Оваа од римел не сум ја користела ама оваа од лореал ептен ти ја препорачувам и тоа баш оваа на сликата со црвено капаче, онаа со сребрено никако да не ја зимаш. Има мнооогу добра покривност, лицето ко прави како свила после.
многу добра пудра , одлична покривност , матира , не масти , постојана е , не прави линии.е цената е некаде околу 800 ден.
Оваа е пенаста пудра, премногу лесна, која лесно се нанесува. Најубаво се нанесува со прсти, не со четки или сунгерчиња. Се стопува на кожата многу нежно, не е тешка, исто како да немаш ништо ставено, прелесна е, има мат финиш. Убаво покрива но сепак не е тешка покривна пудра, значи и не е многу долготраен. Преубав е за преку ден, но и за потопли денови одговара. Не свети и погоден е за мрсна/комбинирана/нормална кожа, но не и за сува. Сите овие пенасти пудри не се погодни за суво лице. Нема заштитен фактор! Цената му е околу 700 ден. Во поефтините од Лореал е.
Ја има ли некој користено пудрава Stay matte na Rimmel , ме интересира дали покрива и каде можам да ја најдам.
Можеш да ја најдеш во Дм, Космо и поголемите парфимерии, баш денес ја видов 319 денари е, а дали покрива неможам да ти кажам , бидејќи ја немам коистено Денес ја земав пудрава на rimmel lasting finish, од Дм ја земав 319 денари, првиот впечаток ми е дека добро матира, за покривност солидно покрива , само една мана , некако тешко ми се размачкуваше.
Неколку недели ја користам пудрата на Римел,за пудра од 320 денари е прилично солидна. -пишува дека не содржи талк,парабени,масла, - има пенаста структура, - овозможува солидна покривност 4/5, дава сосема мат финиш, -убаво и лесно се нанесува по лицето може и да се надоградува делува доста природно, -добра е за мрсна,комбинирана па дури и за нормална кожа, -сувите делови од лицето ги истакнува,затоа пред да се нанесе добро е да се стави некој добар хидратантен крем, - за неколку часови почнува да се собира по лицето и почнува да свети кожата,сепак издржува 4-5 часа зависно од типот на кожата, -светлите нијанси од пудрата кај нас ги нема за средно темен и темен тен има доста нијанси.
Emotional123 Пудрата ја рекламираат на Е! Entertainment можеш да ја порачаш од Србија но ќе те фати ѓавол и пол,погледај малку Е! обавезно ќе ја фатиш рекламата,цената воопшто не запаметив колку е моментално
Девојки каде можам да ја најдам козметиката на Misslyn? Барав во Космо, ДМ ама ги нема, или можда не сум видела!?!?!
Девојки, јас практикувам поскапи пудри за лице, бидејќи сакам да имам квалитетна и не толку штета пудра. Трагајќи по совршената налетав на MaxFactor Lasting Performance и навистина ми се допадна, меѓутоа отпосле видов дека содржи премногу метан и не е соодветна за млади девојки. Пробајте ја пудрата на Essense, не е скапа, има убав мирис и покривност и не делува премногу вештачки на лицето.
Добив на подарок пудра од Max Mara. Само незнам од каде е, многу ми се допадна.. Дали ја има некаде во Мк?
Ако може некој да ми каже која е нај покривна од овие 4 пудри. За Лореал знам дека е покривна ама дали овие се повеќе покривни од неа
^ Најпокривна е Ревлон, па Флормар, а Севентин и Лореал ми се тука некаде, иако мислам дека Лореалот е многу малку попокривна од оваа другава. Барем според моето искуство.
Jaс последно тестери забележав во Космо во ГТЦ. Мислам дека имаше од речиси сите нијанси, а јас кога ја купував ја зедов од Зегин но тоа беше одамна. Провери на тие две места, ќе најдеш.