Јас имам ваква и сум презадоволна, му дава доволна хидратација и сјај на лицето а и добро покрива. Плус тоа, воопшто не е скапа. Ја препорачувам
цени ако може и за каква кожа се? во четврток ќе купувам и крајно време е да решам за мојов тен,кожа (мрсна кожа,со акни) (не сакам дополнителен сјај,сакам мат,покривност,да не сум како паштета)
Ја пробал некој, има убави нијанси светли, само малку сум скептична за каква кожа е, инаку на рака ја пробав убаво се фиксираше... П.С Ако некој некаде го види фиксаторот на артдеко, нека ми пише лп, секаде го скинав барајќи никаде го немаат на лагер...
Јас ја пробав. Има многу убава и нежна структура, мислам дека некаде прочитав дека е погодна за секаков тип на кожа, а моето мислење е поделено. Стандард како и сите останати пудри - мрсните делови светнуваат по 3-4 часа. Не ги истакнува и суши сувите делови и најмногу ми се допадна покривноста - преубаво ми ги покри несовршеностите, а со соодветна четка мислам дека ќе биде како мелем на лицето. Многу лошо е тоа што без камена или пудра во прав која убаво ќе ја фиксира не стои воопшто и премногу лесно се брише. Сигурно остава и траги по облеката, а тоа има дислајк уште на почеток од кошулите на дечко ми.
Sunnygirl2 јас ја користам моментално на Есте Лаудер, пудрата е околу 2600 во Космо ама прекрасна е , за мрсно лоце идеална, не е тешка,а покрива се,мириса преубаво, цел ден стои на лице навечер кога ќе го чистиш лицето ќе видиш како целата пудра излегува и да секако,мат е и лицето не светнува цел ден
Ве молам некој да ми каже за оваа пудра http://www.seventeencosmetics.com/en/co ... ation.html дали ја имате користено и која и е цената. Јас имам мрсна кожа, многу многу нечисто лице, акни, флеки, црнки, лузни, ми се лупи кожата .. . па сакам да купам некоја пудра која што би одговарала на мојот вид на кожа. Оваа пудра ми падна во очи па ќе ве молам за мислење.
Браво, многу ефтина била, се изненадив Лејдис, а што е со пудрата на Гош? Не гледам ништо за неа на форумов, пред неколку години ја коистев, добра беше гледам во ДМ сега е на акција од 600 на 400 денари Како сте задоволни од неа (јас сепак мислам да ја земам оваа на Римел, а ќе се помислам и за Гош )
Пудрава на Есенс ја користам со месеци и не е лоша... Ама гледам дека Римел ја фалите многу и семислам дали да си купам, да ја пробам, со оглед на тоа што има доста избор на нијанси, еве слика Е сега прашањето ми е- дали е ок за посува кожа, бидејќи јас сакам помрсни пудри, а покривни? И сакам нијанса што нема на жолто да удира...
Да, мислам дека ќе биде добра за твојата сува кожа, слушав туторијал на девојка со многу сува кожа и кажа : ,, Не многу, но чувствувам како до некој степен ми ја хидратира кожата, исто може да ја користите и вие со мрсна кожа ,,
Оваа конкретно е 290 ден, во ДМ, а на други продажни места на Есенс како Космо, Еликсир и сл може да варира 10-20 ден помалку или повеќе не е битно...Пудрава е доста покривна, а има природен изглед оваа нијанса конкретно soft nude...Е сега би можеле малку барем похидратантна да ја направат, ама нема врска, сосем солидна е за тие пари поготово, држи квалитет...Јас кога ќе ставам исто како мојот тен е и со вратот речиси нема разлика...
http://edinburghonlinefashionweek.files ... el-sta.jpg http://i.walmartimages.com/i/p/03/60/73 ... 00X500.jpg Каква е разликата помеѓу овие две пудри? и слушнав нема најголем избор на нијанси, јас од течната Римел ја користев најтемната, 300, иако немам темен тен, па би требало и камената од најтемна да земам..кое бројче е најтемна од каменава?