Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Течна пудра за лице

Дискусија во 'Лице' започната од angel, 23 ноември 2009.

  1. Aligator

    Aligator Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    19
    И јас сум презадоволна од оваа пудра, имам комбинирана кожа и со добра хидратантна подлога е супер
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  2. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    21.181
    Женски ке ве молам да ме просветлите малку...
    Немам многу експериментирано со пудра,досега ја користев импала,во почетокот ми беше добра,ама сега иако ставам 2-3 пати во месецот многу ми го исипува лицето.
    Сега сакам да пробам некоја поквалитетна пудра,ама незнам која!
    Кожата на челото ми е мрсна,помеѓу веѓите над носот и околу носот ми е сува,а на образите нормална,претпоставувам дека ми е комбинирана.
    Ако може да ми препорачате некоја пудра за ваква кожа која ке покрива добро и да е до800 денари.
    Да не отидам во парфимерија па да незнам отприлика што да барам. :*
     
  3. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Не можам уште да си поверувам дека ми ја украдоа чантата, за среќа пари немав многу пари и документите не ми беа во тој новчаник (среќа што ги менувам нонстоп, па сум ги заборавила во друг), но ми е криво за козметиката што си ја носев во неа.
    Пудра, два кармина, сјајче, парфемот, коректор и креми за раце. Не можам да ги прежалам, сега немам пудра за дневна варијанта затоа и сум на темава.
    Се тешам што барем има некои новогодишни попусти, па пак ќе фатам нешто на попуст. Препорачајте ми пудра, по можност да е на попуст? Не многу скапа, за секојдневна употреба. Инаку да, за комбинирана кожа станува збор. :(
     
  4. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    ^ До која цена отпрлика сакаш?

    Инаку кога сме кај попустите во Космо одамна не сум била ама на фб страната видов дека им е на попуст пудрата Face Finity од Макс Фактор (670). Вчера поминав до ДМ и забележав дека Bourjois 123 Perfect пудрата е на намалена на 615 денари исто така и L'Oreal True Match е намалена на 625 (само што оваа не знам точно дали е за комбинирана кожа затоа што ја немам користено до сега).
     
    На karina8 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.345
    Пол:
    Женски
    Лореалот, посебно оваа во никој случај за комбинирана кожа. Светка од километар ако имаш изразена т-зона, посебно во и околу носот и во делот кај брадата.
    За нормална и сува кожа е идеална, за овие другиве ни малку. :)
     
  6. Mihaela.P

    Mihaela.P Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2013
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    27
    Девојки по долг период решив да направам мала промена од аспект на пудрата, па би ве замолила да ми кажете искуство со пудрата на Флормар :)
    [​IMG]
     
  7. moliv4e

    moliv4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    29
    Во Космо има 20 % попуст на пудрите
    [​IMG]
     
    На karina8 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. chips.for.free

    chips.for.free Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2013
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    37
    си купив ваква пред точно 2 недели, во саботата. 340 денари од Веро.
    Не користам многу пудра за лице, па до сега само 2 пати имам ставано, ама пудрата е НАЈДОБРА! Значи, не е како да имаш ставено паштета на лицето, ама ти покрива се! и без коректор и без камена пудра, само од оваа ако си ставиш, пак ке изгледаш преубаво! Како Photoshop на лице ми е :D
    плус, на челото имам некои белези (пред пола година ми излегоа некои брунчиња таму, и јас наместо да ги оставам, ги кубев, и сега ваква ќе и бидам..) И дури и белезите не ми се познаваат ама баш ич! ;)

    и така, јас ја препорачувам :)
     
    На Mihaela.P му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Jordanovska-K

    Jordanovska-K Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    6.139
    Пол:
    Женски
    ^
    Која од горенаведените пудри на попуст во Космо е погодна за нормална/комбинирана кожа?
    Баш им е добар попустов, ја меркам оваа Creme Puff, интересно ми делува.
    AffinMat знам дека е за матирање, се мислам да си ја земам, баш е евтина сега.
    Друга од овие?

    и овие две пудри за каква кожа се?
     

