Темава не е да се фалите дека не користите пудра, ако не користите едноставно прескокнете ја. Мислам дека целта е тука дискусија меѓу тие што користат, за да си помогнеме во изборот, начинот на користење и сл. А инаку не сме ние што користиме пудра вештерки или со грозна кожа, се што е умерено е во ред. Не ставаме ние слоеви дебели 5см, се што е со доза на умереност не штети многу и не изгледа лошо.
потполно се согласувам! плус изгледа целосно, средено и убаво! како што треба да изгледа секоја девојка
Карина не дека се фалам и не сакам ни најмалку некој да навредам , само кажав дека не користам често а кога користам ставам мејбилајн а тоа што мојот пост отиде во друга насока тоа е друго
Порано, доста поодамна ја користев пудрава, како на втората слика беше пакувањето. Немам зборови да опишам колку е покривна. Ама дека беше поскапа прекинав и сега не гледам дека ја рекламираат. Ја има ли некаде пудрава тука во Македонија да се нарача или да се купи?
Па не е ни за ти да се најдеш навредена и да бидеш капаче на секое шише, нити некој да ми пропагира дека лажам затоа што салоните биле полни
Не сум слушнала за пудрава, но во случај ако не ја најдеш ,јас би ти ја препорачала на Есте Лаудер - теѓет тубичката double wear maximum cover , кога ја купував таа во стакленото шише исто од Есте,продавачката нанесе од оваа пудра на нејзината рака каде што имаше една лузна се се покри останав воодушевена но сепак не ја земав таа бидејќи мене не ми требаше до толку покривна ,а ми кажа дури и тетоважи покрива. Сега незнам колку би ти одговарала ценава оваа е околу 2800 во Космо
Vichy DErmablend all the way.. околу 1200 во зегин...прекрасна е! супер убаво покрива а не е густа. јас ја користам како коректор бидејќи немам потреба од неа за да ја ставам на цело лице и сум презадоволна
Спојлер Емоушнал Нели ја продаваа оваа на оние Топ-Шоп и на нив сличните? Обиди се со некои од тие, јави се на телефон да ти кажат дали ја држат уште.
Ја имам таа, ја купив по препорака од тука од фемина, беше на попуст . Само што многу чудно ми го прави лицето, ставам многу малце, а изгледа како да сум ставила цела туба на лице. Треба да ја помешам со друга изгледа. Хипстер точно дека ја продаваа тие ама не беа топ шоп, а друга незнам која има. Мислам дека се викаше Скај шоп ама сега веќе нема.
ЦЦ кремата мислам 530 или 560 ден., коректорот 350 ден., ама не видов дали им се овие промотивни цени или редовни...
Женски ај ве молам препорака за добра камена пудра ама стварно добра, да ја оправам оваа ББ кремата на Буржоа светам како лампион , не ми треба за покривање само за да не светам, да ми заматира лицето
Девојки, за сите што не можете да си ја пронајдете соодветната пудра, обидете се сами да направите. еве ви линк http://mkd-news.com/napravete-si-sami-d ... habe-pari/
Женски ај препорачајте ми убава пудра за комбинирана накај мсрна кожа,некако ми се презасити лицево од Rimmel Lasting Finish,сакам да сменам. Ја гледав Менхенен во црната тубичка,ама викаат тешка била. Значи,да е покривна ама да не е цемент.И да е до кај 400/500 денари. Се наоѓа нешто такво?