Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Течна пудра за лице

Дискусија во 'Лице' започната од angel, 23 ноември 2009.

  1. MilanoRedHead

    MilanoRedHead Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2012
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    20
    Женски,ве мооолам за помош! Ми треба пудра ИТНО! Си собрав пари и решив на ревлон да ја земам,таа за мрсна кожа...ама ми е страв дека ќе ги утнам нијансите :^) |( (ко и секогаш)...кажетр ми од ваше искуство,која нијанса да ја земам???
    (имам средно-темна коса,ама тенот ми е бел...не порцелан,нешто по темно од таа најсветла нијанса)
     
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.630
    Допаѓања:
    106.640
    Пол:
    Женски

    Вака ако ти кажеме од форумот која нијанса да ја земеш сигурно ќе утнеш ;) зашто не одиш и си пробаш најпрво на тестер, па/потоа да одлучиш која нијанса да ја земеш :) ќе си пробаш и ќе видиш

    [​IMG] еве ги од прилика нјансите да ги видиш
     
  3. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Нека ти предложи продавачката ако не можеш сама да процениш, ние без да те видиме нема шанси да ти кажеме нијанса, само со тоа што ни кажуваш дека имаш бел тен. :)
     
  4. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    ^^ Најголемиот проблем е што продавачките кај нас се толку незаинтересирани и неинформирани, што баба ти дома да ја прашаш подобро ќе ти кажа, отколку нив (секоја чест на исклучоци). Има некои се разбираат, ама не се заинтересирани да ти помогнат туку ќе ти предложат било која колку да поминат од ред, а други пак гледаш на лицето од авион им дели пудрата, скроз утната нијанса, не па за совет да ги прашаш.

    Инаку многу е битно дали ќе си ја погодите правата нијанса на пудра, зашто колку и да е квалитетна пудрата, колку и да има добра текстура, покривност, издржливост, ако не сте ја погодиле нијансата се ви е џабе, делувате како маска за лице да имате нанесено, а не пудра.

    Пудрите кои се произведуваат во однос на нијанси јас обично ги делам на ладни- накај розе подтон што идат, топли- накај жолт подтон и неутрални- беж боја. За почеток треба да си го одредите подтонот на својата кожа. Тоа може да се направи повеќе начини.

    Прво вените на внатрешната страна на подлактицата кога ги гледате на дневна светлина ако се повеќе накај зеленкасти, значи вашиот тен има жолт подтон и повеќе ви одговараат топли нијанси. Ако вените ви се накај плаво повеќе, значи тенот ви има розе подтон, па подобро со кожата ќе се слеат ладни нијанси.

    Друг начин, тргнете ја косата од лицето кое ќе биде без шминка. Споредете го лицето со бела ткаенина, најдобро крпа, ако во споредба со белата боја лицето ви изгледа накај жолтеникаво, тогаш сте со жолт подтон, ако ви изгледа накај розе тогаш го имате тој подтон.

    Непишано правило е дека оние со темни очи и коса, имаат тен со жолт подтон и им одговараат топлите нијанси, за разлика од оние со светла коса и очи каде што е обратно.

    Ова сум го читала некаде, па не ми испарило од глава сеуште, а не се сеќавам каде го сретнам, да постирав линк.

    Ако не можете да дефинирате на кој подтон припаѓате, тогаш најверојатно најдобро ќе ви одговараат неутралните беж нијанси.
    Е сега според ова и јас имам светла коса и очи, што значи повеќе ми одговараат ладните нијанси, тоа не значи дека треба да користам пудра со изразито розе подтон, зашто ги мразам, ама сепак не би ми стоела некоја со ептен изразен жолт подтон, зашто ептен би било контра од природниот тен. Затоа можеби најдобро нешто беж, т.е неутрална нијанса.

    За да си најдете соодветна нијанса секогаш испробувајте ја на дневна светлина. Значи ќе си појдете во парфимерија, ќе си пробате од тестерите. Но бидејќи таму и нема баш природна светлина, не купувајте веднаш, одете до надвор, видете како нијансата стои на природно светло, па ако одговара вратете се и земете си ја, зашто светлото во прафимериите често знае да прелаже.
    Во однос на местото каде ја пробувате пудрата, многумина пробуваат на рака, што и не е баш иста боја на кожа како таа што ни е на лицето. Јас секогаш пробувам на ивицата на брадата, тоа е место каде што се среќаваат вратот и лицето и најдобро ми покажува, колку нијансата ми одговара. Нормално колку помалце дели од остатокот од кожата, толку попогодена е.
    И доколку се двоумите меѓу две посветла и потемна, што се за нијанса различни, подобро земете ја посветлата, зашто доколку ви дојде светла може да се стави нијанса потемна камена над неа и готово, ама ако ви е претемна, потешко ќе може да направите да се слее добро на тенот.

