Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Течна пудра за лице

Дискусија во 'Лице' започната од angel, 23 ноември 2009.

  1. anime

    anime Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    мимс, баш ме заинтересира за клиник пудрата,гледам ептен ја фалиш. Јас ја користев на ланком и задоволна сум,ама сакав да сменам малку. Дали е клиник убаво покривна пудра? И ако може сликичка да ја видиме
     
  2. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Оваа што ја користам моментално е за сува кожа, нема некоја голема покривност, доста е лесна, по течна стуруктура има и затоа е неприметлива на лице.
    http://www.inofashion.com/summer-make-up-must-have-items/clinique-moisture-surge-tinted/Додека пак Evеn Better е доста по покривна, за нормална до комбинирана кожа е, и таа ја имам пробано. По густа структура има и повисок спф.
    http://sudobeautify.com/clinique-even-better-foundation-honey-review-and-swatches
    Неможам да поставам слики затоа еве линкови.
    Имаат доста пудри Клиник така да одбери си според твојот тип на кожа, сигурна сум дека има и по покривна од оваа што ти ја кажав. Верувам дека ќе бидеш задоволна, па ако купиш сподели искуства :)
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  3. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Mims колку чини оваа втората пудра на Clinique ? :)
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.237
    Допаѓања:
    157.255
    Мимс погрешно ме сфати само затоа што ти се обратив најпрво тебе, а продолжив воопшто.

    Овој феномен одамна го имам забележано во поглед на тоа. Една феминка еднаш малку го начна и остана така на темава и нема, нема од време ќе се разгори по иста тематика. Не друго, знаеме каде живееме, а и просечна возраст на форумов е 20, барем нзс може да се извади како стојат работите.
    А да не зборувам за оние случаи кои повеќе од тестер од подобра пудра и од импала до вчера не беа виделе друго...
    На крајот тие сме и толку сме убави негувани откако ќе се исклучиме од форумов, а не она што ќе го кажеме.

    Нејсе. Не се карајте за безвезни работи, оти на крајот генетиката ќе победи. Това е.


    Патем, крема може да ти затвори пори само ако не е правилно одбрана за потребите на кожата. Во последно сум задоволна од Логона, убава работа си врши. Имаше период кога бев изфрлана од истите премногу, но тоа беше тој период кога се средуваше се на лицево.
    Како и да е, хормонски причини за нечисто лице не средува ниту една крема. Такви знаат секако да ми излезат на виличната коска, ама за среќа брзо поминуваат со цинк, буквално за ден.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    2400 денари, сите се околу таа цена.
    Лилит, а Логона од кај ги набавуваш, цена, покривност, трајност ово оно :) Мора се да се проба :lol:
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  6. vanilla.95

    vanilla.95 Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2014
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    4
    Сакам да прашам каде можам да ги најдам камената пудра на Flormar и пудрата за мрсна кожа mat touch и колку чинат? :)

    [​IMG]
     
  7. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Во Веро-Џамбо имаат штанд јас од таму ги земам, истава пудра ја користам веќе цела година и сум презадоволна (а и долго трае) . Чини околу 540 ден ...нешто + /- можеби.
    Некој ми кажа дека Флормар имале штанд и во Рамстор.

    Камената не сум ја користела, ако ја купиш сподели искуство да знам дали да ја земам. Веќе страв ми е, никако да си најдам добра камена, вчера мајка ми ми покажа дома имам 6 (со цифри) ШЕСТ камени пудри почнати и оставени. :(
     
  8. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
  9. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    67.712
    Јас веќе година дена ја користам Luxe од Avon и сум презадоволна. Покрива убаво мозолчиња, ептен мала количина е доволна и е доста лесна. Цел ден лицето може да ми биде намачкано со пудрава, не ми пречи, што не било случај со некои други пудри. Имам нормална кожа.
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_7221.JPG
      IMG_7221.JPG
      Големина на фајлот:
      114,2 KB
      Прегледи:
      299
  10. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Јас ја имам користено.
    Покривна е доста ама доста е тешка на лице и некако мене ми беше доста портокалова и плус оваа четкичката ми е многу нехигиенска.
     
    На AhThatFemaleProblems му/ѝ се допаѓа ова.
  11. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Девојки,за масна кожа ви ја препорачувам камената пудра Stay matte од Rimmel околу 320-330 ден.Со години ја користам и не би ја менувала.Има избор на нијанси во зависност од тенот.
     
  12. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Има ли некаде- било каде, ТЕСТЕРИ за Revlon color stay пудрите или слабо?
    Вака на погодување не ми се купува, а доста е покривна.
     
