Ne e temava koi pudri se shtetni a koi ne ne postoi nekoja pudra sto nema nesto stetno vo nea, taka da cela tema se napuni so of topici bez vrska, pisuvajte iskustva sto ke pomogne na nekoja feminka zasto bezrazlika sekoja pudra e stetna za liceto na nekoj nacin izvinete za latinicava od mobilen sum uklucena
Ауух и јас мутава не ми текна на гугл да пребарам па да се праам дека се разбирам Emotional123 ти убаво напиша дека нема пудра што не е штетна затоа сега не се побивај самата себе си. Сакаш да ти кажам дека пудрата што ја користам моментално нема ни една од овие состојки кои ти ги наброја, односно им напраи копи пест од првата интернет страна што ти искочи на Гугл - таа пудра е Clinique Moisture Surge. Повели пробај ја па после коментирај дека сите пудри се катастрофа, дека се штетни дека ова дека она. Проблемот не е во пудрите колку што е во тоа што не водите доволно грижа прво да си го средите лицето наместо да ги прикривате недостатоците само со пудра нудејќи само прикривање, а не и решение на проблемот. И бидејќи ги наброја овие состојки зошто и понатаму купуваш пудри кои ги содржат овие супстанци и притоа уште толку си го загрозуваш лицето? Баш сега ги читав етикетите на сите пудри што ги имам дома, Макс Фактор и Буржоа ги имаат скоро сите состојки што се тука напишани А ти Ким читај тоа што сакаш, ние не пишуваме оф топици туку дискутираме за пудрите, затоа што темава се вика „Пудра за лице„ , а не се вика препорачајте пудра за лице. Така да добро ќе беше и ти да ми го прочиташе претходниот пост пред да лупнеш дека не постои пудра што нема нешто штетно во неа. Има и органски 100% природни пудри бе девојче, пробај некоја таква ако сите други ти се штетни.
А што сакаше да идам од книга да ти препишам? хаахахахахахаахахахахха Или да не очекуваше да ги знам напамет состојките? Ццццц абе свашта луѓе. Не се побивам не се секирај. Користам пудра не од што ми е мерак, туку затоа што имам недостатоци/ вишоци како и да е. И сите што ќе ти пишат дека нема пудра што не е штетна- не ти одговара сите лупаат- само ти паметната и информираната Абе ај нека ти биде, срцки се сите пудри, нека ти биде, јас моето го пишав и објаснив. Стварно не можам да се замарам со луѓе кои не се разбираат од збор
Оние кои користат paraben free пудри,лосиони, креми за лице итн ве замолувам прочитајте дали во составот имаат phenoxyethanol? Ако да, честитки тоа е мање-више исто срање, извинете на израз. Дури сега го сметаат и за полошо од парабените! И на крај краева, дали сте свесни какви се презервативи има во обичен леб што го јадеме, да се секирате за тоа дали во пудрата има парабен или не е смешно искрено.
Би сакала да ми кажете каква мат пудра за сува до комбинирана кожа и светол тен познавате? Јас ја имам испробано само Менхетен во црно пакување со мат ефект, но не сум сигурна дека ми одговара затоа што во челото сепак светнувам во текот на ноќта... А и доколку на наведената и ја знаете цената би ви била благодарна!