    Е сега мислам дека се подразбира дека станува збор за одбирање нијанса наменета за соодветен тип на кожа, пример за избирање нијанса за сува кожа, т.е за испробување нијанси од пудра наменета за соодветниот тип на кожа. Претходно треба веќе да си имате одредено каков тип на кожа имате, да си ставите на мета пудра за соодветниот тип на кожа и на овој начин да изберете и соодветна нијанса.
     
    На Markusa2, Hipica, Sanniii и 8 други им се допаѓа ова.
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Еве Карина одлично објасни како да си одберете. Мене не ми е јасно како очекувате некој друг да ви ја одбере нијансата, ако не знаеш сам да си одбереш, ако сам не се видиш дали ти прилега или не како очекуваш па продавачката да ти каже дали ти е добра. Она можда ќе ти каже дека е добра за да и се тргнеш од глава, а може и да и се гледа дека ти е добра а всушност да не ти е. Исто е и со типот на кожа, па незнам каков тип на кожа имам.... а кој треба да знае. :^)
    Ќе си пробате на пределот меѓу лицето и вратот да видите дали се двои многу. Па и да утнете колку може да утнете една нијанса, сигурно нема да утнете 5 нијанси потемно или посветло. Башка со камена, со руменило и со капка две потемна/посветла пудра многу лесно може да се искорегира.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  6. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Ама и реално вработените девојки не можат да дојдат и да ви ја анализираат кожата, затоа се и тие тестери таму за самите да си пробате и одберете. Може да прашате на пример ете за каков тип кожа е наменета некоја пудра, ама за одбирање нијанса мислам дека секој си е способен и најкомпетентен сам да си го направи изборот.
    Има некои смешни од типот, ама не знам јас, кажете ми вие која е подобра за мене? Ти што се гледаш во огледало не можеш да одбереш, па некој трет гњавиш, а после ако не ти се погоди и некој трет кривиш. Не оди тоа така.
     
  7. MilanoRedHead

    MilanoRedHead Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2012
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    20
    Значи досега,едино во Јуник ми имаат помогнато за одбирање пудра...ни ДМ ни КОСМО,ни во ниедна друга продавница не се ни заинтересирале ниту пак малку ангажирале за да ми помогнат за било кој артикл...а камо за нијанса. пишав тука бидејќи мислев ддека повеќето имаат пробано пудра на ревлон и од лично искуство би можеле да ми кажат.Имам купувано разни пудри ама секоја ми двои,се мислев и за бб крема(ама мислам дека поради нерамномерниот тен нема да ми заврши работа) и затоа сега инвестирам во Ревлон....ајде,ќе купам утре па ќе пишам..Фала ви во секој случај (фала ти за корисните совети Карина :* )
     
  8. tanjabela

    tanjabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2012
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    138
    Значи денес бев во ДМ новиот во Капитол и тие продавачките се толку неуслужливи што тоа е страшно, :^) немаат производи на менхетен т.е сталажа со производи и тестери и продавачката ме однесе до макс фактор сталажите и ме убедуваше дека тоа е тоа што јас барам :tmi: значи неупатеност до таа мера никаде не сум забележала |(
     
  9. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.673
    Допаѓања:
    2.923
    Пол:
    Женски
    Јас имам мноогу мрсно и проблематично лице и КОНЕЧНО си најдов соодветна пудра! LOREAL MATT FINISH со четкичка! :inlove: :inlove:
     
  10. jb82

    jb82 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    299
    ^ od kade ja zema i kolku pari?
     
  11. EMILI1999

    EMILI1999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Има некој искуство со пудрава? Ја земав од голден роус на попуст за 135 денари, ама уште не сум ја употребила, немам моментално потреба ја земав за нова година, ми кажаа била лесна. :)
     

    Прикачени фајлови:

  12. Haritiela

    Haritiela Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Женски
    Знае ли некој кај можам да ја најдам ?? :D
    у космо ја има ли ?
     

