Уште е на акција,така? Гледав сега видео на јутуб,одлична е...мада што ќе си ја истестирам плус и ревлонот ке си ја земам,од кога се токмам само...
Ја земав новата од севентин мат + , не ми светнува и не се познава многу,таман си ја погодив и нијансата,но многу ми го суши лицето иако ми е мрсно па морам да ставам мрсен крем.Исто така не ми се допаѓа тоа што ми ги истакнува недостатоците сите пори на лицето ми се познаваат при што не стои воопшто убаво.Дај препорачајте ми некоја пудра што нема да ми ги истакнува толку многу порите
^ Скоро сите прашкасти пудри кои сум ги имала биле такви. Мене Натурал Велвет од Севентин не ми ги истакнуваше порите, но таа е со далеку полесна структура од новата и не е мат. Пробај да поминеш со мало количество пудра во прав врз деловите каде имаш повеќе пори, можеби ќе успееш да ги замаскираш.
Со пудра во прав уште толку повеќе ми се познаваат.А да ми препорачате некоја пудра било каква немора да биде прашкаста само да не ги истакнува порите
За да не ти се познаваат порите неопходен ти е прајмер, и тоа на силиконска база, кој што се нанесува пред пудрата и ги пополнува сите дупки и неправилности на лицето, а со тоа и порите. Знам дека од поевтиниве брендови, Гош имаат силиконски прајмер и имам читано добри коментари на нет за истиот, побарај го низ парфимериите, сигурно ќе го најдеш Има добри прајмери и од поскапите брендови, Клиник имаат серум/прајмер наменет баш за прикривање и намалување на порите, ама кај нас се со соленки цени. Секако, ако си во можност, секогаш е подобро нешто поквалитетно, ама мислам дека и Гош ќе ти заврши работа
Девојки се мислам помеѓу maybelline affinitone mineral и maybelline affinimat додека се на попуст да искористам вака и двете ми изгледаат како солидни пудри ама која е попокривна? иначе имам мрсна кожа,па со која од овие две нема да светнам за брзо време?
И јас ја купив оваа пудра и сум презадоволна од неа,ја погодив нијансата,покривна е,не ми свети лицето и ми го прави совршено лицето,дури и оние влакненца кои ги имам не ми се познаваат дотолку. Така да секое лице е различно и на секого секоја пудра различно му стои и различно му ја прифаќа лицето.
Јас конечно ја купив Ревлон (колорстеј,за мрсна кожа) и имам да издвојам пар за и не ставови за пудрава. Прво,мнооогу е квалитетна,за тоа нема збор,има одлична покривност,не ни ми треба коректор со пудрава (а веќе имам зборувано за тоа колку проблематични предели околу очите имам)..од друга страна е доста сува (мислам,тоа и е намената нели,ама мене бајаги ми го засуши лицево и сега мислам дали коректорот ЛУМИ Лореал да си го змам за да избалансирам малце или пак навлажнувач да ставам како основа... ) Потоа,прекрасно мириса и воопшто не ја чувствував тешка на лицето,некако воздушесто,како кремче некое да имам насенено на лицето.
оваа истава ја нема,ама Covergirl е сестринска компанија на Макс фактор и кај нас ја има таа на Макс фактор Facefinity 3 in 1...цена околу 820 ден регуларна ама се наоѓа и на попуст минатиов месец беше во Космо мислам на попуст,670 ден
Ја користам оваа пудра па едно 7 години скоро нема некоја голема покривност ама задоволува(барем изгледам “Нормално“ без Кило пудра) значи убаво се впива, ептен некогаш ако имам проблеми со лицето ставам под нејзе коректор и топ
Да знаете дека уште е на попуст, до 15-ти јануари. Ако уште некоја ненаситна како мене сака да си земе уште - бујрум.