Еве јас апсолутно немам намера да се правам паметна нити ме интересираат пудри, јас лично користам само коректор за подочници кои за жал ги имаат истите состојки. НО, признавам јас сум heath freak и барам секогаш природна алтернатива. Е сега има природни алтернативи, но се многу скапа варијанта и искрено кога бирам меѓу две зла, пример кога се работи за козметика не се секирам толку како кога се работи за нешто што се внесува орално, храна, лекови итн... Иако и парабените е докажано дека откако ќе ставиме нешто на нас што ги содржи после може да се најдат во крвта. Е сега поентата е, не може во производ кој треба да трае подолго од недела-две или ајде еве подолго од 2-3 месеци да не стават ништо... Буквално ќе го уништат бактерии и габи. Сите имаат некакви синтетички презервативи. Еве конкретно пудрата која ти наведе дека ја користиш има phenoxyethanol кој за разлика од „обичен“ парабен го сметаат за многу потоксичен за очи,а пудрата ја ставаш колку толку во близина на очи, страшно токсичен за бели дробови ако го вдишеш, и ужасен за стомак ако го внесеш, на пример ако ставиш на устата пудра или коректор и го лизнеш ќе штети! Не значи дека ќе се затруеш веднаш или дека ќе почнеш да повраќаш и слично али се тоа си го покажува своето дејство по одредено време. Paraben free е само маркетингшки трик, ако не е тоа користат друго што е исто или полошо. Така да, реално... не постои пудра која е ЗДРАВА, но од друга страна и стварно нема потреба од паники, за жал, истиве и полоши работи ги има и во храната што ја јадеме, особено конзервирана храна и се она што има подолг рок на траење.
Јас ти кажав пудра што не содржи ни една токсична супстанца од тие што ги наброја ти. И сега што, и понатаму ќе тврдиш дека сите пудри се штетни? Наместо да го прифатиш моето мислење како точно, затоа што ти докажав дека е така или да ми кажеш не ти е точно мислењето поради тие и тие причини ти не напиша ништо конкретно, освен смеење и ругање. Или да не сакаш сега да ти го напишам комплетниот состав на пудрата па да ми докажеш која состојка е штетна? Инаку да не дојде до недоразбирање не сум некој поборник против штетните пудри, кога купувам не го пазам до толку составот, најбитно ми е да е хидратантна и постојана, а имам дома пудри од Макс Фактор што се едни од најтоскичните според тука набројаново, едноставно користам она што ми прија на кожата па макар содржело милион парабени. На крај краева воздухов што го дишиме е по штетен од било која пудра што би се рекло, ама пак ќе кажам неможам никако да се согласам дека сите пудри се штетни затоа што не се. Има и корисни пудри, ако оваа на Клиник не е доволно корисна имате и по корисни 100% природни. Ивановска сега проверив, пудрава што ја кажав ја нема ни таа состојка. Се согласувам со тоа што го кажа, ама и јас напишав дека мене искрено не ми значи многу составот, само сакав да докажам дека не се сите пудри така штетни. Конкретно ова за конзерванските во пудриве да ти кажам дека пудрите на Лавера органската козметика немаат конзерванси, затоа и многу брзо се расипуваат, во смисла дека им се менува бојата - оксидираат, ја менуваат и структурата - многу по течни стануваат со тек на време. А и онака немаат голема покривност и трајност. Јас го кажувам она што го читам на етикетите, а за тоа колку се веродостојни неможам со 100% сигурност да тврдам. До сега барем не сум чула или прочитала по интернетов дека Лавера е сомнителна козметика и дека не е 100% од природни состојки.