  13. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Одамна ја имам видено во аптека на Еурофарм, така да прашај дали имаат тестерче да ти дадат. Обично они си ги собираат сите, ама обиди се.
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
    А некоја така полесна пудра, повеќе на природна база да препорачате? Јас веќе не знам што да користам, ептен се нафрлам од сите пудри.. Постои некоја 100% на природна база?
     
  15. elence132

    elence132 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    105
    Пудра не сакам :) Користам само бекутан на лицето , и само кога излегувам и ретко кога ставам пудра , имам дома maybelline ама стварно многу ретко ја ставам , оти одсекогаш сум имала чисто лице и не сум имала потреба од неа :)
     
    На AhThatFemaleProblems му/ѝ се допаѓа ова.
  16. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    А на свадби , прослави, па и вечерно излегување одиш само со бекутанчето и лицето чисто на себе?

    Ајјј браво, 21век неможе место човек да најде на шминкер за некоја пригода, а некој само со бекутанчето си шета :geek:

    Интересно :D :D :D
     
    На SimpleG, Youknow, AhThatFemaleProblems и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
    ^ јас сметам дека баш во 21ви век се претерува со тие „фешн“ чуда и диктирани моди дека вака или онака треба да изгледа некој. или баш дека мора да е нашминкан за излегување или за на свадба. искрено, знам две особи кои изгледаат премногу блиско до совршено кога се без шминка, за разлика од тоа кога носат шминка :) тогаш изгледаат многу погрдо, без разлика дали сами се шминкале или биле кај професионален шминкер - сум ги видела и за нивната свадба и за други свечености, ист резултат - поубави се без шминка. просто не можам да си објаснам :) ама некои луѓе (иако се преретки) имаат таква природна убавина на кожата што немаат потреба ни од пудра.

    Вчера ми се дотроши последната купена пудра, сега барам да купам нешто најприродно што можам, после читањето на милион штетни состојки кои се ставаат (барем колку што прочитав во составот на тие што ги имам користено досега, а се т.н просечна, средна класа на пудри, не прескапи).
    Ми се крена косата искрено.
    Иако користам пудра само за викенд, лицево не може да ми се опорави по цела недела потоа. Целата сум нафрлена.. посебно забележав дека тоа ми се случува од менхетен пудрите и од макс фактор. не знам веќе што да користам, а не работам моментално и не можам да си дозволам макар и за проба поскапи пудри од 800-1000 денари.. така што, после целодневно пребарување по интернет, сфатив дека најверојатно треба да инвестирам во добра крема за лице и доообар коректор за подочници, оти уствари токму поради нив јас и ставам пудра на цело лице..
     
    На Madalina му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Greenny

    Greenny Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    39
    Бидејќи беше многу фалена на форумов Seventeen mat + пред некој ден си ја земав и јас, но пудрава никако не ми одговара иако имам мрсна кожа. Ај што не си го погодив бројчето туку и веднаш само што ќе ставам лицето ми свети и на секои 2 часа мора да правам корекција затоа што светам како лампион :tmi:
     
  19. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Јас одам без пудра секаде, за искачање особено, а и на свадба бев без пудра, па што? :^) Коректор на подочњаци што е ептен погодена нијанса слична како кожата, очите ги шминкам, малце руменило и кармин/сјај.
    Ако имаш негувана кожа лицето ќе ти изгледа 100 пати боље него напудрено со 3 кила течна и одозгора уште камена како јаготка на шлаг. Па лицето на девојата треба да е убаво и негувано секој ден, без разлика дали ќе оди на кафе или на свадба! И не значи дека ако е свадба или Нова Година треба светот да се сврти и да се маскираш со шминка и фустани што ќе ги носиш тад и више никад, затоа што нели, свадба било!
     
    На OmniaVanitas, AhThatFemaleProblems и elence132 им се допаѓа ова.
  20. elence132

    elence132 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    105
    За вечерно излегување имам ставено пудра само 2-3 пати , оти тогаш се шминкав со повеќе бои , за да ми испадне поубаво сенката, а инаку да каде и да одам само со бекутанче сум на лицето , се шминкам , туш, креон , римел , руж и карминче или сјајче и така излегувам , имам стварно чисто и мазно лице така да си го негувам ( еднаш ставив камена пудра и ми испаднаа лиши , се швркнав :) и од тогаш немам ставано ) Можеби е до генот :) оти ни како тинејџерка не сум имала ни една бубулица
     
    На OmniaVanitas му/ѝ се допаѓа ова.