Јас ти ја препорачувам на Estee Lauder-Double wear , и покрива и цееел ден стои на лицето сега незнам колку пари сакаш да дадеш оваа е поскапа ама вради за сите пари мислам дека не постои поубава пудра на светов
И јас ја имам оваа,веќе неколку месеци ја користам и сум прееееееееезадоволна и дефинитивно има голема разлика кога ја нанесувам со четкава и кога ја нанесував со прсти
Тоа е уствари пудрата во шишенце, а не во плава туба така? Ако е таа колку е покривна (рачунај за многу проблематично лице прашувам, со акни)?
Стигна СС-то,ама незнам што е финтава Ко сите пудри на авон,ај не е ова класична пудра,бла бла,на Илмана демек таква и ставаа,аха,да,добри се.На јутуб што гледам,покрива бре,изедначува,ја ставив,ништо,крема буквално,ни п од покривност
Многу е покривна, ама не е за секој ден и за млада кожа во никој случај. Ја нарачав од Интернет пред некое време за мајка ми, па и јас ставив два-три пати ама на толку и остана. Не би ја препорачала за секој ден колку и да имате потреба од покривна пудра, младото лице би било ПРЕоптеретено со ваква тортура секој ден. А што е убава, навистина е. Можеби јас на +25 год. возраст би го сменила мислењето, а останатите како сакаат.
Јас користам loreal true match веќе две години и се е ок со пудрата, освен фактот дека кога ќе се полусипразни, пумпицата е не ефикасна и мора да ја отворам и од неа да црпам.Внатре на ѕидовите од шишенцето останува многу пудра. Clinique е најдобра, но сепак е премногу 50 евра за пудра. И сега сум во дилема.Каква пудра да земам.Немам проблематично лице, јас пудрата ја користам само како основа за шминка и не сакам пудри кои го прават лицето како креч.
Да, да те разбирам. Јас ја имам таа во плавата туба ама не ја користам секој ден. Прво ради парите. Ја користам само за некои посебни прилики. Ама не ми одговара баш најдобро но тоа е. Сега за сега таа ке ми биде, па кога ке се потроси таа оваа е следна.
Рецензија за Golden Rose liquid mineral foundation Mојата нова љубов! Позитивно: - Одличен избор на нијанси, Голден Роуз е една од ретките фирми кои прават касперска нијанса ко за мене, ја имам најсветлата 01. - Изгледа убаво на лице, онака мазно, а не прашкасто. - Лесно се размачкува и бленда. - Одлична средна покривност. - Густа е, доволно е малку да се нанесе. - Мат ефект со часови, кај мене веќе на 9 саат почнува ептен минимално да светнувае, не знам како ќе се понаша на потопло време, и да напоменам дека секогаш ставам камена значи не ми е тестирана без камена и обавезно ставам крема под пудрата. - Одлична доготрајност, 8, 9 часа издржува без проблем, изгдеа совршено, после тоа кај мене почнува минимално да се брише кај носот. -Пакувањето многу ми се допаѓа (туба со пумпица), што е супер за патувања и носење во ташна - spf 15 - нема мирис, талк, парабени - 35 ml за 310 ден, одлина зделка Негативно: - Мојата нијансата има розев подтон ама не изгледа воопшто лошо, дури не се приметува кога ќе се нашминакам целосно, да ставам бронзер и сите салтанати. Да напоменам дека јас имам комбинирана кожа (нормална со мрсна т-зона) и според тоа како се понаша на мојава кожа, мое мислење е дека за мрсна кожа би била солидна не одлична, на сува кожа со мрсен крем под неа тогаш да. Пудрава вика дека е за сите типови на кожа и веројатно е првата пудра која навистина е, земјаќи предвид дека тука ја фалеа девојки со сува кожа и сега јас со комбинира кожа. Незнам дали има врска дека е минерална пудрава, мене ова ми е прва таква пудра. Имам впечаток дека пудрава многу добро се прилагодува на потребите на кожата. Целокупниот впечаток за пудрава од цена, милитража и квалитет ми е 10+. Ревлон колор стеј ми е сеуште на тронот поради нијанса поубавиот изглед и дуплата долготрајност ама пудрава е одлична достојна замена за неа. :up:
Артдеко Многу е убава течната пудра, баш е природна покрива на лицето а не се приметува дека си ставил пудра. Мислам дека оваа би одговарала на сите типови на кожа. и пудрата во прав е многу добра
Незнаев дека различни цени има во Космо пудрава во Гтц е 1 150 а во Зебра 840,исто забележав и Диплона шампоните во 175 кај Беко,а Зебра 212 и прашањето ми беше за каква кожа е пудрава и покривноста?
НЕ ЧИНИ ЗА НИШТО ЈАС СЕ ЗЕЗНАВ ЈА КУПИВ И ШТО ДА И КАЖАМ СЕ НАСОБИРА КО ГРУТКИ НА ОБРАЗИТЕ СУВА Е МИ ГО СУШИ ЛИЦЕТО, НИШТО НЕ ПОКРИВА, ТЕШКО СЕ РАЗМАЧКУВА, НА КИЛОМЕТАР СЕ ГЛЕДА ДЕКА ИМАШ ПУДРА,НИЈАНСИТЕ СИТЕ МАВААТ НА ПОРТОКАЛОВО ЗНАЧИ ЌЕ БИДЕШ КО ИНДИЈАНЕЦ У ФАЦА...НЕМАМ КОМЕНТАР ЈА МОЈАТА ЈА ФРЛИВ ВО КАНТА....ПА СЕГА ВИДИ ТИ:::::
Катастрофа од пудра, најлошото нешто што го имам пробано. Имам пишувано и претходно во темава, не би ја препорачала на никој никогаш. А со ценава не знам што мислат, поскапа е од еден Ревлон кој не може да се спореди со ѓубрево
некоја добра пудра за сува кожа,премногу ми е сува дури како да ми се перута и лупи од пудрата што ја имам сега,од Авон некоја ..
Здраво девојки, сакам да ве прашам ја има ли некој користено пудрата од maybiline минералната !? Еве слика, па кажете ми искуство, сакам да си купам пудра по шо ми е мојата при крај, а сега оваа е во акција, па да се одлучам . Убав ден ви посакувам
Estee Lauder-Double wear оваа пудра на сликите ми изгледа доста покривна,ме заинтересира само да ја најдам и пробам па ќе видам дали че ја купам
Јас ја користам подолго време и пудрата е....перфектна Има повеќе нијанси, јас ја користам Vanila Rose, највеќе ми одговара на тенот. Одлично го матира лицето и има висока покривност, само проблем е некогаш ако ми е посуво лицето, ги истакнува сувите делови, но со добра хидратантна крема и тоа се решава. Не планирам да ја сменам во брзо време, презадоволна сум, буквално го прави лицето како порцелан Мојата е при крај, па ако може да ми кажеш каде ја има моментално на акција и која е цената? Имај и ти убав ден
https://www.facebook.com/photo.php?fbid ... =1&theater Женски ја има некој користено мат пудрата на севентин таа без масло што е?Блиску се со цената на Мехетенот па се мислам која да ја земам инаку имам проблематична кожа мрса совет?
Јас ја имам користено. Пудрава е многу лесна и има слаба до средна покривност.Иако е oil free јас мислам дека сепак не е за мрсна кожа, воопшто нема мат ефект.Супер одговара на нормална до сува кожа, имам видено како стои на мрсна кожа и воопшто не изгледа убаво.