па овој phenoxyenthanol го има во се живо ,бебешки влажни марамици,пудра,руменило.лосион,шампон,пилинг, сенки за очи, .. ( ова што имам по дома и не се од пазар купени) ај кажете каде го нема во кои производи. мислам дека.сегде го има
Види, ако го нема влажните марамчиња, шампоните и се останато ќе ти се расипат веднаш, ќе станат зелени, мувлосани, ќе се наполнат со бактерии милион! Јас искрено можам да верувам само на тоа што јас ќе си го подготвам сама! На интернет имаш милиони рецепти и за природни лосиони и за креми и за шампони дури, па и паста за заби... но, факт е дека тоа чини. На пример секоја недела да си правиш дома шампон од природни состојки ќе те чини најмалце 5 пати повеќе отколку да купиш некој од 400 ml за 200 денари, кој ќе ти трае месец и нешто или повеќе... И сега ако израчунаме и се друго да си подготвуваш дома... каде е крајот? За жал за наш стандард е скоро невозможно... А најтрагично е, замислете цел живот се чувате, живеете само на 100% природни, органски работи и на крај ве лупне кола Така да, треба да има некој баланс, скроз сме надвор од темата ама ете обратете повеќе внимание на исхраната, тоа сепак влијае каде каде повеќе на здравјето отколку пудрата или шампонот кој го користите. Она што се купува во продавница мора некако да се конзервира, ако ме прашувате мене дали би избрала парабен или феноксиетанол, јас би парабен затоа што се она што го досмислуваат мора да биде подобро (читај поефикасно) од претходното, што значи е најверојатно поконцентрирано, повештачко итн... А и за парабените сигурна сум дека се штетни, но и не е докажано точно за што штетат, демек докажале дека ПОСТОЈАТ ШАНСИ, значи ништо не е 100%, ако се користи антиперспирант со парабен го зголемува ризикот од рак на гради... А искрено, еве јас користам јавен превоз и според се што до сега имам мириснато, мислам дека не се користат многу антиперспиранти, а бројот на заболени од рак расте како мувла на пудра без парабен/феноксиетанол/богзнаештоќесмислатново. П.С. Мимс, јас на интернет побарав во состојки бидејќи ме интересираше општо за пудрата бидејќи мислам дека Clinique е една од врвните козметички линии општо, дури би ја сместила и над Dior, Chanel и остали, само за жал тоа што е добро, чини... многу! Така да извини ако сум ја смешала пудрата!
Па се смета за медицинска козметика, без мириси и бои е, без алергени. Јас имам проблем со тоа што кожата ми е премногу сува на челото, носот и во близина на ушите па често добивам и лишаи. Со крема ок се средува тоа, но до сега од повеќето пудри Макс Фактор, Буржоа, Менхетн, Мејбилин по одредено време користење као да се заситува кожата и пак по старо си продолжува, најверојатно затоа што не се доволно хидратантни. Ова ми е погодена сега за сега колку што ја користам скоро година. Лицето ми изгледа како ништо да немам ставено, ептен природно делува на лице, а кожата одоздола ја осеќам како дише, порите не ми ги затвара и најважно од се е што си ја осеќам кожата свежа,комотна, а не затегната како што од другиве пудри ми била. Исто од неа немам несакани последици, како на пример ситни мозолки ако не ја извадам цел ден, или пак насобрани црнки од нечистотија. Ја препорачувам на луѓе со многу сува кожа, чини околу 2800 денари, а мене ми трае околу 4 месеци со секојдневно користење, милилитражата е стандардна 30мл.
Има секаде околу нас ама ако можеме нешто свесно да не го користиме и да му најдеме алтернатива доколку постои,зошто да не ги смениме? Или сакаме евтинко да поминеме ама и да не ни штети ? Исто и со лебот можеш да инвестираш во пекач и сама да си праиш леб Се извинувам за офф топик,ама од вакви сувишни коментари ми се одмиле темава,во секоја манџа да се ставало бибер дури и кога не треба
^ Не е за ефтинко да поминеме зашто одма се доаѓа до ваков заклучок? Сум користела секакви пудри, од 300 па до 1000 денари.. поентата ми беше дека сепак во сите има нешто лошо, сепак сфаќајте како сакате не дојдов во темава да се расправам за непотребни работи
^ Е никој де не се расправа не вади сега муабети. Ако не се сожувам со твоето мислење не значи дека се карам. Само не ти држи вода муабетот дека во сите имало нешто лошо како велиш ти,само кај нас на пазарот нема многу избор,нажалост. Има еден куп пудри кои не се токсични ама има таква тема да не бидам офф
Мимс, медицински е невозможно пудра да не ти затвори пори. Значи ова е најголемата фармацевстска лага која може да излезе од оваа индустрија. Ако ти го прави лицето безпрекорно, не е можно да не ти ги затвара порите. На кој начин инаку ќе се постигне таа глаткост на површината? Ако си била да ти ги гледаат порите и да ти видат каков тип на кожа имаш, да ти ја детоксицираат и при тоа да ти дадат и од внатре да се средиш, меѓудругото ќе ти кажат многу вистини како оваа и многу повеќе. Ако сакаш отворени пори, нема да користиш никаква пудра. И било која пудра ја прави штетата која ја корегираш со препаративната козметика. Пудрата сама по себе има само естетски момент, но не и козметички. Ти плаќаш за естетскиот момент, а не за негувањето. Така што... брканицата која ја правиме ние жените е - негуваш лице за да го опоравиш од пудрата, потоа ставаш пудра и го уморуваш повторно, па пак го средуваш со препаративната и се така во круг. Како да ви кажам, ама тоа е...факд ап сме. Затоа веќе некое време не користам никаква пудра, освен минимално коректор околу очите, на доообро исчистено и хидрирано лице, преку ден,а за посебни пригоди и излегување навечер ставам пудра.И фала богу последниот пат кога ми го гледаа лицето, сите пори беа здрави и отворени. За мене се безпредметни вакви дискусии каде се расфрлате со некакви баснословни суми за пудри и креми, оти сепак на крајот не излегувате на улица без трошка шминка на себе си. А мислам дека тоа е крајниот ефект кој треба да се постигне. Некад добивам впечаток како да сакате да се импресионирате една со друга по темиве.
