Немојте таква непроверена козметика да ставате на лице, Малена може да пројде лакче, па и карминче, ама пудра немојте. Може за малце повисока цена да си земеш на Римел, Есенс, Мис Спорти, Евелин или други нискобуџетни брендови, ама сепак да си е квалитетот задоволувачки и да не си играш играчки со лицето. Лицето памти и кога тогаш се ќе ви врати. Пазете што ставате !
ARTDEKO минерална пудра во прав (Loreal ја нема повеќе кај нас,можеш да ја набавиш од соседниве држави или фришоп) Артдеко ја има кај нас,одлична покривност,лицето изгледа природно и одлична трајност/Околу 1000 ден е ама трае минимум 6 месеци. Најважно е да нанесеш добра хидратантна крема пред нанесување.(Гарниер во розевата тубичка ти е добра.)Ако ја купуваш,не ја зимај таа со четка бидејќи четката нечини,ќе си купиш кабуки четка друга. Инаку Мејбилајн ја нема кај нас. Јас имам доста пишувано за пудрава во темава,ако можеш побарај за да прочиташ подетално.
Уште на почеток да нагласам дека не го пишувам ова конкретно за оваа пудра туку за производите на поефтините марки/брендови. И е најдобронамерно и не ми е намерата да посегнувам по раправии (зошто овде речиси секогаш секое различно мислење се сфаќа на погрешен начин). Непроверена? Пример, лакот од Малена може, не само вода, туку и кафе да носи на многу поскапи брендови. До сега не сум слушала поплаки за ниту еден производ од таа козметика, додека за многу поскапи брендови сум слушала многу поплаки. Уште еден пример, аvon или oriflame имаат неспоредливо полоши коментари за козметика која е барем 4-5 пати поскапа од онаа на Malena, Golden Rose... Муабетот ми е, ако е нешто поефтино, не значи и дека е лошо. На пудрата пишува дека е без повеќето состојки кои штетат со што не може да се пофалат дури и некои попознати брендови (и пред да дојде до расправии, последен пат кога проверив беше незаконско да пишуваат невистини на декларациите, што сигурно не би ризикувале да одговараат за козметика која ја има во речиси секој маркет). И од каде сте толку сигурни дека останатите набројани брендови се многу подобри од оваа или од некоја друга поeфтина? А дека лицето памети и дека ќе се врати, премногу се согласувам и тоа не значи дека поскапата козметика е гаранција дека несакани ефекти нема да се случат. Затоа и воопшто ставањето на пудра воопшто не го поддржувам, особено не на лице кое воопшто нема потреба од пудра, а сепак се редат слоеви и слоеви.
Абе секој си има право на свое мислење, јас далеку од тоа да сметам дека се што е скапо е квалитетно, ама реално види го составот понекогаш и ќе ти стане јасно. Сепак некои фирми имаат стекнато углед кој не планираат да го загрозат со тоа што ќе ризикуваат со неквалитет, а и на самото пакување ти пишува состав па ти види дали е исто и дали плаќаш само име или и нешто плус. Јас секогаш викам дека можам да заштедам на крема за раце, лак, крема за стапала, купка, АМА кога станува збор за лице, едноставно вреди да инвестираш во квалитет. Можда пишува нема состојки кои штетат, ама сигурно има многу состојки кои фалат за да не биде лоша за кожата, ама тоа секако дека нема да пишува. А верувај за стотина и нешто денари не очекувај дека пудрата има состојки кои делуваат добро на кожата, а и дека за тие пари е вложено доволно труд и материјали да се направи нешто квалитетно. Секако, не велам дека треба да потрошите цело богатство за течна пудра, но оние кои се многу ефтини често имаат лоша структура која навистина е забележлива. Пак ќе кажам, не сте мали бебиња, вие си знаете што ќе користите, јас само си кажав мислење.
Трета година ја користам и сум ПРЕ задоволна... додуша немам проблеми со акни и слично, и така лесна ми е пудрата не ја суши кожата.Цело време свежо делува лицето.
