А бе немој да се вреѓаш, никој ништо лошо не ти кажа, освен факти. Значи ни Импала ни Малена, не е продукт која секоја свесна жена би го ставила самоволно на лицето, освен секако, доколку не била упатена и без многу финансиски средства па се изгорила, нормално како сите нас, барем еднаш. Тие две чуда - не го заслужуваат епитетот пудра. Ај порано, пред некоја година да си го пишала ова да те сфатиме, ама денес, со доста можни ефтини а воедно 10 пати поквалитетни пудри од твоите наведени на достиг, не можам да ги сфатам жените кои упорно го гушат лицето со тие две таканаречени wanabe пудри.
Девојче ме зезаш? Знаеш дека импала има колаген? А за малена да не зборуваме... Ако веќе ја работиш оваа професија користи професионални пудри ( или брендирани ). Ризикот е голем се работи за човечка кожа која после една грешка многу тешко се опоравува. Ова твоето ми личи на црн бизнис Имаш 15 години и веќе работиш шминкаш, лоолл е многу си професионална Ма немој да ме је*еш бре
Не работам роднини пријатели за свадби сум шминкала немој да донесувате заклучок пред да знаеш што е работата и мислам додека не видите како шминкам можите вие само да зборувате
Јас сум пробала да издејствувам кај блиски да престанат со паштетава, прво и најосновно штети бре на младо лице, што дека е покривна. Таа што е во пластично е 250 ден. ако не се лажам, а брендови како Римел Лондон и Есенс кои се нааајпристапни и докажани од блогерки до обични девојки - се за истите пари. Таа мрза и рамнодушност може да кошта понатака. Никој не збори за лошо, секоја од нас се изгорела со тоа пудриште, среќа навреме сме се освестиле, колко можеш да се спасиш.
Колку си упорна браво за тебе. Значи тука се обидуваме да ти дадеме до знаење дека Импалата и Малената си чисто ѓубре. Значи ќе повторам - тешко тие што дозволуваат да им ставаш такво ѓубре на лице. Значи прочитај чат-пат нешто на интернет за нив, провери какви состојки имаат тие што ти ги сметаш за врвни пудри вредни за препорака, па после врати се и препорачувај. Тука има млади девојчиња ќе прочитаат, ќе поверуваат, ќе се излажат поради цената, па ќе се чудат после што им се случило со лицето. Како што видов имаш 15 години па топло те се СОВЕТУВАМ под итно да си ги смениш „пудрите“.
Секој си има свое искуство.. секој зборува со некоја причина еве јас да ги фрлам пудрите што е со останатите искрено да ви кажам секоја пудра колку што помага толку и штети не е само импалата секоја пудра штети ама секоја на различен начин од импалата сега сте ги виделе последиците ама од другите ќе ги видите касно и најпрепорачливо е пудрата да се менува од време на време и пред да нанесеме пудра да го намачкаме лицето со крем ама добро за да не свети како сјај
Абе сигурно она ги користи пудриве ама не сака да каже девојче, ние арно ти зборуваме дека е штета да си ја упропастуваш кожата со вакви пудри ама ти како сакаш
Погрешно јас ја користев едно време малена а импала немам користено само знам дека кај постари жени доаѓале кај мене дома со нивни шминки и скоро сите ја носат импала и искрено таа ми е најдобра досега никој не се пожалил тие си носат шминки јас само ги шминкам можеби е штетна ама досега никој не се пожалил
Џабе се трудиме да и објасниме. Кога некој не сака да сфати тоа е. Ама што да правиме ние обичните девојки што немаме појма од шминкање, таа е професионалец и најубаво си знае.
Јас ја имам користено, ако не се лажам Хипсер имаш мрсна кожа значи дефинитивно нема да ти одговара. Многу течна структура има, лесна е доста и не е нешто многу покривна, средна е онака. Мене ми прија бидејќи имам доста суво лице и пак имам некаков сјај на лицето, значи ти би светела многу.
