^ Max Factor немаат некои посебни класификации на пудрите во однос на тоа која за каков тип е наменета и секаде пишува дека сите нивни пудри добро се адаптираат на сите типови на кожа. Сепак не би се согласила за оваа пудра со тоа, има некој полумат, мат финиш кој мислам дека најдобро прилега на комбинирана и мрсна кожа, така да, ако имаш таква кожа мислам дека би ти одговарала. Сигурно постојат и исклучоци, но во главно тоа е тоа.
Ако имаш комбинирана или мрсна кожа ке ти одговара. Еве веке го дотрошувам третото шишенце, ја користам од како излезе и ми беше омилена( се додека не ја пробав лорела луми), генерално од пудрите на макс фактор сум заодовлна, иако им го намалија квалитетот, незнам зошто, но порано беа каде каде по квалитетни, сепак се сеуште солидни. Зимно време ја користам на многу мрсен крем, бидејки овој период имам сува кожа, а летоска со некој полесен крем. Е сега не е тешка пудра, напротив доста лесна пудра, баш како што сакам зошто имам стакло лице и воопшто не користам тешки пудри, така да за покривност некоја неможам да зборувам, но мислам дека би покрила и проблематично лице.
За нормална кожа е најпогодна, затоа што не е премногу хидратантна, ниту пак со некаков изразит матирачки ефект. Јас имам мрсна кожа, но како за некое чудо - добро ми изгледа на лице. Не се сеќавам колку беше, мислам околу 500 ден.
Rimmel ја рекламираат за сува кожа меѓутоа јас имам комбинирана и исто како и кај Мишела супер ми изгледа на лице...иначе цената кај нас е 650 ден,само што првите две најсветли нијанси ги нема,па ако си прилично светла нема да можеш да си погодиш нијанса
таман се токмев да ја земам на есте лаудер Double Wear, така за излагање, потешка, поиздржлива... кога токму на време наидов на штандот на флормар. Ги пробав пудрите е овие двеве и јас останав без зборови!!! Me спасија да не лупнам скоро 3000 ден на есте лаудер пудрата. Претходно имав прочитано на темава како некоја шминкерка ја употребувала мат пудрата за шминкање и затоа и ја погледнав. Јас ја земав таа другата Perfect coverage бидеќи продавачката ми објасни дека биле исто покривни само едната мат е за комбинирана до мрсна, а другава е за сува и нормална. Еве денес првпат ја ставив во 14 часот и пудрата не ми мрднала. Потешка е, високо покривна, не сјае, матирачка е, бргу се впива, не лепи и во комбинација со пудрата во прав на флормар. Ако е оваа толку добра сигурно таа за мрсна кожа не е ништо подолу. Значи ги користам моментално пундрите на Макс фактор- ластингот, Ревлон-двете и за мрсна и сува, Менхетен- таа прашкастата, артдеко- третманската за сува и ниту една од нив не се споредува со покривноста и издржливоста и што ми е најбитно не ми свети лицето сеуште од оваа на флормар, а од другиве во рок од саат мора да светне некаде. Инаку јас имам нормална до комбинирана т-зона. Пудрите на флормар чинат само 550 ден, а таа во прав 350! поздрав и ви посакувам да ги пробате
Ја има ли пудрава кај нас, во Космо, ДМ било каде? И колку е од прилика И ова дали го има, иако не верувам
пудрава ја има секаде,имаш 2 формули..една за сува/нормална и комбинирана/мрсна кожа...цена секаде различно ама мислам по темиве имам читано дека во Зегин е најефтина..да си видиш во парфимерија нијанса и да провериш во Зегин ако ја има да ја купиш..иначе знам во Шатце ја видов пред некој ден беше 770 ден па така од 770 + - можеш да ја најдеш а ELF во МК нема
Ревлон најголем избор имаш во Јуник..во другиве парфимерии трчи трчи сопни се...и да ја има, јас ја имам користено во средно али мн е тешка
Приметив, во космо ког апобарав немаа тестери-како ни во зегин. Ај тоа нема везе. Продавачката ми дава една нијанса посветла од мојата кожа апла и ми вика еве оваа ке ти одговара . Викам не оваа светла ќе ми е, а она ме убедуба не ок била. После на пудрата читам за сува кожа и и викам, ова е за сува кожа мене ми треба за мрсна и пак и викам не ми одговара оваа нијанса. Она ми дава пудра потемна од мојата и од таа што ми ја дала претходно и ми вика е оваа супер ќе ти биде. Ах бе викам само да продаде. Ја прашувам за прајмер она ми вика што е тоа? Во Јуник не ми текнало да отидам, добро што ме потсети.
Зависи како за кого јас користев импала од обичната и една што е oil-free. Од првата светнував ама одма, а од втората после саат време. Значи како со зејтин полиена, а немам до толку мрсна кожа. Покривноста и не е баш голема и некако многу ми е тешка за лице.
Абе луѓе , Импала е за повозрасни жени , имаш за помлада кожа барем сега голем избор за пудри , не ставајте што и да е на лицето
Зборувам од искуство што сум шминкала постари жени и мислам дека таа најдобра за жени кои имаат проблем со брчки, да не се разбериме погрешно а за девојки како мене од 15 до 20 години ја препорачувам малена
Извинете што сум оф топик ама да не знаете каде има и дали уште постои Јуник? Затоа што тој на Рекорд неколку дена беше затворен, а последен пат кога поминав истиот локал беше преименуван во Еликсир.
L'oreal true match течнава пудра ја има некој користено? Иста е ко онаа што беше со рол-он? За оваа зборам со ролерче што беше Гледам веќе ја нема никаде, а мене искрено не ми беше лоша, може не е апла за мрсна кожа, ама со пудра во прав малку одозгора беше ептен погодена, и доста покривна морам да напоменам. Иста е оваа течнава со оваа кремастава, добро структурата не им е иста, ама кога ќе се нанесат на лице би требало горе доле сличен ефект да даваат. Држи цена со години, не мрдна под 800 денари а и уште ја немаат тргнато од продажба, не би требало да е лоша, ама сакав да чујам некој коментар
Абе луѓе , Импала е за повозрасни жени , имаш за помлада кожа барем сега голем избор за пудри , не ставајте што и да е на лицето [/quote] Зборувам од искуство што сум шминкала постари жени и мислам дека таа најдобра за жени кои имаат проблем со брчки, да не се разбериме погрешно а за девојки како мене од 15 до 20 години ја препорачувам малена [/quote] Тешко тие што ги шминкаш штом користиш вакви пудри [/quote] И јас се чудам како некои дозволуваат свашта да им се става на лицето..па ако се занимаваш со оваа професија користи нештодобро а не пудри како импала и малена
Извини вака немој да се вреѓаме јас имам редовни муштерии никој не се пожалил ни ти ништо а јас си кажав мислејње и немој да ми викаш овде тешко на тие што ги шминкам овде има тема за препорака на пудра и јас препорачав ако не ти одговара моето мислејње не сум јас крива и молимте немој да вреѓаш прв ден сум на форумов и му благодарам на сите културни феминки и исто така и на тебе ти благодарам што си го искажа своето мислејње иако не беше баш најдобро но тоа е тоа.