anggell не лепи воопшто и стварно доста трае. Евентуално ако имаш многу мрсна кожа можеш со камена пудра да поминеш малце. jovanovska94 ти ја препорачувам оваа, али ако имаш дополнително за покривање ти препорачувам ко мала четкичка и коректор да докорегираш, наместо да бараш уште потешка пудра. Инаку цената е 320 ден.
http://www.femina.mk/out/?id=f095a94361 ... 6870_n.png оваа или оваа http://www.femina.mk/out/?id=e7ab6201b5 ... 0884_n.jpg ќе одговара на мрсна кожа со акни? да е покривна и да не светнува мноогу ??
Девојки дај кажете, која од пудрите на Maybelline е најдобра за мрсна кожа?? П.С Во Космо Тинекс има 20% попусти на пудрите од Maybelline
^^ а зошто мора да е на Голден Роуз? Јас искрено од таа марка пудра не би купила, незнам не им верувам и мислам дека ако ги ставам на лице нема да издржам ни 10 мин, одма ќе сакам да ја извадам. Разгледај ги пудрите на Римел, не се многу скапи, по 300-400 денари се, исто и на Мејбелин се до кај 500 денари. Ете оваа на Rimmel Lasting Finish што ја коментираат погоре, очигледно на многу феминки им се допаѓа. Јас ја користам веќе 2 месеци ама искрено не сум толку воодушевена како што ја зборат сите. Мене не ми е толку покривна и мат ми држи максимум 2-3 саати, после морам да ставам малку камена (секако пред тоа мрсниот слој го бришам со палома или сунѓерче). Види ја и новата Rimmel Stay Matte...таа па мене ми е премногу мат, ми ги истакнува сувите делови од лицето. Совршена за мене би била некоја баш на средина помеѓу овие две.
И двете ги имам користено првата одамна а втората моментално ја користам. Двете пудри се одлични за комбинирана, мрсна кожа, доста се покривни, лицето стакло изгледа и со двете коректор користам само ако сум ептен многу нафрлана надвор од контрола кога ми е лицето. Минералната е подолготрајна. Која и да ја земеш мислам дека нема да зрешиш. Точно дека квалитет на целокупната козметика на Голден роуз не е ко на Ардеко, Макс фактор и сл. ама овие две пудри со цената и квалитетот кој го нудат се фантастични бар за мене, потпишувам со две раце. Мене и двете ми се засега во топ 5 најдобри пудри користени до сега, а со моиве 25 години имам доста искуство со пудри.
Леле Космо ме збудалеа со попустов Девојки хелп која да ја земам Имам нормална до сува кожа со по некое мозолче (ги третирам козметички да ги искоренам целосно) и не знам која пудра да ја земам од овие 4 Мишелка ми ја препорача 3во1 на МФ , ама некако сеуште се двоумам Утре купувам една дефинитивно само дајте помош која
Понудава на макс фактор е стварно примамлива, едно што пудрата е убава а друго добиваш и маскара гратис која е околу 700 денари Сепак разгледај си која пудра ќе ти одговара најмногу. Само да те предупредам за нијансите дека се прилично светли
Значи пудрата на Дебора и Макс Фактор 3во1 за сува кожа никако! Ти кажувам од исксутво бидејки имам сува кожа овој период од годината, а ги имам и двете пудри дома и воопшто не ми одговараат. 3во1 е стварно убава пудра ја користам веке некое време, но пролет/лето, тој период бидејки ми е сосема нормална кожата тогаш, а за сега не, ми ги истакнува сувите делови, ја суши кожата дури и со мрсен крем како подлога. Дебора нема врска што не ми одговара, секако е ружна пудра, како паштета да имам ставено, а не пудра, но зависи еве на мајка ми и е супер па само таа си ја користи. Од овие наведени мислам дека Римел најмногу ке ти одговара, не сум ја користела но читајки рецензии, а и коментари на некои феминки,оваа би ти дошла најубаво.
^ Мене ми беше кажано дека bubac има масна Т-зона, а Макс Фактор никаде не нагласуваат некаква конкретна поделба на нивните пудри во однос на различните типови кожа, туку секогаш потенцираат дека пудрите пасуваат за сите видови. Јас не би се согласила дека МФ не одговара на сува кожа затоа што имам примери околу мене кои тоа го докажуваат и затоа би кажала да не правите генерализации бидејќи очигледно секоја сува кожа не е иста и секоја мрсна кожа исто така. Мислам дека и Римел не би и одговарала, НО додека не си проба таа на свое лице да не носи предвремени одлуки. Мој најискрен совет - пробај си од сите пудри и види. Хелти миксот мене ми е одлична по стурктура и нијанса, но не ми одговара на типот на кожа и ми се случувало да се избрише по кратко време. Дебора ми е грда пудра и ми делувала вештачко, а Римелот ми е прелеплива.
