^Rose можеби сепак е до подлогата која ја користам, секогаш ставам подебел слој крем или пак помасен можеби ова не дозволува насобирање (а и полесно ми се размачкува вака). Јас пред да ја купам читав критики дека е премногу хидратантна за мрсна кожа. Ако некој се одлучи да ја купи (а верувам дека мн девојки ја користат)прво пробајте ја зошто гледам дека сите имаме различни мислења.
Da go procitase mojot post ke videse deka ja koristamso godini a ne deka imam citano na internet za nea Tvoja rabota,koristi sto sakas,ama nemoj da tvrdis deka pudrava e za suva koza posto nekogas devojki doadjaat na temava da pobaraat sovet za dobra pudra,pa citaat netocni raboti i kupuvaat pudri sto ne se za nivniot tip na koza. Se izvinuvam za latinicava ama nemam mak podrska na kompjuterov.Pozdrav
^Да јасно ми е дека ја користиш за интернетот не беше конкретно упатено за тебе туку општо за сите кои не ја имаат користено и не познаваат некој што ја користел не знам само како се пронајде . Ако не забележа јас им порачав на девојките прво да ја пробаат пудрава за да видат дали им одговара, што значи никаде не спомнав дека ТВРДАМ нешто и не пробав никого да убедам дека е за сува кожа! Мене ми одговара и тоа е во ред и ќе продолжам да ја користам и тебе ако ти одговара продолжи да ја користиш немора моите мислења да влијаат на твојот избор на козметика
226 ден. е пудрата, јас ја имав, на почетокот ми беше ок, но почна да оксидира и многу се и така темни нијансите, не ја бива. Која цена е пудрава?
Дали некој успеа да ги најде ајвори нијансите од Rimmel Wake Me Up пудрата? Според се што прочитав мислaм дека најмногу ќе ми одговара на мојава непроблематична комбинирана кожа. Сакав новата на Севентин да ја земам ама ми е страв да не ми го исуши лицето кај образите. Инаку моментално на Асос има попуст и е 6 фунти т.е околу 450 денари, па планирам да ја порачам од таму. Еве ви линк ако сакате и вие. http://www.asos.com/Rimmel-London/Rimme ... rec_viewed
Нема, се убив од барање и на крај порачав од Интернет и јас. Мене пудрава ми е совршена за денско користење, како за на факултет, затоа што наутро почна ужасно ме мрзи да се шминкам и ставам само пудра и руменило за да добијам на свежина и да не плашам луѓе со тоа подочниците. Одлична ми е ајвори-то, ја нема ниту во Космо ниту во ДМ и баш ме интересира зошто !?
Не знам ни мене не ми е јасно зошто ги нема кога се едни од најбараните нијанси, особено true ivory којашто уствари и мене ми треба. До дистрибутерот е проблемот очигледно затоа што во ниедна парфимерија ги нема. Среќа од асос што може, ама се нервирам што мора 2 недели да ја чекам, плус картичката ми е малку сиромашна моментално ќе треба да се замарам да уплаќам пари на трансакциска за да порачам, среќа што е на попуст инаку ќе пцуев.
^^^ ете и јас се жалев погоре за Римел пудрите..не е само до Wake me up..сите пудри од римел нијансите им почнуваат од потемните нијанси,најчесто од третата нијанса...не сфаќам зошто
Јас по незнам кој пат ќе ја пофалам Менхетен мат во црна туба. Се заљубив во пудрава баш поради тоа што е густа, прашкаста структура има. Со многу малце пудра добивам изедначен совршен тен и не планирам да ја сменам во скоро време.
doubleinfinity не знам која ја користиш, ама на асос сите производи на Римел се на попуст. Други пудри освен Wake me up се овие, па можеш од тука да земеш. http://www.asos.com/Rimmel-London/Rimme ... True+ivory http://www.asos.com/Rimmel-London/Rimme ... &clr=Ivory Инаку и прајмерот е на попуст, мене не ми треба многу инаку ќе го порачав и него, не е скап ич. http://www.asos.com/Rimmel-London/Rimme ... nd+perfect
јас ја имам Wake me up,си ја порачав пред неколку месеци и ми стигна многу брзо,со се викенд некаде 6 дена...а иначе сакав да ја купам Stay matte новата ама во меѓувреме купив друга,ама следниот попуст сигурно ќе ја купам..ем подобри нијанси има на Асос ем е поефтино од кај нас..
