мене сега ми текне дека сакам да си купам камена пудра, или пудра во прав... ама затоа што до сега немам користено барам помош од вас да ми препорачате некоја добра, тинејџерска.. инаку имам комбинирана кожа.. и сега моментално ја користам течната пудра на јанг дерм и супер ми е..
Имав пишано и пак ќе кажам дека пудрата на Кетрин Арли (мислам дека е, никако да го погодам името ), воопшто не ми се допадна. Ама пред некој ден другарка ми си ја купила камената пудра, и ептен е задоволна, ја пробав и на моето лице, ептен убаво и складно ми одговараше на кожата. а и 180 ден. е
Срце, не е секогаш до пудрата, некогаш е и до кожата. Верувај, кожата многу се менува со годините, па многу често се случува некој крем или пудра да не ти одговара повеќе иако си го користела подолго време. Тоа е нормално, кај сите се случува истото, бидејќи кожата не може да биде иста цел живот. Со стареењето се менува, со временските услови се менува, со промената на начинот на живот се менува. Кожата е онаа на која најбрзо се забележуваат сите промени.
И јас тоа сакав да ве замолам да ми препорачате некоја камена пудра и сакав да ве прашам таа камената од кетрин арли од каде ја набавувате? јас моментално користам течна пудра од мејблајн нова нешто со минерали, 450 ден. во космо е и многу сум задоволна ефектот е како тру мач на лореал, а си заштедуваш 200 ден, па со нив ќе си купиш маскаричка исто од мејбилајн , а руменило користам од дебора иако некои го критикуваа јас сум многу задоволна. Инаку имам комбинирана кожа која станува мрсна кога треба да добијам или претерам со чоколадо , која не се нафрла често, но откако ќе се нафрлам ми остануваат флеки со месеци, а пудрава од мејблајн ем е лесна ем добро покрива, со помош на коректорце од мисс спорти
може да ставиш слика да ја видиме таа новата од мејбилајн, оти ја немам сретнато до сега во парфимерии
Мене ми е супер, имам комбинирана/сува кожа... Ми се мења Кога ми е посува само крема си ставам пред да ја нанесам пудрава, и супер е.. Убава е и за преку ден и за навечер, покрива доволно, што значи не циментира, туку таман, ако имаш црвенило некое ќе ти покрие, се разбира со коректор плус како што има елени кажано погоре .. Тоа е тоа
^^^Денес си ја купив оваа пудра, дека нова, ми ја препорачаа за мојава „бездефиниција“ кожа . И ставив одма ко си дојдов прееска, и можам да кажам дека е прекрасна пудра Не светна ко масло, покрива доволно, прва пудра која од прво ставање ми застана перфектно. Се мсилев меѓу неа и Колор Копи на Дебора, ама искрено не ми се даваа уште плус 250 денари. Оваа е 440, супер е. Минерална, за осетлива кожа. Јас зедов 21, најсветла, ми го едначи тенот, пошто јас од тоа имам мака. Ептен е природна. А си прашав за менхетен, ама не ми кажавте
Таа втрората пудра е, анфитоне минерал само јас 30-ката песок ја користам, бидејќи 21 ми беше некако многу жолта како болна ме правеше, а за тие пари ( 440-450 ден.) е многу ок пудра.Јас сум на работа по 10 саати и ми издржува што тешко се постигнува со други пудри, а можеш да ја користиш и за навечер. Користам пудра веќе 10 години и какви се не имам испробано (зборувам за пудри со цена до 800 ден., бидејќи повеќе пари ми се премногу да дадам за нешто што ќе ми трае макс. 2 месеци) и оваа е дефинитивно од подобрите, имаше порано една од орифлеим исто добра околу 300 ден. Беше ама не сум ја видела повеќе, а и смачено ми е да ја нарачувам, па да чекам, вака космо ми е на 100 м од дома што сакам и кога сакам идам и си купувам. Добра е и тру мач на лореал (со сиво капаче, од таа со црвено ми се перуташе кожата а ставав крема под пудрата) ама е за околу 200 ден. Поскапа. Менхетен ги немам пробано, а макс фактор се убави (поготово се добри ако имаш многу исфрлано лице) ама само за навечер зошто преку ден како пластично да ти е лицето изгледаш. Претходно со пудра и коректорче по 4/5 саати носење на пудрата ми се правеше мрсно, ама некој погоре кажа дека со камена пудра се избегнува тој ефект и навистина е така.Најдов дома некоја камена пудра од мајка ми и си ставам на челото, носот и брадата, но ми е веќе при крај па ве молам да ми препорачате добра камена пудра и да не е прескапа.Фала и позз
^^^јас ја користам на Дебора, 29, и ептен ми се погоди, во црвена опаковка е, околу 310-350 денари е И убава и не е ич скапа Јас вчера ја пробав комбинацијата течна Мејбилајн и Дебора камена, супер е не мислам да менувам.
си ја купив камената пудра на catherine Arley и добра е... ми се свиѓа како изгледа лицето.. бидејки не бев сигурна дали да си земам 5ка или 6ка.. си земав 5.5 (пола е 5ка, пола е 6ка) и увидов дека сепак ми одговара 5ката, делот со потемната пудра ке го чувам за летоска
Јас веќе 3 години ја користам пудрата од Лореал pure match. И не планирам да ја променам. До сега имам пробано многу видови, и оваа е единствената која ми одговара на мојата кожа (чувствителна и понекогаш склона на мозолчиња) . Добро покрива и изгледа многу природно ( не како да имаш малтер на лицето).
Не знам колку кошта кај нас, живеам во странство. Тука ја купувам околу 16-7 евра (не ми текнува точно) и ја користам 1 година, а може и подолго затоа што не ставам премногу, доволно ми е малце за да покрие. На почетокот ми се гледаше многу скапо ама сепак вреди.