Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Течна пудра за лице

Дискусија во 'Лице' започната од angel, 23 ноември 2009.

  1. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    10.243
    Сакав да ја земам оваа што ми ја препорачуваш, ама прочитав многу негативни коментари затоа што најверојатно е сменета формулата. Баш затоа прашав дали хелти миксот е исклучиво за сува и нормална кожа, затоа што ја користеле и девојки со комбинирана кожа, а премногу се задоволни.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.635
    Допаѓања:
    106.663
    Пол:
    Женски

    Ако сакаш пробај ја , ако мислиш дека е бидеш задоволна, јас оваа ја користев лани летото до септември месец, не ми се допадна што не е доволно покривна,потоа ја земав на Буржуа flower perfction таа со белото цвеќе ама многу брзо ми засветуваше лицето и место да ми ја/матира кожата ми се чинеше помрсна ми/ја прави и таа ја откачив :) како сакаш,јас лично бев задоволна од 123 perfect изгледа се си е до лицето :)
     
  3. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    ^ Јас не ти ја препорачувам Хелти Микс, тоа е пудра за сува кожа, така што мислам дека не би ти одговарала баш, освен ако не користиш добар матирачки крем и камена пудра врз неа. Исто така, не би ти ја препорачала ни 123 Перфект, ужасна пудра е. За тие пари можеш да најдеш 1000 пати подобра. Не прави ама баш ништо за кожата, освен што ја пресушува. Како крема да имаш ставено, буквално.

    Ако веќе сакаш нешто нематирачко, ти ја препорачувам Мејбелин Афинитон 24h. Пудрава е за нормална кожа, односно ни многу сува, ни многу мрсна. Мене, со мојава мрсна кожа, ми се покажа одлично, а и покривноста е супер, средна би рекла. Не е паштетеста и е доста издржлива. Од сите пудри што ги имам пробано, а не се конкретно наменети за мрсна кожа, оваа ми се покажала најдобра. Долготрајна е многу и плус е што има голем избор на нијанси кои делуваат ептен природно.
    [​IMG]

    Сепак, секоја кожа со своето, нели :) Не мора да значи дека и тебе би ти одговарала Мејбелин, ама сепак не би те советувала Хелти Микс да ја земеш, или па воопшто било која Буржоа пудра, зошто според мене се благо речено ужасни. Ете, сега ми текна дека Хипстер и некои феминки ја фалеа на Римел Wake Me Up, што исто така не е пудра за мрсна кожа, но на нив им одговара супер (конкретно Хипстер знам дека има мрсна кожа), па можеш и таа да ја ѕирнеш :) Единствено е проблем што од Римелот кај нас ги нема посветлите нијанси, ама ги имаш на Асос, можеш од таму да си нарачаш :)
     
    На Giovanna му/ѝ се допаѓа ова.
  4. girl.in.pink.dress

    girl.in.pink.dress Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    40
    Јас моментално ја имам MANHATTAN и сум задоволна од неа.. Иако ретко користам повеке преферирам да сум без пудра но некогаш мора да ставам. :D
    [​IMG]
     
  5. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    10.243
    Со Лореал трипл актив кремата немам никаква потреба од камена или којзнае каква матирачка пудра затоа што стварно супер си ја врши работата како подлога. И хидрира и матира во исто време, а не го прави лицето безживотно. Баш затоа ме заинтересира пудрата затоа што ми делува така лесно и свежо. Од истата причина сакав да ја купам и таа Wake Me Up, уште на непробано мислам дека ќе ми биде совршена, ама нијансите во Македонија не ми одговараат. Пред месец-два беше на многу добар попуст на Асос ама не ја земав и сега ми е криво.
    Како и да е, фала девојки, по се изгледа од Асос ќе си ја порачам, таман за пролет-лето ќе ми треба пудра што издржува повисоки температури, па ваљда ќе ја биде.
     