Девојки ај препорачајте ми некоја пудра до кај 400 денари, што покрива добро. Имам комбинирано кожа, во Т-зоната е ми е мрсна..и до сега немам користено пудра, и не знам каков избор да направам. Имам темни кругови околу очи , посебно наутро. Би сакала некоја што покрива добро. Поз.
Јас би ти препорачала две пудри: 1. Rimmel Lasting Finish, 322 денари во Космо Совршена пудра за комбинирана кожа, која е идеална за преку ден, особено. Малце е потечна и треба да се внимава при нанесување, добро да се измачка. Трајна е и не дозволува да светнеш на масната Т-зона добри 5/6 саати. 9/10 2. Manhattan mat powder, 470 денари, Космо (Во Зегин била поефтина) Оваа пудра, конкретно мене ми е речиси ново откритие, и баш малце погоре пишав колку многу сум задоволна од неа. Оваа пудра не е многу течна, баш напротив кога ќе прицнеш како „цревце„ излегува, многу малце ти е потребно за да го измачкаш цело лице. Покривност предобра! Пудрава е совршенство, измислена за комбинирана кожа. 10/10
^ Абе вајда е до разлика на кожа до кожа, секоја мрсна кожа не реагира исто на сите пудри и козметики, мене оваа вторава од менхетен ми беше одвратна, ми го сушеше лицето, ми се собираше kaj носот, немаше никаква издржливост, се бришеше прелесно, а и со нијансите ми беше катастрофа, се пре портокалови како керот бев она кога ќе претераш со сан-тенинг вештачките креми за самопотемнување. У-Ж-А-С! Ја користев во средно претежно, зашто немаше толква избор на марки тогаш како сега,и страшно бев разочарана, зашто лицето ми беше ужасно од несооветни нијанси и лошава текстура. Башка и евтина ми беше, тогаш не размислував како сега, сакав да имам што повеќе а поевтино. Можа смениле квалитет сега не знам, ама јас не би ја препорачала ни во сон. За тие пари ќе се земе било која пудра на Римел, што ми имаат двеста пати подобар квалитет и густина на пудрите, само ако се погоди нијанса е полн погодок(зашто кај нас нема нешто светли нијанси, што е лоша работа, кога поголем дел сме светла нација, со светла кожа) Оваа вејк-ми-ап поточно е петка, многу убаво и мириса и текстурата и е доста природна кога ќе се впие на лице, во однос на светнување не е нај, нај ама со малку пудра во прав на т-зоната е стварно тоа тоа.
леле Hipster,Wake me up ти мириса убаво? тоа ми е најголемиот минус кај таа пудра,никако неможам да и го поднесам мирисот..а за издржување дури и подобро од 123 ми издржува,што значи нема правило кај пудрите...се е индвидуално
Во споредба со други пудри оваа убаво ми мириса, пример она другата на Римел, матот во плочка форма ми мирса чудно, и на Макс-фактор исто ми мирисаат чудно, не пријатно. Па и 123 не мириса нешто уау, ништо поразлично од оваа на Римел. Севентинот новата матот ми мириса многу, многу убаво, како ни една пудра до сега. 123 e најмат, со тоа што не ЗАСВЕТУВА, а не за изджливоста, изджливоста им е тука и на двете споре мене. Оваа е за нормална до комбинирана, на мрсна ко мојава најмат до сега била само 123 и Лореал матот пената во коцкасто пакување, таа више е ко крема со боја не тешка пудра, затоа и не свети воопшто лицето.
Мене па црната Менхетен секогаш ќе ми биде број 1 за мојава мрсна кожа. Секогаш. Досега не сум сретнала пудра со пристапна цена попокривна од оваа, што лицето го прави баш како фотошопирано. Што и да користам, оваа секогаш ја имам дома. Нема подобра за мене Обично за вечерни излегувања ја користам, зошто е погуста и попокривна, а преку ден во последно време ја користам Севентин Мат. Добра е и оваа, презадоволна сум и ми е најново откритие, ама Менхетен секогаш ќе ми биде врв. Подобра и од Ревлон, па и од Есте Лаудер ми е во покривност и текстура. Е сеа, секоја (мрсна) кожа е различна, па нормално е пудрата да не делува исто кај различни луѓе. Мене на пример никогаш не ми го пресушила лицето и ми го прави совршено, како фотошопирано. Ни пори, ни ништо не ми се познава, а и нијансата 80 (sand) совршено се слева со мојот тен. Ама, секој со своите искуства, нели. Од друга страна пак, фалената 123 Перфект мене ми е најужасната пудра што сум ја пробала во животот. Толку течна текстура има, а толку е сува и непокривна на лице, тоа чудо едно. Мислам дека ББ крема е попокривна од ова нешто. Не вреди ни третина од парите што ги платив за неа. Ја ставам некогаш до ваму-таму колку да не ми стои така, жал ми е за парите што ги дадов, ама ни во лудило не би ја препорачала, ниту пак купила пак. А на мнозинството им е прекрасна и се колнат во неа. Милион жени, милион различни кожи и искуства, ништо не ни е погодено Ама сама сум си крива, зошто не ја пробав пред да ја купам, убедена бев дека ќе ми се допадне. Голема грешка. Затоа, во ред е што се даваат препораки во темава, впрочем, тоа и е намената, ама пред да се купи секогаш треба да се проба. Само така ќе нема утка
Јас имам нормална до комбинирана кожа.Ја користам течната пудра Beauty matte controll foundation од Oriflame.Пудрата е покривна и со лесна текстура.А од камените пудри можам да ја пофалам пудрата на Rimmel Stay matte.За комбинирана и масна кожа,потешко се наоѓа пудра што одговара.Предност е да го матира лицето неколку часа во текот на денот.Од овој аспект,нешто што на некој му одговара,кај друг може да нема никаков ефект.
Сексибејби мор не се колнеме далеку од тоа, a и дека 123 е најдобра, мене лично веќе не ми е, зашто ја сменија текстурата и самата пудра е разлина него порано, барем на моево лице. Ама дека можам да ја остаам на лице и 10 часа и дека нема да ми засвети ни носот ни челото ни ништо.Дали дека е многу, могу сува, ама ете за 8 саати на работа кога немаш време да го пудриш лицето е топ. Али оцртава пори ко ништо на светот. Мене па не ми треба покривност којзнае колкава, туку ми е солидна. За преку ден не сакам лицето да ми биде до толку фотоширано, нека се гледа дека сум човек, не кукла порцеланска. Тоа мене лично не ми смета. А за нијанси не праиме мубает, на нас светлите ни е претшно да погодиме нијанса а да не изгледаме ко духови или ко моркови во лице. Дали се презаситило моево лице од неа,па не ми е иста, не знам, ама не е иста за мене буржоа123 ко лани, и прехлани кога прв и втор пат ја земав. До каде ќе терам со пудриве не знам, ама не можам крај да си фатам. Мајка ми вика дека сме претерале од што имаме толку многу избор, на се нешто мана му наоѓаме, како порано со 3-4 марки си наоѓале и биле позадоволни. Порано имало поголем квалитет од денес, точно, ама и денешните очекување од пудрите ни се вонсериски, сакаме ко од рекламите да ни се лицава, а јасно ни е на сите дека само фотошоп е супермен за лице и ништо друго и пак само пребираме.
Хипстер, се согласувам со тебе комплетно за 123, не свети лицето од неа, ама не да е сува, пресува е. Ми ги истакнува брчките околу очите што ги немам (или барем се тешам дека сеуште немам, а пудрава не ми помага) Не ми треба ни мене голема покривност, не ми е тоа проблемот, ама оваа ми е баш како ББ крема. ББ крема која чини 820 денари Не можам да ја гледам, жими све, едвај чекам да ми се макне од несесер Нијансите и' се ок додуша, ама пудрите на Буржоа општо ми се едни од најлошите, а чинат повеќе од еден Ревлон, на пример. Нивна пудра веќе никогаш. И Флауерот кога ја користев после извесно време ми стана премрсна и се растекуваше. Абе да имаше некој да смисли некоја универзална, совршена пудра што на секого би му одговарала како создадена, пак ќе и' најдевме маана. И ние жените премногу очекуваме, ама тоа е баш како што викаш, зошто сме соочени со преголем избор