А верувај дека и поскапите пудри немаат состојки кои делуваат добро на кожата, не само оние поефтините. А и Malena е релативно нова, па можеби сакаат да се пробие на пазарот пред да почне со поскапи производи. Како што забележав, нивните нови видови се поскапи од првичните верзии. И за разлика од останатите брендови од ваков вид, овие барем ги нема на секоја тезга на пазарите. И повторно ќе нагласам дека муабетот ми е општо за сите пофтини брендови, не конкретно за овој. И отсекогаш сум споменувала дека ако веќе се користи пудра, да се користи од оние кои се со полесна структура, особно кај помладите бидејќи кога ќе видам девојче кое сигурно не е постаро од 13-14 години со паштета на лицето, веднаш ќе знам дека покрај тоа што нема потреба од пудра, да има ставено од најскапата резултатот ќе биде очаен бидејќи на тие години било која пудра стои лошо, а и техниката за нанесување не е иста. Втората помисла ми е дека се работи за Impala која имав пријателки кои ја користеа пред да сфатат дека не стои убаво.
^ И на соковите на Вива и останатите пишува сто посто природно, if you know what i mean И гледам сите инспeкции се згнаа да ги затворат, испитаaт и проверат, мх, да така е. Македонија нема лабаратории за детално испитување ни на козметика ни на храна, а и да има случајно, никоја инспекција не ги проверува зашто тоа чини МНОГУ пари(кои се на терет на државата). Наивно е да веруваш дека се 100 посто без парабен и остали тракатанци, само зашто така напишале на нашата етикета, која бај д веј нашот увозник мора да ја залепи и самите и ги принтаат и го составуваат текстот. Не дека скапите козметики се којзнае какви, ама дека оваа нема ништо од тоа наведеното чисто се сомневам. И јас не би ја купила нит ставила на лице. А за Голден Роус донт гет ми стартет колку е квалитетна, абе од што е квалитетна ја продаваат на тезги на пазар и така ја продаваа до сега, ама им текна дека можат повеќе да наплаќаат ако отворат продавница, добар маркетинг нема што.
Ниту една пудра, па ни најскапата не делува добро на кожата. Колку и да има добри состојки внатре, секогаш има и нешто што лошо делува врз кожата. Обично овие како малена имаат минимална покривност но не значи дека е полиша од макс фактор. Пред некоја година читав баш за макс фактор пудрите дека имало нешто многу штетно во нив ама не ми текнува што . А нивните пудри достигнуваат и доста високи цени. Ма нема денес ништо квалитетно. И затоа на девојките кои немаат проблеми со лицето, кои имаат чисто лице, не ги разбирам зошто ставаат пудра. Ај за искачање некое и посвечени и побитни случувања да, ама секојдневно- не! Мене да не ми е лицево какво што ми е, не би ни помислила на пудра, барем не секојдневно.
Јас користев Малена некое време, од резултатот без задоволна. Моето лице може да се каже дека е и чисто, само ставам по малку пудра да се покрие нешто а да не изгледа како точка. Малена е ефтина, јас ја купувам за 130 денари, прекрива ДА. И неколку мои другарки ја користат стално ама никогаш не ми се пожалиле. Сега ја мешам малена+ една друга пудра. Тенот ми е проблематичен и тешко наоѓам пудра која ми одговара, а со мешање на малена и другата решив проблем. Јас не би се пожалила, добра е многу. За тие пари мислам дека квалитетот е одличен! А за тоа дека лицето може да се оштети не сум размислила, можно е да. Ама не е кај секој исто, зависи.
Јас оваа од Малена ја имам пробано кај другарка еднаш пред излегување, искрено се изненадив од тоа како покрива и што е лесна пудра а за многу ниска цена . Инаку со години ја користам оваа на севентин и сум презaдовoлна , не го суши лицето , ама не покрива толку добро како на пример пудрите на гош , ама мене тоа толку не ми е важно впрочем оваа ми е совршена за моето лице и цената е релативно ниска , мада се сеќавам дека на времето беше 310 сега е 400
Значи какви тупаџики сте не ми се верува Сте слушнале за избирање на најмалото зло од сите понудени зла, е баш за тој случај зборувам за пудрите!! Не кажав јас дека пудрата е добра за кожата во смисла да ја подобри состојбата на кожата или нешто слично, туку дека има пудри чии состојки делуваат многу лошо на кожата, за разлика од други чие користење не е толку фатално. Многу пудри имаат заштитен фактор, се базирани на одредени состојки кои се органски, или на пример цинк оксид, салицална киселина, така што истовремено и имаат декоративна и препаративна улога, па не ја влошуваат состојбата толку доколку имате неправилности на лицето. А Макс фактор не е наменета за млада кожа, можеби затоа си читала, дека не е погодна за младите девојки. А не се согласувам дека денес нема ништо квалитетно. Мислам која констатација, тогаш да се мачкаме со паштета ако е сеедно. А тие што имаат прилично чисто лице а користат пудра, фала Богу, не значи дека треба да си цел акни за да користиш пудра. Колку и да имаш чисто лице пудрата го изедначува тенот и постигнува убав ефект кој го нема лице без пудра, па колку и било чисто. Не зборам веќе, темава е за избирање пудра, не за ова, ама кога ќе се избаците со некоја констатација човек не може да не ви одговори.
