Јас имам многу мрсна кожа и милион пудри пробав бидејќи неможев да си најдам некоја што ми одговара или брзо се бришеа,или засветував за еден час во лицето , сега ја користам на Estee Lauder Double wear , имам пишувано и претходно предобра пудра и цел ден на лице стои плус воопшто не е тешка , но сега зависи колку пари сакаш да дадеш,јас би ти ја препорачала и на Буржуа 123 перфект или Менхетен во црната тубичка , тие исто така се многу добри ,сега читам и на флормар многу ги фалат јас ја немам пробано неа значи овие пудри што ти ги кажав само за мрсна кожа се
некој имаше прашање за севентин мат плус, јас ја имам,ама поголема катастрофа од пудра немам видено....но комент значи мат пудра = брашно помешано со вода, и + 0 покривност.....
Девојки што мислите за пудрава ? Денес бев со другарка ми да купува пудра и продавачката и ја препорачуваше оваа. А и имам неколку другарки што ја користат и многу задоволни се, била многу покривна. Планирам недела да одам Скопје, каде ја има пудрава и колку чини отприлика ? Инаку јас сега ја користам Тајм плус од севнтин, добра е и доста покривна, задоволна сум. Благодарност до karina8 за препораката
^Не знам колку години инаш, но колку што можам да видам на пудрава од Флормар пишува дека има аnti aging ефект кој не е добар за млада кожа (барем не 20-25 години)
Dark Lady Тренди е премногу слична на Тиме плус , само што е 250 денари.Лесна пудра, средно- покривна , според мене овие пудри се за чисто лице за да се изедначи тенот. .. Е сега сум приметила дека оваа на севентин е малку потрајна или така ми се чини . Ако ти се допаѓа тиме плус сигурно и оваа ќе ти се допадне .. Да ми ги дадеш да се намачкам од двете нема да ги распознаам. А оваа на Фломар за каква кожа е ? Гледам мн ја фалите а и добра цена има . Често се дискутира за анти ејџинг состојките , еве пример јас сум 24 уште немам брчки ама сметам дека не би ми штетело да почнам користам креми или пудри со вакви состојки ?
Ме интересира нешто: Понекогаш ми треба пудра за да ги прикривам акните.. Ама јас сум сеуште тинејџерка. Купив една пудра од Орифлејм ама не ми се погоди, а од мајка ми е Џордани ама е за зрела кожа.. Дали има врска тоа што и јас ја користам? Може ли да има штетно влијание?
не би требало и ја така си мислев ама еве не гледам да нешто да ми смета на кожата ок е што се однесува до размачкување ама покривност 0 како крема да си ставила а плус мене ми има некој чуден мирис така да нема да ми текне никогашод орифлејм да земам барем пудра пошо ако таа не е покривна а цената и од 300 до350 што е тогаш со др пудри од орифлејм ,пренапумпана цена има за така слаб квалитет
Па затоа пишува за зрела кожа на неа.Секако дека не треба да ја користиш!Подобро купи си севентин тајм плус таква полесна пудричка или пак некој коректор за прикривање на акни за да не ставаш на цело лице.
Фалената пудра од Флормар е друга, не е оваа или па јас немам забележано мислење за оваа пудра Првава е за мрсна кожа, а вторава за нормална/сува. Спојлер
koritsaki и јас мака мачам со мрсна кожа. И гледам/читам дека од Estee Lauder Double wear си задоволна. Па сакам да те прашам од каде ја зеде и колку пари. Поздрав !
Да Агрона, конечно да ти кажам да сум задоволна од некоја пудра ,си реков ке дадам повеќе пари ама да ми завршува работа, цел ден стои на лице и кога ќе се фатам на челото и образите нема ни М од мрсно ,а и ниту на облеката не се копира како останатите инаку јас живеам во грција овде ја земав на попуст 30 евра од 45 , а во мк ја има во космо, мислам дека е околу 2800 денари
Колку најдолго се задржува новата Севентин мат без да светне на лице, ја имам Севентин Натурал доста солидна пудра и не е тешка само што за нормална кожа би била одлична, јас светнувам со неа имам комбинирана кожа. Се мислам наредна мегу Севентин мат или некоја на природна база за комбинирана, од Лавера ќе светнам за брзо време, друга која е на природна база за комбинирана кожа, само да не е тешка, за изедначување на тенот ми треба ?
Со оваа можеби ке издржиш некој саат +,ама па, брашно помешано со вода е,јас мислам дека е за ептем мрсна кожа,јас се зафркнав ја купив и сега сум си без пудра асална.....