Девојки во план сум да ја земам пудрава на Golden Rose. Тие што ја користеле или ја користат нека кажат два-три збора, каква покривност има, за каков тип на кожа е, колку се задоволни.. ?
jagodka.18 јас ја користев, има средна покривност, но многу е леснаи пријатна на лице, има убав мирис и мислам дека е намененета за сува до комбинирана кожа (барем јас имам таква и ми одговараше) Единствена маана е што за во лето не ми одговараше и нијансите на сите пудри на голден роуз ми се чудни, ни една не ми одговара потполно, како на пример rimmel lasting finish 103 која ми е идентична со тенот.
^^ Со четка, сунѓерче да не мислеше за камена ? Едит* Иако јас и камената ја користам со кабуки четка.
ако некој има искуство со пудрава ај ве молам пишете, и дали одговара за кожа склона на акни, и многу ми е важно колку е покривна и колку е трајна, и цена. Каде можи во ПП да се најди козметикава од Флормар?
За пудриве на Флормар, генерално можам да кажам дека се многу покривни. Мислам дека perfect coverage ќе ти одговара ако имаш сува или нормална кожа, ако имаш комбинирана или накај мрсна подобра би ти била mat touch, и таа е исто доста покривна и солидна за таа цена. Спојлер Еве ја perfect coverage пред потоа И мат тачот http://www.youtube.com/watch?v=dY_djm__vfI А за Прилеп немам поим каде има Флормар, тоа ќе ти каже некоја феминка од таму.
Овие пудри на Флормар во Прилеп ги има во Јес и во Хит, по булевар после Липа На друго место неверувам, зашто само во тие две парфимерии има нивни штанд
Карина8 и Кате21 ви благодараааам. Мислев дека perfect coverage пошто нели перфект има поголема покривност ама според сликата mat touch попокривна е (барем така изгледа). Само незнам како е со нијансите мора да проверам, на официјалниот сајт видов дека mat touch се некако темни нијанси, а од perfect coverage би ми одговарала најсветлата мислам 102, ама од другава така светла нијанса не видов и малку се разочарав. Мора да се проучи
За дневен изглед ја користам ББ кремата на гарниер која моментално ми е при крај и не сакам пак да ја земам. Додека за вечерно ја користам Rimmel Long Lasting која мене не ми е баш за дневна светлина, мислам дека премногу се познава . Сакам да ми препорачате некоја полесна пудра за сува кожа за секојдневно користење (околу 300-350) денари. За вечерно ме убедивте ќе ја земам Флормар . Прво се мислев да ја земам оваа, ја пробав но за цената од околу 500-600 денари не е нешто посебно. Во меѓувреме ја забележав и оваа но не ја пробав, цената не се сеќавам колку и беше мислам дека околу 300-350 денари.
^^ Баравме на нет баш за другарка ми, она има сува кожа, јас не, па наидовме на оваа на Римел како можна опција. пишува: the revolutionary formula, complete with a revitalizing mineral complex and moisturising aqua primer, helps to reenergise overworked skin. Feels hydrating all day. Би требало да е добра за сува кожа, а и не се скапи Римел, така да можеш и ти да ја погледнеш како можна варијанта. Да ја фалам не можам, зашто не сум пробала па да знам каква е, ама можеш тестер да погледнеш па може ќе ти биде во ред. Римел немаат некоја претерана покривност, ама се доволно добри за дневна лесна варијанта кај кожа без посериозни проблеми.
Моментално ја имам оваа на орифлејм,и така купена на невидено и непробано во комбинација со камена вери ми исто од орифлејм супер се!Убаво го прават лицето,ми се погоди и бојата,и бидејки имам мрсна Т зона со камената тоа се средува.Задоволна сум и од двете
Баш оваа пудра ја користам за вечерно излегување, само го згрешив името сум напишала Long Lasting наместо Lasting Finish Супер е за сува кожа, одлично ми одговара но имам чуство дека се познава дека имам ставено пудра на двевна светлина .Дали навистина се познава не знам или јас така си замислувам
Тоа можеби затоа што не ти е погодена нијансата, м? На Римел пудрите не се тешки, баш напротив се дневни повеќе, за да се познава толку. Ако оваа се познава што правиме со тие густите. Пробај да смениш нијанса, или со камена или пудра во прав да корегираш ако ти е утната нијансата, дали со потемна или посветла камена, зависи каква ти е течната.
Добра ми е нијансата, имам светол тен 103 ја користам. Погуста пудра од оваа немам користено ниту па пробано сите досега ми биле ептен течни, па се чудев кога сите пишуваа дека е лесна . Ќе пробам пак да ја ставам на дневна светлина па да видам дали навистина ми се познава или си замислувам
Пудрава не е за сува кожа дефинитивно,за неа има пишувано доста на претходните страници.Најдобро одговара на комбинирана па и масна кожа ама на сува не.Покривноста и е баш добра,и откако ке се нанесе за некоја минутка се впива и легнува баш убаво,ја користам со години веќе и лицето ми е стакло со неа и не е тешка ни паштетеста ама не би ја препорачала за сува кожа.
^А зошто не е за сува? Воопшто не ја досушува кожата. Еве веќе 2 години како ја користам и мене супер ми одговара иако имам проблем со лишаи. Не давајте совети ако не сте ја пробале, само од прочитано на интернет
Девојки,знае ли некоја од вас каде да најдам пудра од брендот Catrice,конкретно ја барам Catrice-Photo Finish? Имам видено во парфимерија лакови Catrice,ама друго не.Ако знае некоја од вас нека ми каже.Благодарам однапред
Naturally,a сигурна ли си дека лишаите не се од пудрата? Ако на пудрата пишува oil free тогаш е за мрсна кожа
^Да, веќе една недела немам ставено од пудрава а имам лишаи значи не е од неа. Не пишува oil free барем јас на мојава немам забележано.
Дефинитивно не е за сува кожа, јас ја имам и првите неколку минути изгледа одлично на кожата доволно е покрвина ама после се собира и не изгледа убаво, за тие што имаат мрсна кожа би била и повеке од одлична.