Абре кога некој ќе ви врати на тоа безвезните коментари или ќе го надополни вашето незнаење вие го тупите, а во случајов ти! Убав ефект давало, муабетот е за штетноста на пудрата, која баш од убаво лице може да го направи лошо. И не е сеедно во однос на квалитетот, но во однос на штетноста...епа штетно е! Кај сум пишала јас дека е сеедно или другите членки? Си праиш ти филмови изгледа, нешто не читаш нешто додаваш а? И погоре убаво си напишав дека поскапите пудри содржат некои работи кои поевтините не ги содржат. Друг пат убаво прочитај па тупи колку сакаш.
Jaс ја зедов Севентин мат за мрсна кожа, и воопшто не сум задоволна. Нема доволно голема покривност и премногу ми го суши лицето. За цената очекував повеќе ама тоа е. Ќе си ја користам оваа за денски излегувања , а за навечер ќе си земам друга.
Еве и јас да кажам дека евтиниве пудри како Голден роуз не содржат парабен, додека пак пудрите од Менхетен и Севентин што ги имам користено имаат парабен во својот состав и искрено ептен ми е чудно ова Туку пробав денеска од Deborah 24ore и Maybelline Dream Satin и не ги бива ама ич . Од првава бев како изгорена од сонце на лицево,подоцна почна да избледува црвеното ама не е тоа тоа. Вторава е некако жолта многу како пожолтена бев И пак сум во потрага по пудра, а до тогаш ќе си шетам со пегиве наоколу
Ако немаш пробано неможеш да го тврид ова. На пазарот има толку многу видови пудри кои се многу подобри да ги користиш одколку кремата Бекутан на пример, или било која друга ефтина крема за лице. Како и зашто? Затоа што има пудри кои содржат висок заштитен фактор, како што не содржат кремите за лице на пример, нудат 24 часовна хидратација, за која што многу малку креми неможат да се пофалат дека ја нудат. Не ги затвараат порите и му даваат на лицето да диши, за разлика од бекутанот или друга бебешка крема (незнам што му се нафрлив на бекутанот), после кој ќе ти искочат црнки и прљавштини на лицето. Постојат и пудри за проблематична, тинејџерска нечиста кожа, која покрај тоа што ги прикрива недостатоците туку и помага во лечењето на акните и мозолчињата. Тука ќе и набројам и пудрите со анти ејџ ефект. Пудрите покрај тоа што ги користиме од естетски причини имаат и поголема вредност од тоа. Освен што ќе изгледаш поубаво, го заштитуваш лицето од надворешните влијанија, сонце, ветер, студ.... Со крема неможаш да го заштитиш така како што можеш со пудра. Сега во ова не спаѓаат пудрите коишто затвараат пори, немаат заштитен фактор и се со сомнителен квалитет, не е мубаетот за сите пудри дека го можат тоа што го набројав, ама да кажеш дека ниедна пудра на светов не е добра за лицето е тотално погрешно. Исто како што викаш дека нема ништо квалитетно денес, прво пробај па коментирај. Како да ти кажам, ама ги имам пробано околу 80% од пудрите на нашиот пазар, а тука не ги сметам Голден Роуз, Малена, Есенс, Мис Спорти, зборам за малку по скапите марки како Макс Фактор, Буржоа па до Диор, Есте Лаудер и Клиник. Разлика има и тоа огромна. Од самата текстура, од тоа како легнува на лицето, па се до трајноста и состојбата на кожата одкако ќе се отстрани пудрата. Ако од сите по ефтини пудри добивам лишаи на лицето, а од Клиник не добивам што треба да значи тоа? Не е за џабе толку пари, затоа немојте да тврдите дека не постои квалитет и дека ниедна пудра не е добра за лицето додека не се уверите сами. Точно е дека се прескапи, ама вреди да дадам толку пари за пудра наместо да ги лупнам на други по небитни работи како облека или 10ти пар штикли во плакарот. И многу ме интересира да ми објасниш што е тоа што е толку штетно во пудрите? За овие по нормалниве мсилам.
