Ингрид е супер, минерална е и многу добро покрива, првпат ја употребив пред 1 месец и не би ја менувала, има реална цена што секој може да си ја допушти, 160 денари ја купив јас
Не пиша до колку пари сакаш да дадеш...јас ти ја препорачувам Estee Lauder Double wear за мрсна кожа е, предобра пудра вреди за секој денар и не го прави лицето бетон , ако ја нанесеш сабајле стои до вечерта, но цената е солена,а за ревлонот незнам ништо да ти кажам
Пудрата има два типа, едниот за сува, а другиот за мрсна кожа така да ке си избереш онаква според твојот тип на кожа. Покривна е, го изедначува тенот и трајна е, ако бараш покривна пудра мислам дека нема да погрешиш со Ревлонот, ја имам користено и задоволна сум. Битно не го прави лицето бетон што викаш, сепак за квалитетна козметика се работи нема утка со било кој производ на Ревлон.
За добра пудра би дала до 1000 денари ,барем овај месец можам да си го дозволам тоа,па затоа си реков некој предлог од вас бидејќи никогаш ја немам користено Ревлонот или некоја друга која е така посоленка а убава пудра,да ми го направи лицето стакло а не бетонирано
И фотоедитор на Ревлон е исто многу убава, дури ми се допаѓа повеке од колор стеј, така ако си решила да дадеш 1000ка пробај ја и неа, чисто да направиш споредба бидејки мене ми е ептен по кеф.
Девојки ја има ли некој веке пробано новата пудра од Орифлејм, Perfect fusion? Не пишува за каков тип кожа е, но по описот мислам дека е за нормална до сува. Имам направено услов за да ја купам за 300ден, а ми делува убава, хидратантна, па се мислам дали да ја нарачам сепак на непробано што знам...а баш ми се допадна.
Девојки ја користел ли некој пудрава во прав ? задоволни ли сте, покривна ли е , ја задржува трајноста?
Имам ептен сува кожа на Т зоната, а на лицето ми е нормална до сува, ве молам препорачајте ми некоја пудра.
Денес бев во потрага на Rimmel Stay Matte,течната, ама новата формула,гледам на Youtube многу девојќи ја фалат особено за комбинирана/мрсна кожа ама очигледно тој што ја увезува смета дека во Македонија бледи девојќи нема..незнам што им е финтава сиве пудри на Римел им почнуваат од True Ivory која најчесто е 3тата нијанса по ред..единствено да се наканам и да ја порачам од Асос
Морам да и ставам мал минус на Севентинот новата, не ми е толку мат како на пример Буржоа 123, језда текстурата и нијансата им е чиста петка, ама по извесно време приметувам дека малку ми засветува челото. Знам дека решението е малкуцка да се помине со камена или во прав, на носот и на челото, ама очекував да биде помат.
и јас ја барам таа пудра но нз дали ја има кај нас, ако ја има кажете каде ја има ?? и некоја препорачајтеми добра подлога за пудра
Во Зегин аптеките, конкретно ја имам видено во ГТЦ, а сигурно ја има и во таа големата на Партизанска. Поевтина е за некои 80-100 ден. од Cosmo.