Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Течна пудра за лице

Дискусија во 'Лице' започната од angel, 23 ноември 2009.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.345
    Пол:
    Женски
    Последен пат ја купив од локална парфимерија околу 300 денари.
    Ја има и во Космо, имаат и таму солиден избор од козметиката на Аура. :)
     
  2. cocopuff

    cocopuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    553
    Мишела Господ здравје да ти даде :) кога гледам дека си напишала нешто со мерак го читам. Со задоволство те следам. Имам комбинирана кожа (мрсна т-зона и нормална) и доста работи кои ги имаш пофалено ги имам пробано и за се се согласувам. :clap:
     
  3. mia.21

    mia.21 Активен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    импала е најлоша пудра
     
  4. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Ја има кај нас Ревлон фотореди пудрата или прајмерот?
    Цената и како е другата или е поскапа оваа?


    Инаку и јас ја земав новата пудра на seventeen matt + морам да ве пофалам женски за коментарите и резенциите, не сте згрешила воопшто, навистина е супер мат и одлично одговара за мрсна кожа.
    Малку се намачив со брочето, некако првите две ми беа пресветли па ја земав 03, не знам зашто не ми изгледа ич темна на мене, иаку вака на прв поглед никогаш не би ја земала таа.
    За цената е пет плус, не е нешто посебно скапа, а прилично густа е, не мора да се става многу слоеви.
    Мене ми е солидно покривна, ни превише ни премногу, тамн како за преку ден.
    Конечно ќе и кажам бај-бај на буржоа 123перфект сега за сега и најдов солидна и поевтина замена.
    Смешно ми е што на 17 не ја користев маркава, а сега на 23 ми изгледа сосема океј и добра за мојата кожа . Жени!!
     
  5. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    користи ли некој ваква пудра....другарками ми ја фалеше дека била убава :?: :?: :?: :?: има ли некој искуство
     

    Прикачени фајлови:

  6. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.471
    Допаѓања:
    10.904
    ^
    Оваа е повеќе како крем пудра,мене лично воопшто не ми се допаѓа,ја имав користено пред 7-8 години.
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.335
    Допаѓања:
    4.606
    Пол:
    Женски
    Photoready еднаш ја видов во каталог од Космо ја рекламираа како нова,ама тоа беше пред 5-6 месеци и цената и беше 1200 или 1600 ден :?:
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Ги имаше и двете во Јуник, но вчера завчера некоја феминка пиша дека Јуник се затворило :^)
    Во Космо само пудрата ја има, 1600 е мислам а тестерите што беа ставени беа се од темните нијанси, не знам дали само темните нијанси ги имаат или па само од нив тестери ставиле :?:
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lollipop7

    Lollipop7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2012
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    782
    Пол:
    Женски
    и јас имав прочитано на темава претходно и затоа коа го видов штандот ми текна ај викам да ја пробам. Иначе денес 4-5 пат како ставив, леле луѓее СОН :D Премногу сум задоволна од пудрава! Од 6 часот ми е на лице и уште не ми е светнато и не ми е мрдната пудрата, а најјако е тоа шо со други пудри под очите(поради маскарата и моливчето) ми се размачкува црнило, и цело време од навика помини замини да се видам да се забришам, абре не! Лицево ми е стакло, какво размачкано... Денес ставив најтенок слој и мн малку е доволно за се да покрие. Јас напоменав дека ја користам со пудрата во прав исто на флормар. наредна прилика ќе гледам да не ја фиксирам со ништо па ќе пишам впечатоци повторно...

    Инаку, јас ќе се пожалам од Ревлонот за сува кожа. Таа пудра освен што ми ја снемува во рок од 3-4 саати од лице, не ми се ни впива во кожа. Толку се осеќам "мрсно" коа ја имам на лице. И таа за комбинирана кожа не е ништо wow,премногу е сува и не е доволно покривна. За тие пари има далеку други подобри пудри :tmi:
     