^ Да се надоврзам со муабетот, за џабе зборувате кај секој една пудра не делува исто, туку зависи од кожата. Еве јас на пример користев Дебора со зелено капаче околу 650 денари е, па ми се направи лицето катастрофа, полошо никогаш не ми било, ниту од ингрид,ни од голден роуз, ни од малена. Абе какви лишаи ми се изнаправија, пликови да ме чешаат да незнам каде да одам. На мајка ми пак, пудрата од дебора и го правеше лицето стакло! Како и легнуваше тоа чудо и немаше никакви проблеми. А јас исто се интересирам ама обратно - што е тоа што не е штетно во пудрите?
Прво треба да си проверите дали сте алергични на некоја состојка која ја има во пудрите за да не се чудите после од каде тие пликови, мозолчиња и слично. А тоа што не е штетно, напротив што е корсно јас го набројав во мислењето погоре. Хемиски анализи на составот не сум компетентна да објаснувам, знам многу малку. Доволно е да нема парабени, жива, алуминиум итн... Корисно за кожата е кога содржи салицилна киселина, хијалурон, глицерин, магнезиум... Секако и во зависнот од типот на кожа, за секој тип се корисни различни работи.
Аман бре луѓе јас не зборам за тоа како легнуваат на лице и ова она. А за првата реченица, сум ги пробала сите пудри, значи сите, сум ја барала она која најдобра покривност ќе ми даде и сум фрлала многу пари. И од странство ми донесоа и самата сум купувала. Значи сите едноставно. И не пишав дека буквално сите состојки до една делуваат лошо. Н, како што и пишав погоре има состојки кои се донекаде добри и го штитат лицето, но во исто време и =ма и штетни секако. А ако незнаеш што се има во пудрите онда штета. Спојлер Harmful Cosmetic Ingredients There may be some nasty stuff in your beauty products - here are some common cosmetic ingredients to watch out for Parabens One of the most widely used preservatives, the safety of parabens has been, for years, considered questionable at best. Used alone or in conjunction with other chemicals, in small doses, parabens are used to prevent fungus, bacteria and other cultures from forming in cosmetics and skin care products. Chemicals in the paraben family include methylparaben, ethylparaben, propylparaben, butylparaben and isobutylparaben. Of these, methylparaben has been deemed by the Environmental Working Group’s Skin Deep to be the most hazardous. What they’re in: Facial moisturizers, facial cleansers, facial treatments, anti-aging products, sunscreens (SPF 15 and up), foundation, deodorants, mascara, hair colour and bleach, eye shadow. Why they’re bad: Although studies have not yet been able to wholly prove hazards of parabens, they have been linked to breast cancer, allergies and immunotoxicities and irritation of skin, eyes and lungs. For now Health Canada, the U.S. Food and Drug Administration (FDA), and the Cosmetic Ingredient Review (CIR) have deemed parabens safe to use, so long as they stay at current exposure levels. Phthalates Often referred to as “plasticizers,” phthalates are a group of chemicals used to make products more flexible. Although there are many forms of phthalates (both known and unknown), those most commonly used in cosmetics are diethyl phthalate (DEP) and dibutyl phthalate (DBP). Of the known uses and derivatives of phthalates, Skin Deep has listed DBP and DEP as highly hazardous. What they’re in: Nail polish, nail treatments, cuticle treatments, facial moisturizers and treatments, fragrances. Why they’re bad: While organizations such as the CIR maintain that cosmetics containing phthalates are safe in their current levels, agencies such as Health Canada and the FDA remain skeptical. Although the products have not yet been restricted by these agencies, phthalates have been banned by the European Union (EU), and have been linked to issues with reproductive systems in men and women (including infertility). Propylene Glycol A derivative of petroleum, propylene glycol is used in cosmetics to carry moisture. It works to maintain the moisture content of skin by preventing the release of natural moisture or water. What it’s in: Hair colour and bleaches, facial moisturizers, facial cleansers, facial treatments, shampoos and conditioners, sunscreens (SPF 15 and above), foundation, styling gels. Why it’s bad: Although virtually non-toxic