Здраво! Пред една недела првпат купив пудра во мојов живот, иако имам 18 години. Досега корисев мн ретко. Од Космо ја купив менхетен со мат фактор за против мрсна кожа. Инаку јас каква пудра и да ставев мене по некое време ми светеше и многу ми се мрсеше. Прво се двоумев дали да ја земам, а и цената беше солидна 540 дена 30 мл. Ја пробав и си ја купив. Многу сум задоволна, покривна е и немам проблем со мрсење на лицево. Дали има некој искуство со користење на оваа пудра?
и јас сум презадоволна од пудрата... понекогаш ако не сакам толку мат ефект ја мешам со кремче на гарниер ... ја обожавам, околу 5-6 години ја користам
Ај ке ве молам ако знае некоја нека постира линк од каталогот на космо што е на попуст или па некоја слика.Барав на сајтот на космо ама стои само новогодишниот. Сакам да знам што има намалено,освен пудрите кои веќе ги имате ставено,ако има нешто исплатливо а во исто време и потребно да си купам
побарај cosmo tinex на фб денеска и вчера ставија еден куп слики со промоции..а страната не им е упдејтирана од нова година...затоа барај ги на фб
Морам да споделам со феминки, севантин велвет тач е прееедобра пудра јас ја купив бр. 5 нијансата...инаку е со витамини а, е, ф и дава мат ефект како кафифе е на лице а не е тешка. ПРЕКРАСНО
Да ви кажам дека пудрата на Ревлон во Зегин и Шатци е сосема два различни поими. Откако првпат ја добив од Америка,купував од Зегин,ај што нијансите беа сосем различни од тие од Америка пример,беа со сосем друга бројка,лицето ми беше како паштета ,особено на слики!,што не беше случај со пратката од Америка. Од Шатци за 720ден ја купив истата пудра и нијанса како таа од Америка.И лицето ми кристално.Инаку на таа од Зегин увозници ги пишува Саманта,а на таа од Шатци дека е од Америка,така да моја препорака е иако во Зегин е 100-тина ден.поевтина,сепак да си ја купувате од Шатци.
Ја купив Римел лонг ластинг пудрата, 319 ден е во ДМ...Генерално сум ептен задоволна најмногу заради нијансата која ми е тотално погодена на мојот тен, природно изгледа многу...Пудрава не е нешто премногу покривна ама немам проблем со тоа бидејќи немам недостатоци на лицето и помалку е леплива ама не ми е пресудно тоа...Битно нијансата е многу убава и не ми ја суши кожата, има сјај... 103 е бројот... Еве ја-
Оваа пудрава на Римел ја користам веќе година дена и стварно за тие пари, па и за повеќе да би било е премија. Единствено во лето малку се подрастопува на лице, ама тогаш не ни користам многу пудри одкога ќе се исончам. Како и да е би побарала друга пудра само за во лето. Инаку сум терала и свадби и излегувања и полно работно време со неа. Немам некои недостатоци за покривање, само ми треба засилување од солиден коректор поради подочниците. А тоа што се жалите дека малку лепи, тоа е само додека да ја размачкате и додека да упие во првите 3 минути, после тоа не се ни чувствува на лице, баш како ништо да немам ставено. Планирам деновиве да купам и четка за пудра, па да видам каков изглед ќе се добие така, ама во главно сум супер задоволна. Ме јаде црвот од време на време да пробам некоја друга ама барем знам дека на оваа секогаш можам да се потпрам. Инаку пред некој ден една другарка ја фалеше хелти миксот, а има комбинирана кожа. Јас колку што знам таа е за сува или нормална. Мојата кожа е комбинирана и кога користам добра крема немам потреба од камена пудра, што значи не ми е нешто проблематична и повеќе се граничи со нормална одколку со мрсна. Гледам сега е на попуст па се мислам далуи да ја пробам затоа што многу лесно и природно делува, башка ми е пудра со најдобар мирис. Има ли некој искуство со пудрава со ваква кожа како што опишав па да сподели искуство или јок? Другите на Боржуа не ги сакам, ама за оваа одамна се мислам.
Штом имаш комбинирана кожа, јас би ти препорачала да ја земеш на Bourjois 123 perfect, пудрата е полумат,не е тешка и има преубав мирис а да знаеш дека не е многу покривна,а таа погоре е за сува кожа ,другарка ми има премногу сува кожа и е задоволна од пудрата. Земи си ја оваа , јас бев задоволна но заради покривноста ја сменив