    Прикачени фајлови:

    • Min_store.jpg
      Min_store.jpg
      Големина на фајлот:
      6,4 KB
      Прегледи:
      541
  13. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Да ја најдеш во веро центарот на штандот на флормар :)
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Оваа пудра на Флормар и мене одамна ме копка дали да ја пробам. Следам една многу добра професионална шминкерка од Хрватска и таа ја препорачува пудрата, работи одлично, гледам слики, голем професионалец. Има пишувано на својата страница за пудрата, еве да не преведувам, во спојлер на хрватски па кој сака нека си прочита.
    Ќе ја пробам кај и да е, кај ќе издржи срце јуначко..

    Девојкава инаку прави мејкап трансформации и има доста интересни изведби досега.

    Mnogo cura me u zadnje vrijeme pitalo da im preporucim neki dobar tekuci puder. Puder koji ja najviše koristim u zadnje vrijeme i koji bi svakome preporucila je svakako Flormar Mat Touch tekuci puder. Ako dosad niste culi za Flormar kozmetiku (koju inace mozete pronaci u Kozmu) svakako se raspitajte jer su im proizvodi odlicni! Ovaj puder nece se svidjeti curama koje ne vole 'težu' šminku jer mu je tekstura jako gusta ali zato savršeno prekriva sve nedostatke i zato ga obožavam Ono što je isto važno napomenuti jest da je i dosta dugotrajan, jedino što je malo mastan pa ja preko njega volim nanjeti i ovaj Flormar Compact Powder (koji vidite na gornjoj slici) kako mi se lice nebi sjajilo Cijena ovog tekuceg pudera je oko 110kn. Maloprije sam objavila sliku ovoga kista a sada sam ga i isprobala i imam samo rijeci hvale, prije sam korsitila spužvice ali one dosta upijaju puder pa sam odlucila investirati u ovaj kist i nije mi žao niti jedne kune. Art Deco 'bockalica' savršena je za nanošenje tekuceg pudera, a mozete ju koristiti i za nanošenje pudera u kamenu i rumenila. Dlacice su stvarno (kako i piše na ambalaži) napravljene od najfinije sintetike i dlake. Sviđa mi se što su dlacice stvarno mekane i njezne na licu, toliko njezne da nisam mogla vjerovati da se radi o sintetici.Ne upija previše pudera pa je stoga potrebna vrlo mala kolicina pudera (jedan stisak pumpice) da bi se prekrilo cijelo lice. Ovom četkicom svakako cete uštediti puno pudera a i vremena jer mi je bilo potrebno oko 30 sekundi da nanesem puder na lice. Ne usporedivo ljepše izgleda kada puder nanosite 'bockalicom' na lice nego sa spužvicama ili rukama. Sviđa mi se i što ostaje suha i nakon nanosenja tekuceg pudera pa je odmah nakon toga mozete koristiti i za nanosenje pudera u kamenu. [​IMG]
     
    На Sexybaby86 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. EMA2

    EMA2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2013
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    33
    Римел пудрава е прубава,покривна лесно се нанесува а мирисот вауууу :inlove:
     
  16. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    L'OREAL LUMI MAGIQUE.
    Презадоволна сум.
    За нормална и сува кожа е предобра! :)
     
  17. ellequeen

    ellequeen Нов член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Јас долг период ја користев Bourjois Flower Perfection преееедобра покривност ама бидејки имам црнки ми се појавуваа точки на носот и неубаво изгледаше па затоа сакав некоја полесна и ја земав essence all about matt и задоволна сум многу, нема толкава покривност ама има многу убав мириссс :inlove:
     
  18. Jordanovska-K

    Jordanovska-K Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    6.139
    Пол:
    Женски
    Погодена од прва!
    Искрено, томбола си играв со оваа пудра. Побарав совет околу неа, ама пошто не добив, решив да си ја пробам среќата.

    Пудрава е феноменална за нормална/комбинирана/масна кожа!
    Значи покривност, текстура, трајност, лесно чувство на кожа= се у едно пакување од 30мл.
    Доста е течна, што ме зачуди на почеток, ама сфатив дека со едно стискање со пумпицата, од таа мала количина пудра може да се покрие цело лице.

    Се мислам дали да си направам резерва додека е на попуст. :D
     

    Прикачени фајлови:

  19. MilanoRedHead

    MilanoRedHead Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2012
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    20
    Ја има кај нас? (цена?)
     
  20. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.406
    Допаѓања:
    8.436
    Пол:
    Женски

    Да да ја има и во шатци и космо. Инаку пудрата е сон, пишував во претходните постови малку поопширно :) Во шатци е на акција со поклон маскара, така да ако си решила да ја купиш земи си ја таму, супер е понудата и онака со маскарите на лореал нема утка.
    830 мислам дека беше.
     
    На Ammy.Lee и MilanoRedHead им се допаѓа ова.