when ingested, propylene glycol can cause skin irritation or sensitivity in concentrations as low as two percent. It has also been linked to causing liver and kidney damage. Skin Deep notes that cosmetics may contain up to 50 percent of the irritant. Mineral Oil The primary oil used in a wide range of cosmetics, mineral oil is a “mixture of aliphatic, napthalenic and aromatic liquid hydrocarbons derived from petroleum,” according to a study from Positive Health Online. It acts by coating skin, like plastic wrap, thereby disrupting the skin’s natural ability to breathe and absorb moisture. What it’s in: Moisturizers (facial included), foundation, products containing SPF, hair colour, lipstick, lip gloss, concealer, eye shadow, styling gel. Why it’s bad: Although Skin Deep deemed mineral oil as low to moderately hazardous, it has been linked to asthma, eye irritation and various forms of cancer. Para-aminobenzoic acid (PABA) Once a common ingredient in sunscreens, PABA is now one of the chemicals on Health Canada’s Cosmetic Ingredient “Hotlist” (a list of ingredients that are banned or have limitations on use in cosmetics in Canada). What it’s in: Shampoos and conditioners, body washes and cleansers, hair-loss treatments, facial moisturizers and treatments, hairspray, sunless tanning cream. Why it’s bad: Skin Deep has listed the effects of PABA as cancer, skin irritation, rashes and has linked it to deficiencies in blood and the brain and nervous systems. Petrolatum Also known as petroleum jelly, petrolatum is a “semisolid mixture of hydrocarbons obtained from petroleum,” according to Skin Deep. What it’s in: Lipstick, balm and gloss, moisturizers (facial included), hair relaxers, body wash and cleansers. Why it’s bad: It has been deemed as a low hazard ingredient and, as a result, is safe for use in Canada and the U.S. with little to no side effects, although further testing has been deemed necessary. It has been banned in cosmetics in the EU. Paraffin Best known for appearing in wax form, paraffin is a “solid mixture of hydrocarbons obtained from petroleum characterized by relatively large crystals,” according to Skin Deep. What it’s in: Lipstick, gloss, balm and liner, products with SPF, eye liner, moisturizers (including facial), mascara, concealer. Why it’s bad: Although ranked as a low hazard by Skin Deep, paraffin has been linked to skin irritation and some types of kidney and renal system cancers. Diethanolamine (DEA) DEA is a highly hazardous petroleum-based chemical best known as the ingredient that gives shampoos its rich lather. Although not harmful on its own, DEA can react with other ingredients to become cancer causing. What it’s in: Sunscreens (SPF 15 and higher), moisturizers and treatments (including facial), foundation, around-the-eye cream, athlete’s foot treatment, anti-aging treatments. Why it’s bad: When combined with nitrosodiethanolamine (NDEA), DEA can be linked to stomach, liver, esophagus and bladder cancers. It also acts as an irritant, is harmful if swallowed and has been linked to asthma. Silica (Silicone Dioxide) There are many types of silicones found in cosmetics and, although they are petroleum-based, most of these ingredients are harmless to consumers. One such strain, silica, has been considered by Skin Deep to be highly hazardous, depending on how the product is being used. What it’s in: Foundation, lipstick and gloss, eye shadow, nail polish, facial powder, sunscreens (SPF 15 or higher), concealer, mascara. Why it’s bad: In cosmetics, silica is relatively safe and harmless to use. In higher concentrations (mainly used in industrial applications), the ingredient has been linked to cancer, allergies and respiratory issues. Polyethylene Glycols (PEGs) There are a number of PEGs that exist in the cosmetic products. One of the most hazardous of these is PEG-7, a petroleum-based dioxide that can penetrate skin and act as a human carcinogen. What they’re in: Oral pain relief products, lubricants and spermicide, styling gel, anti-itch/rash cream, mascara, toothpaste, facial moisturizers. Why they’re bad: Classified by Skin Deep as moderately to highly hazardous, PEGs have been linked to cancers, skin irritation and cardiovascular ailments.