Лилит и со несоодветна крема можеш да си ги затвориш порите па да ти настане поголем проблем. Доколку се нанесува пудра максимум 8,9 часа и потоа добро ја одтстраниш верувам дека прите нема толку да се загушат. Но секако дека е паметно да се одмори лицето еден период доколку може со минимални корекци како коректор на пример. Но не секој ја има таа можност. Не секогаш е битна цената но од каталошки пудри коса ми се дига на глава не ради цената, туку ради тоа што доста младешки кожи расипале. Секако и на на многу рани години. Генетика има најголем удел и животот што го живееме од секој аспект,потоа негата.
Еве и јас се надоврзувам како девојка која се откажа од пудра и тоа пред добри 4-5 години. Едноставно имав проблеми со лице кои кортикостероиди не ги средуваа. Исто како Мимс, лишаи, егзема, па те ми се лупи кожата, те ми е мрсна, па бубуљички едно др. И едноставно решив готово е со пудри. Е тоа што уште го шлакам се подочњаците и по некоја поголема бубуљичка што ќе ми излезе и беше реално проблем да најдам коректор што ќе се вклопи колку толку со бојата на кожата. И сега, може имаше и други фактори, пораснав, пубертетски акни веќе немаше, сменив 100 производи за нега, на крај ги најдов тие што ми одговараат, ама дефинитивно и тоа што прекинав со пудра беше може основа на се. Јас веќе ни за искачање не користам пудра, едноставно не ми треба и не сакам. Сега да не се урочам имам нормална кожа, уште е чувствителна но тоа ништо не може да го смени, ама не е веќе негде се лупи, негде светкам итн итн. Мислам дека пудра на здрава кожа не може толку да штети, ама од друга страна што ќе и е пудра на здрава кожа? Но, поддржувам доколку се може и доколку со сите пресметки се исплати да се инвестира во она што и се погодило на кожата. И јас лично сум често во ситуација да штедам од многу други работи за да се снабдам со тоа што ми треба за лице, не користам скапи производи ама и не можам да си дозволам ситуација да ги немам.
Па да де, јас тоа го потенцирав, правилната нега, а со генетиката одамна веќе се имам изјаснето. Апсолутно се согласувам. Каков мајнд фак прави истата, мачкаш крема и дејството е дур ја мачкаш кремата, потфрли недела дена, ќе се скожуриш. Некои цени јбг, мораат да се платат. Сооветна нега, која не мора да чини богатство, само треба да е соодветна, се постигнува ефект. А што се однесува до пудрата 8-9 часа... еден ден не, ама 2-3-4 последователно и тоа како, од причина што и да ги имаш најдобрите чистачи во свет, не секој ден ќе го имаш трпението и времето да го правиш толку детално и трпеливо, а и за тие 8-9 часа штетата што се прави секој ден по малку, се генерира и крајниот резутат е тој кој што е. Од се ова, само ми недостига визуелното смалување на порите. Барем јас си ги гледам, крема како крема, не може да го среди тоа како пудра. Ама подобро да се така некое време, него ли затворени. Дематолог кој се грижи за пациентите ќе каже - нека се какви што се, кожата диши, ако се трудиш да ги смалиш, нема да биде добро за нив, ќе се затворат и ќе се направи процес. И така, тоа е.