    Прикачени фајлови:

  10. tanjabela

    tanjabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2012
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    138
    Женскии :D дали некоја има некакво искуство со пудрава?
    Сакам да си ја земам за нова година па ме интересира дали е покривна или не баш?
     

    Прикачени фајлови:

  11. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.630
    Допаѓања:
    106.637
    Пол:
    Женски

    Јас ја имам користено :) мене искрено ми беше малку тешка ,дали лицето ми се презасити од неа и некако тешко се размакува многу е густа, инаку е за мрсна кожа е и да покривна е
     
    На tanjabela му/ѝ се допаѓа ова.
  12. atopic

    atopic Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    32
    Bourjois презадоволна сум ја користам веке цела година и не ја менувам за ништо Ч)
     
  13. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.346
    Што мислите за Loreal infallible, дали е добра? Исто така има и четка за нанесување на пудрата?
    Вреди ли да ја земам? :?:
     
  14. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Течна пудра која дефинитивно ќе ја купам повторно. Совршена за мојата мешовита кожа. Презадоволна сум од покривноста. Но и кога нанесувам подебел слој, не остава ефект на маска. Дава нежен и природен изглед. Можеби нема да им одговара на оние со многу сува кожа, но мене воопшто не ми ги истакнува сувите делови на лицето.
    Пред нанесување задолжително хидратантна крема.
     

    Прикачени фајлови:

    На Hipster и SweetChild им се допаѓа ова.
  15. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.471
    Допаѓања:
    10.904
    ^Која е цената на пудрата?
     
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.345
    Пол:
    Женски
    ^ До крајот на месецот е на промотивна цена во Космо и чини 670 денари.
    Преубава е навистина, доста солидна пудра за комбинирана и мрсна кожа.
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  17. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    ^^ Прајмер т.е основа за пудра, коректор и пудра во едно е као пудрава на Макс Фактор ? Хмм, ептен примамливо за таа цена, ама некако невистинито. Подобро да си ја врши добро улогата на пудра, одошто вака вана би се, а на крај ништо..
    Не знам можеби е добра, штом Мишела вика така, верувам дека е.
     
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.345
    Пол:
    Женски
    ^ Карина, ако се мислиш уште за некоја поасална пудра - ова е тоа, се надевам дека ќе ти одговара, мислам дека имаме речиси ист тип на кожа.
    Јас многу пати сум кажала дека не преферирам козметика на Макс Фактор, меѓутоа за пудрава подзамижувам ептен, најверојатно дека ми одговара.
    Редовната цена и е 800 и некој денар, скапичка е, но вака на акции добива доста поприфатлива цена секогаш.

    Тоа дека е функционална како прајмер + коректор + пудра мало морген, ама мора да се направи некој маркетиншки трик за да ни се ококорат очите пред излог. :D
    Така беше и со Боржуа 123 Перфект - нели различни пигменти за различна намена, но навистина и двете пудри дури и за мрсна кожа не се баш погодни ако се нанесуваат без било каква основа, така да тоа им паѓа во вода. :lol:
    Како и да е, има одлична покрвност, солиден избор на нијанси и со малку се постигнува убав кадифен ефект, а замерка ми е само мирисот, ама се поднесува некако, не е некоја болка за умирање. :)
    Топло ја препорачувам.
     
    На karina8 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски

    Јас ја имам користено.Има многу мека текстура, солидна покривност, ама повеќе од 2 часа не издржува.Делува природно тоа исто ми се допаѓаше.Можеш со камена врз неа, јас тоа не го практикувам, затоа што не сум љубител на камени пудри, но ти можеш ако користиш.
     
  20. M.laDy

    M.laDy Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    798
    Пол:
    Женски
    Да се изјаснам и јас за пудрава од макс фактор :D
    Како долгогодишен корисник на ревлон пудрата, следна пудра од која сум задоволна е оваа а имам мн мрсна кожа. Издржува повеќе време без да светне, супер ми се прилагодува на лицето а и покривна е.
    Не сум љубител на козметиката на макс фактор, но оваа и камента пудра им ги сакам. :)
    Единствена замерка ми е тоа што нијансите им се многу светли :)