по можност за изгледа природно.. не мора некоја огромна покривност.
Според мене најдобри се пудрите на Менхетен а имам пробано различни. На другарка ми лицето и го направи како на куклите по излозите, не се познаваше ништо, ама баш ништо!
кажете ми за пудрите на Ревлон дали има разлика во обичната и таа со 24ч (мислам дека само ваква во зегин имаше)...
Девојки ај мала помош. На пудрава што си ја купив пишува дека рокот е три години од датата не производство, а единствено бројче што постои на неа, е горе на работ, и стои 325207 Е сеа 07 е годината? 2007 ->'07 Ги изгњавив и моите дома, не знаат да ми помогнат. А пудрава е толку фалена, а мене воопшто не ми се допаѓа. Како пластелин е, многу е густа. Ја земав од ДМ, би ми ја смениле/вратиле ли ако ја имам фискалната? Сепак не се 200-300 денари во прашање.
Мислам дека таа бројка не е воопшто дата. Ако ја чуваш фискалната пробај да ја вратиш или да ти објаснат што е проблемот, до сега немам рекламирано производи во ДМ ама во други маркети ми заменувале со фискална.
Тоа и јас се мислам. Освен таа бројка нема никаква друга. На македонската декларација пишува само дека датата на производсво lot-кодот, е втиснат на работ од тубата. На работ стои само оваа бројка . Би одела да прашам, ама си ја купив од тоа Дм на битпазар, а таму девојките се крајно незаинтересирани за да помогнат.
За која пудра станува збор? За одредени производи можеш да видиш на интернет тоа е некој код и според него се гледа кога е произведен производот. Побарај дали ќе најдеш нешто ако не рекламирај ја во ДМ. Иако не е крива продавницата туку добавувачот, сепак тој е увозник и тој е должен да залепи декларација со роковите и од каде што како е увезена. Сепак мислам дека како и обично ќе си најдат оправдување и ќе пробаат да те смотаат.
Пудрите од ревлон се разликуваат по тоа што едната е за сува/нормална кожа а другата за мрсна кожа и двете се 24 чаовни. И во зегин се најевтини.
Девојки дали има некоја што ја пробала новата Stay matte на Rimmel? Читав доста пофалби дека е многу подобра од старата верзија,еве за оваа зборам