Дека не можете сите да бидете експерти во се, не можете. Да, постојат пудри што се добри за кожата, мислам дека тие мислења од минатите децении кога освен 2 брендови на пудра, друго не можело да се најде треба да се надминат веќе. За среќа, денеска има пудри како што кажа мимс за повеќе намени, меѓутоа правете разлика дека пудра не е терапевтско средство туку е козметичко декоративно. Од минерали, до други природни состојки, до парабен фри и антиалергенски состојки, дефинитивно има избор за здрава пудра, нормално, ако знаете како да ја користите. Пак ќе напоменам, пудрата не е терапевтско средство не знам што очекувате да направи, да ве излечи од егзема ли? А како декоративно средство, има многу брендови кои успеале да го надминат тој штетен ефект во смисла на состојки. За затворањето на порите, има пудри кои не ги запушуваат, односно ги запушуваат онолку колку што и една крема би ги запушила, значи и тоа сведено на минимум. И да, и кремите го запушуваат лицето, минимално но сепак, крема е, не е природната бариера која што ја лачи кожата и пак има влијание врз нејзиното здравје. Што значи ако се водите по порите, тогаш нема ниту здрава крема. Но сепак, треба да разграничите цел и намена на производите. Ниту природното не ви гарантира дека е здраво и корисно. Не знаете кои состојки каков ефект имаат врз кожата, не ја знаете потребната доза и потребниот сооднос и процентажа на раствор, затоа не си играјте. И кокосовото масло е фалено и кажувано како најдобар природен препарат за кожа, а сепак големата концентрација може да ви ја изгори кожата исто како и лимонот. Покрај тоа, нема заштита од пестициди и конзерванси, колку и да сакате да ги избегнете. Како прво, почвата на која се одгледуваат растенијата, разните хемикалии со кои се прскани, тие од старт ве побиваат. Можеби ќе го испечете сами лебот, но брашното и млекото треба да дојдат од некаде, ако сами не ги одгледувате не ви гарантираат здравје. Затоа опуштете се, нека не ве пука параноја, може да имате здрав живот и без толку опсесивно читање на етикети, знаете, стресот е болест на 21 век .
Лилит можеби тоа со затворањето на порите е трик, ама кај секого е индивидуално. Кажав примери од искуство, како може од Буржоа да осеќам како кожата ми е угушена и неможе да диши, па кога ќе ја извадам пудрата порите ми се затворени и црвени, а пудрата навлезена во нив па само со пилинг може да исчисти, истото ми се има случено и од креми, ако е за тоа и кремите ги затвараат порите, односно се што ќе ставиш на лице може да ти ги затвори порите. Додека па ефектов од Клиник го кажав претходно, лицето ми е свежо, лесно, не осеќам дека ми врие во текот на денот и одкако ќе ја извадам пудрата лицето ми е сосема ок, без црвенила, порите си се најнормални (зборам за оној дел од носот до образите зашто таму ми е најголемиот проблем со порите). Како и да е јас немам проблем да излезам без пудра, лицето ми е доста чисто освен што имам црвенила на носот и образите во па затоа и највеќе користам пудра. А дека од пудрава ми нема излезено ни една акна или мозолчиња, или пак ми го јавил проблемот со лишаите (кое патем не е егзема, се имам испитано) значи само дека сепак постојат пудри кои не се штетни за лицето туку можат и да му ја подобрат состојбата. Колку да не се сфатиме погрешно, не ми е целта да се фалам и да се натпреварувам со некој кој што користи, на крај краева ми е гајле кој што користи. Целата дискусија почна дека сите пудри биле штетни, па еве излезе дека не се.