Мишелко и компанија, ај да ве опитам нешто, ако можете совет да ми дадете, пошо денес прашав една од парфимерија па да видам дали да ја послушам. Јас имам чисто лице, имам квалитетна течна пудра за мојата кожа, и сега се мислам во што да инвестирам, дали во добар прајмер или во добра камена пудра? Значи имам сува кожа ама чисто лице. Како шо ги гледам овие по јутуб девојките, абре се ставаат, и прајмер, и пудра, и коректор, и камена, и фиксатор. Мене јасно ми е дека имаат јаки спонзори ама лицето им е солза чисто и средено, од мерак да ги гледаш. И уште едно прашање, сакам да си купам и фиксатор, ми следуваат две блиски свадби, а не сакам да одам на шминкање, па нели за да ми издржи шминката цела вечер, можеш да ми препорачаш некој? Пошто јас до сега немам купувано и врска немам.
И јас барам добар фиксатор и се мислев незнаев каде да го сместам прашањево. Само анушка ќе ти кажам од алверде немој да купуваш велат не биле добри.
Анушка, си имаш најдено добра крема/подлога за пред нанесување пудра ? Со добра крема која ти го потхранува лицето и убаво ја држи пудрата, немаш потреба од прајмер. Во случај ако ова изостанува, тогаш набави си прајмер, но штом имаш чисто лице, гледај да не биде некој ваков како овој што го спомнав од Gosh, зашто навистина доколку имаш чисто лице немаш потреба од ваков екстра додаток кој патем е конкретно наменет за корективна цел кај оние кои имаат таква потреба. Барај си база-база, нешто што ќе биде како кремче и на кое пудрата ќе „легне“ одлично. Мене за жал не ми паѓа на памет ниту едно вакво нешто, па плус за сува кожа. Јас некако многу не им верувам на овие базите, затоа што мојата матирачко-хидратантна крема не може да ја замени ништо. Барем според моето досегашно искуство. Доколку имаш потреба од камена пудра, гледај само да ги избегнеш оние на чија декларација е потенцирано дека матирачкиот ефект им е поизразен. Веднаш елиминирај ја онаа pressed powder од Rimmel, Bourjois Flower Perfection правот и тие сличните. Мене многу убав впечаток и не толку изразит матирачки ефект ми остави Rimmel камената пудра во плаво кутивче, со огледалце и тупферче. Мислам дека некако match perfection, во тој стил беше името, навистина не ми текнува. Ја користи цимерка ми, а има сува кожа со исти „симптоми“ какви што ги опиша ти. Мислам дека би ти одговарала и Аура пудрата во прав, дава преубава завршница и лицето го прави како кадифе. Мислам дека многу добро би ти пасувала, а и навистина е нежна со кожата. Спојлер За крај, без сомнение најдобар фиксатор според мене е фиксаторот во прав на Артдеко. Можеби е скапичок, но едноставно не може да се споредува со квази фиксаторите на Есенс, Аура и какви и да ги има. Свадби, матури, прослави, херојски ги поднесува. Го купив 800 или 900 денари, не ми е потрошено уште ниту до половина, ама долго ќе ти служи и верувај дека нема да погрешиш доколку го земеш. Ако не ти се даваат толку пари, не е лош и оној на Есенс (Essence fixing powder) кој го пофалив, но со Артдеко не може да се мери и споредува.
Каква покривност има оваа крем-пудра? Имам сува до нормална кожа и ми одговара гледам на кожата. Имам само малку црвенило.
Ај ве молам кажете ми некоја добра БЕЛА пудричка ја користам l'oreal infallible 16h , ама не сум задоволна, чуствувам дека имам пудра,не ми легнува добро и ги истакнува порите што ми се дури по незабележливи без неа некој предлог pls
Луѓе,убаво што сте рекле дека Малената е ѓубре,ама лошо што јас доцна прочитав. Во парфимерија,за да споредам нијанса,јас,глупата,со 13 години ставив на долниот дел на образот од Малената,и тоа мнооооогу малце.Верувале или не,луѓе лишај ми се направи ми се излупи кожата.Така да Малена,never again.Иако не користам пудра ,зошто не ми треба,за споредба ми беше со една друга.Катастрофа,неќам да ја погледнам никад више.
Ја има ли некоја друга користено оваа пудрава на Флормар? Lollipop7 прилично ме убеди но сакам да слушнам и други мислења..Инаку пребарувајќи на интернет забележав дека на некои пишува SPF 8 на некои 12 на оваа пак 10.. има некаква врска? За оваа зборувам
Мишела а ќе можеш ли да ми кажеш каде да ја најдам пудрата во прав на Aura, не сум ја заприметила и која цена е од прилика? Благодараам