    На Sexybaby86 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.374
    Допаѓања:
    171.425
    http://www.seventeencosmetics.com/uploa ... 092407.jpg
    некои си 6-7 години сим ја користам оваа пудра
    Покрива добро нијансата ми е погодена на тенот инаку 5 земам ,покрива добро иако и немам некои потреби големи да покрие се на се ми е ок пудра ја земам некои си 380-420 ден зависи кога како ке ја начекам
     
  7. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Јас ја користам Хелти миксот моментално а имам комбинирана кожа. Мене ептен ми е погодена. Иако имам мрсна т-зона, воопшто не ми се свиѓа како ми стои мат пудра на лицево. И така и мат пудра, и ваква хидртантна после некое време ми светнува па морам да додадам камена, така да сеедно ми е.
    Хелти миксот многу убаво стои на лице. Не се собира, не се перути, не истакнува суви делови од лицето. Убаво легнува на лицето и не се чувствува воопшто дека имаш пудра. Сега, покривноста е релативна ствар, мене таман ми е, од време на време ќе додадам малце коректор или уште малце од пудрата и лицево стакло ми е.
    Мој совет е да ја пробаш. Чим имаш добра подлога или добра камена пудра за фиксирање, ќе немаш гајле :)
     
    На Giovanna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ma4enceEdno

    ma4enceEdno Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    465
    Здраво девојки, би сакала да ве прашам за пудрата на Менхетен,дали одговара на мрсна кожа и дали е тешка бидејќи јас секој ден ставам пудра. Иначе ја користам долго време на Лореал тру мач, но по некое време ми светнува лицето, па дали е подобра пударата на Менхетен за мрсна кожа мм :?:
     

    Прикачени фајлови:

    • manha.jpg
      manha.jpg
      Големина на фајлот:
      25,9 KB
      Прегледи:
      381
  9. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Истата ја имам, јас сум задоволна и од покривноста, врз неа си ставам и камена пудра и таман ми е се покриваат недостатоците. Воопшто не ја осеќам тешка на лицето и баш ми е за ова време сега. Многу ми е тешко во текот на летото да си најдам пудра, зошто потам и ми е тешко на лицето. Ама има време за на лето ќе му ја мислиме :D
     
    На cocoa28 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. cocoa28

    cocoa28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    91
    Оваа пудра за преку ден не би ти ја препорачала, бидејќи е многу тешка, како паштета е на лицето, делува многу неприродно...
     
  11. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    L'oreal True match ја има некоја користено и некој збор за пудрава? :)
     
  12. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Јас ја имам користено оломнани имам уште во тубето дома, бев задоволна, познавам и многу девојки кои ја користат со години и не ја менуваат некако ствара зараза ефектот на оваа пудра, ако си ја погодиш нијансата,
    Ја имаше во шатци на акција 350 сега е по нормална цена околу 470
    Мислам дека ќе ти пасира на кожата,само на сува не би одговарала, затоа и неја користам сега, а ти ќе си ставиш и камена пудра одозгора, за мат финиш и шибај ;)
    Ведбаш над твоето мислење имаат пишувано за оваа пудра можеш да ги прашаш и нив
     
  13. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.635
    Допаѓања:
    106.663
    Пол:
    Женски

    Јас ја користев , убаво покриваше ама тешка пудра е ,поготово за преку ден
     
  14. Oki777

    Oki777 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2013
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    5
    Се согласувам за пудрава од Менхетен, погодна е за мрсна кожа, но дава ужасен изглед на лицето, јас за прв пат користев од неа сега ми е при крај, и не ја препорачувам, и јац шетав како паштета во лицето ми беше страв да се погледнам во огледало, иако првите неколку пати супер ми беше. Па сега се мислам која пудра да ја купам и тоа што побрзо.
     
  15. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    [​IMG]
    Некој да сподели искуства со пудрава ?
     
  16. A.a

    A.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    60
    Јас ја купив пред еден месец, покрива но не многу и не сум многу задоволна од неа...
     
  17. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Колку е покривна пудрава? Имам мрсна кожа со по некоја бубулица, па се мислам дали ќе ми ги покрие :?:
    И дали се познава дека ја имам ставено? Не сакам да бидам ко паштета... :D

    [​IMG]
     
  18. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.130
    Пол:
    Женски
    Покривна е доста, имам пишано и понапред, но мое мислење е дека не одговара баш на мрсна кожа :) И, да доста е тешка и се познава дека имаш ставено пудра :)
     
  19. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Ја имам, истата не е лоша но јас нијансата не си ја погодив баш, и ја мешам со друга ептен темна па да ја ставам,
    Мислам дека би одговарала најмногу на нормална, комбинирана кожа, јас имам нормална/сува , па со добра хидратантна крема ми пасира,
    Матирачкиот ефект е на ниво , не ја имам носено долг период во часови па да ти кажам дали трае, 3/4 трае сигурно, не сум ставила камена над неа никогаш, немало потреба од неа
    За цената е релативно добра само добро одбери си нијанса
     
    На Tiki-lolipop му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Тогаш некоја друга препорака за покривна, лесна пудра и да не биде повеќе од 500ден. ? :?: