Севентин во тубичката, оваа де 600 денари што е, плус камената на Римел, а претходно и други камени ми вршеле работа.... Добитна комбинација веќе три-четири години ми е ова, и не планирам да менувам. Лицето ми е стакло и преку ден, и навечер, и на слики изгледа убаво.... Не знам што ќе правам ако прекинат да ја произведуват. Стварно, нели ве мрзи цело време да барате и да пробувате нови пудри , дали јас вака само од втора-трета рака си ја погодив пудрава, ич немам мерак за пробување и експериментирање, посебно не со таква деликатна материја како пудра за лице.
Јас ја користам Bourjois Flower Perfection и сум презадоволна. Имам полумрсна кожа :/ а пудрата е лесна, не се чувствува на кожата..... а за покривноста и трајноста немам зборови.... Секоја чест воодушевена сум
Кажи ми, која е цената на пудрата и дали ја користиш течната пудра од колекцијата? Јас сакам да сменам, па се мислев дали да ја пробам од Bourjois, а видов дека е за помлада кожа. Дали можеби ја има во паковање како на сликава кај нас? http://uae.makeupandbeauty.com/wp-conte ... G_0007.jpg
^Purrinn За оваа пудра наназад има многу коментари, само напиши го името на пудрава во полето ‘пребарај ја темата‘. Колку што знам чини околу 800 денари и се наоѓа во такво пакување како на сликата.
Да оваа на сликата е,течната а сега ќе ја купам и камената . Ја купив од Космо за 860 денари, во исто пакување како на сликата и ти ја препорачувам.... Побарај ја по парфимерииве ја има сегде, за цена на други места не знам искрено и можеш да си ја пробаш да видиш како ќе ти одговара на кожата.
Значи, можеме да заклучиме дека секоја пудра различно делува на различна кожа, без разлика дали се работи за сува, мрсна или комбинирана. Јас, конкретно, дури си ја најдов совршената, за мене пудра и нијанса потрошив многу нерви, време и пари, секако. Така да, сега кога ја најдов Менхетенов, која мене совршено ми прилега и ништо од тоа, што сте навеле како негативни страни мене ми се нема случено, ниту пробувам нешто ниту сменувам. Јас порано имав навика, да прочитам нешто тука, фалено-префалено и оп одма да го купам, го купував и се разочарував, со добри 80% од така купените препорачани производи, така што сега решив прво да пикирам нешто па после да барам коментар за истото. Многу грешки сум направила, купувајќи од пудри до кармини, па незнам ти што понатаму, зошто се’ различно делува кај различни личности.
Јас имам мрсна кожа но дефинитивно пудрава мене не ми одговара кога нанесувам од неа како кожата уште помрсна да ми ја прави, место да матира. И не е покривна колку што очекував дури 123 перфект подобра е од оваа.Мој совет е да ја пробаш на тестер прво па потоа да одлучиш
Здраво на сите, јас сум нова на форумот. Дали некој ја има користено течната пудра fresh minerals? Постојано менувам течни пудри ако некако не можам да си најдам соодветна.
Барав на нет за течна пудра Лакме,не најдов ништо. А ја добив на подарок. Чиста радозналост -ако знае некој нека напише.
^ http://www.flipkart.com/lakme-invisible ... qpv9jkyapj https://www.google.com/search?q=%D1%84% ... 5&tbm=shop
Веќе неколку години користам исклучиво минерална пудра во прав.Иако се предобри пудри,како што веќе имам пишано на темава чувствувам малку како да почнува да ми се презаситува лицето.Некако не ми ''лежи'' на лице како порано,што е и нормално,си бара самото лице промена после толку време користење. Долго размислувам за течна пудра,каква да земам.Немам многу искуство со течни пудри па ми треба мала помош. Имам нормална до сува кожа и чувствителна.Знае малку да ми е помрсна некогаш околу носот ама далеку од тоа да светам. После повеќе читање на интернет се мислам помеѓу овие две: Двете имаат од лесна до средна покривност,а тоа и барам јас.Па кој ги испробал пудриве да ми каже збор/два која е подобра.
Долго време се мсилав дали да пишам ваков пост или не. Ме спречуваа овие шесто и кусур старни испишани ама кога веќе се фативте за темава морам да искометирам. Џабе се сите трани испиашни и исчитани кога на различно лице една иста пудра различно делува, без разлика што се работи за еден ист тип на кожа. Порано Мишела ја имаше фалено доста онаа на Боржуа Flower Perfection ако добро се сеќавам, нејзините мислења онака ми останаа во глава и си ја купив пудрата и можам да кажам дека подобра пудра во живот не сум користела. Арно ама по подолг период излезе нели оваа 123, и добро се сеќавам дека Мишела и хипстер беа многу задовни од неа и си одев по логика дека со Мишела имаме ист тип на кожа и ако ми била одлична Flower Perfection по нејзина препорака, ке ми биде добра и оваа новата на Боржуа. И тука се зезнав, значи ако се работи за ист тип на кожа, за мене пудрава беше ужасно сува. Занчи почна да ми истакува суви делови на носот и брадата- а реално никогаш не сум имала суво делче на лицево. После ја земав на Римел пудрата онаа што Лепа ја фалеше и мене ми беше баш погодена за до факултет, немаше ден а некоја од другаркиве да не ме праша каква пудра користам. За разлика од мене на Мишела па баш и не и беше нај нај пудрава, а со Лепа пак имаме тотално различна кожа. Следна ја земав на менхетен во црното пакување, истава што ја предложи Лепа, и оваа ми е на исто ниво со 123 на Боржуа. Значи имам мрсно лице а почна да ми создава лушпи на лицево исто како кај Хипстер, и да ми ги истакува уште толку порите, место да ми ги прикрие. И искрено се изненадив колку само не е покривна. Одсекогаш сум ја знаела како ептен покривна пудра а кај мене делуваше како ББ крема. Дури и другаркиве добив коментар дека Римелот ми била попокривна од оваа на Менхетен. Значи не оди никако. Она што е супер за мрсна кожа на една од девојкиве за мене е ужас. Она што е супер за оние со нормална кожа за мојата мрсна кожа е одлична. Така да престанав да ја следам темава, т.е. ја читам ама не ја земам здраво за готово. Најдобро е сами да оцените што ви одговара а што не на ваша кожа. Без разлика дали имате ист тип на кожа она што за некој е одлично не значи дека и за вас ке биде.
Имам пишувано наназад за Луми. Пудрата е сон за сува кожа, тенот го прави стварно многу убав, некако како да го гланца лицето.И дава убав здрав изглед на кожата, ја хидрира, не е тешка...одлична е.Омилена ми е, а верувај имам пробано многу пури. Единствена пудра за која немам никаква замерка . Римел ја немам користено па така неможам да ти кажам ништо повеке за неа.А марка како марка Лореал ми е поквалитетна од Римел.Барем моето искуство така покажало, сепак за кого како, не мора да значи.
Девојки може ли да ми кажете ваше искуство за пудрава? Дали е за нормална кожа,дали прекрива,каде можам да ја најдам и колку пари? Фала однапред!
Јас ја имам користено оваа и според мене е катастрофа. Ако имаш посветол тен, во никој случај не ја купувај затоа што и најсветлата нијанса е доста темна. Како паштета е на лице. Не велам дека не е покривна, ама искрено подобро без пудра него со оваа. Јас па смотана на времето продавачката ја послушав, и веќе никогаш. Ене ја ми стои неистрошена, најголема утка. На крај краева ако имаш потемен тен, и ти одговара пудра со жолт подтон пробај си тестерче ако се мислиш, може тебе ќе ти биде во ред.
Веќе подолго време ја користам оваа од seventeen. Не сакам многу да експериментирам зашто имам доста осетливо лице. Пудрава е многу лесна, безмасна и одлично покрива. Воопшто не се познава дека имаш ставено пудра (што ми е најбитно, мразам паштета-пудри). За сите типови на кожа е со СПФ15. Лесно достапна е и не е скапа.
Истото ме интересира Инаку Manhattan пудрава ептен ми беше тешка , имам повеќе накај сува кожа да речам , и кога бев да купам Seventeen наредниот пат видов исто пудра на Manhattan ама во друга форма на паковање ако не беше ваква и имаше само една нијанса (пресветла беше) иако имам многу светол тен. Дали некој има искуство со пудрава и нијанса нека пише(исто била доста покривна а не тешка ) И некој збор за пудрите на РИМЕЛ ?