Garnier..дефинитивно најдобра според мене, како ми одговара на мојата кожа..и не е многу нападна Си ја сакаммм
Мат, а особено за некои пригоди кога се шминкам. Пр. свадба, матура каде што има играње и такви работи и се потиме, па мислам дека е најсоодветно со мат пудра. Ама и зависи од кожата, јас на пример имам комбинирана- повеќе мрска и ми одговараат мат пудри.
Па нема со каква сакаш, каква ти одговара на лицето,ако имаш сува кожа се става мрсна,а мат на мрсна кожа
Rimmel Stay Matte Спојлер По неколку изгледани видеа ја купив пред неколку дена. Очигледно имам проблем да одлучам која нијанса да ја земам затоа што речиси секогаш земам потемна. Ја земав 203 и за мене е многу темна, а и малку е ко портокалова на почеток. Се размачкува лесно, може да се ставаат слоеви. Покривноста и е 9/10, црвенила одлично прекрива. Издржливоста и е 5,6 часа т.е јас толку ја оставив на себе, можеби и 7 часа да ја носев но немаше некои промени. Целосно мат првите 3 до 4 часа, а потоа ми светна челото. Мене не ми се собра ко некои пудри после неколку часа, порите не се познаваа иако на носот почна да губи од покривноста, а и на некои места кај што ми беше сува кожата го истакна тоа. Вчера си купив посветла нијанса, се надевам дека нема да имам промена на мислењето на негативно Ја препорачувам. 319 денари во ДМ, на друго место јас не ја најдов.
си пишала црвенило покрива а флеки од акни покрива ако знаеш и само ме интересира дали на акција си ја зела или цената си е таа па да не се брзам да ја купам иначе ке ја имам на ум ја кармини имам од римел изадоволна сум и убава неосетна миризба имаат па ме интересира дали и за пудрава важи исто а инче е 30 мл стандард пакување или фала
30 мл е и цената е таа, 319 ден. Денес ја ставив таман нијансата што ми е , 200 е бројчето. Па направив споредба со слики. Еве со пудра и без пудра:
Решив да не ја користам веќе таа за зрела кожа Утре дефинитивно одам да купам пудра за моево лице ама предходно да ве прашам нешто Имам мрсна кожа, и ми треба некоја пудра која добро прикрива.. Се мислам помеѓу овие две, но ако ги имате користено ме интресира дали прикриваат добро. А се мислев и за таа погоре на Марама, ама дали би била добра за мојава кожа?
oк фала гледам да има добра покривност само некако темна ми се гледа вајљда порцеланот ке биде побела боја
Девојки сакам лесна пудра за денски потреби Може и од ББ или ЦЦ кремите но задолжително да има заштитен фактор ми треба . Што ќе ми препорачате ? Јас се мислам за оваа ама малку скапичка е
За разлика од коректорот на Артдеко кој не ми е ништо, ништо посебно, пурата им е екстра. Покривна, долготрајна,не се брише брзо, убави светли нијанси има, не светнува на лице иаку секаде читав дека е за нормална кожа, мене убаво ми одговара. Само скапичка е 860 денари ама 20 милилитри. Плус лоши се овие стаклени опаковки без пумпичка. Ама 10ката и 12ката се совршени нијанси за бел тен, мене 10ката ми одговара преперфектно на тенот, ни пребела ни претемна. Силна 9ка и давам, али не би ја ставала за секојдневна употреба, многу пари се во прашање...
Прашање до оние кои имаат користено Rimmel Lasting Finish и Flormar mat touch. Која е подобра? (за мрсна кожа)
Јас имам искуство со пудриве од Авон. Првично ја користев Не е лоша, секогаш и се радував кога и да ја нарачам, а свесна бев дека не ми одговараше .. не е покривна, но си најдов решение со тоа што ставав коректор на проблематичните делови, и одозгора демек да ми изедначи .. Ги пробав дури оние тинејџерскине , у стил .. поевтини беа за оваа .. шта речи .. само боја дава, и тоа има две, едната те прави кафеава, другата розева ко шамари да ти лепел некој.. додуша ми се најде , кога немав избор па бев приморана да користам IMPALA 2ка, што ме правеше како духче па ја мешав со тие, демек си погодував нијанса .. сега ја користам поодолго време оваа прилично ми е во ред, но во последно време ми свети лицето (дали дека почнав да користам Dove крема за лице, па таа дека е глицеринска .. незнам шта да мислим .. во принцип сега сум со оваа последнава, и преку ден малце капнувам и од ББ кремата од гарниер.. снаџисе па живи.. ги имам користено и од МаксФактор, црната .. препокривна е, но највероватно незнам соодветно да ја ставам .. и како што имате пишано наназзад, многу е тешка .. од maybeline една во тубичка , задоволна бев и од нејзе ..покривна, а делуваше природно ептен.. сега планирам да ја земам од Римел таа што ја фалеа некои феминки .. се надевам дека е покривна колку толку
земи си ја од Нивеа или од Гарниер ББ кремата, мада од Нивеа има темна и светла, мене и светлата како темна да ми беше, ми двоеше .. а немам баш светол тен.. така да земи си ја од Гарниер, мене ми се погоди ок ми е за низ маало и за дневни лабаво шетњи ..
Можам за цената да ти кажам само 560 во Космо и мислам дека на неа пишуваше за комбинирана ама не сум сигурна
Препорачајте ми некоја камена пудра...имам комбинирана кожа и ја користам камената на Римел стеј мат, ама неможам нигде да ја најдам. Бев во ДМ во гтц и само бр.5 ја има, а мене ми треба 3. Некоја алтернатива???
Tопло ти ги препорачувам Creme Puff од Макс Фактор и Healthy balance од Буржоа. Инаку кога станува збор за Стеј Мат, јас вчера ја барав во Космо ама ја немаше и ја земав од ДМ (ГТЦ) последната 3ка. Види во некој друг од другите ДМ маркети или на друго место кај што држат козметика на Римел ако веќе не сакаш да ја менуваш.
Од Буржоа не сум нешто задоволна, ја немам користено камената ама други работи што сум користела ми биле онака, ни добри ни лоши. Се мислев за оваа на Макс фактор ама во ДМ немаше тестери, а во Шатци беа катастрофа и никако неможев да ја осетам каква е ниту пак боите да ги видам како вистински изгледаат. Па после посета на ДМ и Космо во гтц, па ДМ во Капитол и уште неколку мали парфимерии во Бисер, се решив за Мisslyn. Пудрата е 540 денари, да поскапа е него што мислев да потрошам, ама решив да ја пробам. Се надевам не згрешив, нека поминат неколку денови па ќе напишам критика за неа.