    На Sw3et.Ang3l му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Ах Хипстер ти се за пудри за сува кожа се фаќаш :lol: Фотореди ја има во космо околу 1500 денари е, покривност одлична, трајност и повеќе од одлична, ама не е мат. Има светкави честички во неа, лицето сјае на километар. Не делува природно на лице, а плус ако утнеш нијанса си готов. Пре скапа е, мене супер ми одговараше ама не би ја купила пак, ќе додам уште 1000ка и ќе купам Диор или Клиник. Многу сјае и мене воопшто не ми се допаѓа тоа, на мрсна кожа ефектот којзнае каков би бил, ко подвижен лампион :D
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Повеќе прашував за прајмерот него за пудрата, дека за прајмерот читав предобри критики и гледав видеа, па мислев дека и пудрата е добра.
    Ништо, 1500 за ревлон е превише а и штом е за сува ка па ептен паѓа у вода.
    Дека гледав добри туроријали што многу убаво изгледаше на слики ама фотошоп изгледа чуда прави.
    Фала во секој случај на сите ми уштедивте време од дополнутелно шетање за пари муабет да не праиме :D
     
  12. CocoLady

    CocoLady Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2012
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    159
    Колку и е цената ? :)
     
  13. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    390 во Зегин
     
    На CocoLady му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Haritiela

    Haritiela Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Женски
    Можеби е малце глупо прашањето имам многу светол тен до сега немам користено нешто освен камена пудра врз пудра. Тоа што се ставаше на цели лице како се викаше со четка ? :D
    Еднаш ставив од на другарка ама многу ме направи темна у лицето :D :D
     
  15. Femmince3

    Femmince3 Нов член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    што е подобро за подолготрајност на шминката да се користи камена пудра или пудра во прав ?
     
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.345
    Пол:
    Женски
    Според описот, најверојатно си ставила бронзер, но тој не се нанесува на целото лице секоаш. :)

    Ефектот е малтене ист - и камената и таа во прав солидно и приметливо ја зголемуваат издржливоста на течната пудра, а разликата е само во покривноста која ја нудат, камената е помалку покривна, а онаа во прав има поголема покривност (што е и логично).
     
  17. Femmince3

    Femmince3 Нов член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    мишела ти кои би ми ја препорачала од пудра во прав , камена пудра?
     
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.345
    Пол:
    Женски
    Доколку имаш изразито сува кожа, најдобра варијанта ми изгледа пудрата во прав затоа што иако дава мат ефект, сепак не е толку сува како што е камената. :)
    Види ја пудрата во прав на Alverde, мислам дека е 270 денари, а е навистина пристојна пудра. Пред скоро ја спомнав и таа на Аура која е тука некаде со цената и е одлична - ја имав и ја користев и јас.
    И минералната пудра во прав на Maybelline е убава, само не знам дали уште ја има, одамна ја немам приметено некаде.
    И Manhattan имаат таква пудра, мислам дека со цената е некаде до 400-500 денари, а ми оставила убав впечаток.

    Од камените пудри, позитивен впечаток и убав ефект ми оставиле Creme puff на Max Factor, Stay matte на Rimmel и компактната пудра на Manhattan со сунѓерче во долниот дел.
    Последнава од Manhattan е најскапа за грамажата која ја нуди, но течната пудра под неа, без сомнение ќе ти трае по речиси цел ден.

    Јас сум задоволна и од правот што глуми пудра во прав - Bourjois, од Flower perfection линијата.
    [​IMG]
    Речиси дупло поскапа е од онаа на Essence, а разликата е во тоа што, буквално нели - оваa е Bourjois, а другава Essence. :|
    Како и да е, јас сум задоволна затоа што убаво си ја врши должноста во однос на матирање, издржливост и целокупниот ефект. Не сум бела како Каспер и кога ми се испушта малку повеќе прав (тоа го сметам на предност во однос на онаа другата што ја имам), ниту пак се познава дека сум нанела нешто плус на лице.
    Огромна предност кај ваквите „пудри“, е тоа што се translucent и немате потреба од туфкање во врска со нијансата. :)
     
    На Femmince3 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Femmince3

    Femmince3 Нов член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
  20. love-cat19

    love-cat19 Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    31
    Девојки Revlon color stay за каква кожа е ? Јас имам нормална малку накај сува кожа ,дали оваа пудра би ми ја препорачале,дали покрива и дали е трајна,бидејќи ми треба таква,а да не е лицето бетон. Може и други препораки на пудра добро покривна.