Знам дека ја фалевте каменава на Римел ама видов во Дм на попуст е макс фактор па сега се мислам која
И макс фактор е многу убава. Лично не им ги сакам производите ама од оваа и од течната 3 во 1 сум задоволна.
Ја им ли некој користено пудрата на Mineral long lasting foundation од fresh Minerals? Ја видов во Космо денес.Цената е околу 900 денари и ми одговара, зошто сакам да ги сменам Loreal True MAtch течните пудри коиво Космо се намалени на 660 денари, зошто повеќе нема да се произведуваат. Молам за искуства со fresh Minerals! http://www.freshmineralsusa.com/index.p ... tem/13-mlf
Дефинитивно 003 peach glow. Мене транспарентната ме прави премногу бела, некако не ми се прилагодува убаво со тенот. Види ако има тестери, барем погледни како стојат на рака иако мислам дека 003 ќе ти биде супер. Meне оваа пудра ми е една од поужасните со кои моево лице имало контакт. Мислам дека и Sexybaby89 ја спомна и сподели слично искуство. Не ми се допадна структурата, ниту пак ефектот кој го даваше на мојата кожа, но доколку веќе си ја пробала и си увидела дека ти одговара - пробај ја.
И макс фактор е многу убава. Лично не им ги сакам производите ама од оваа и од течната 3 во 1 сум задоволна. Би сакала да ја купам оваа пудра ги гледав тестерите и некако ми се многу светли,кој број користиш ти,јас предходно имам користено Ревлон 180
За течната ме прашуваш? Ако ме прашуваш за течната би ти ја препорачала 6о или евентуално 75 ама мислам дека ќе ти биде темна. Инаку да светли се нијансите од оваа пудра.
Вчера во Космо ми кажаа продавачките. Јас ја користам N4 течната, и ми рекоа дека е дефицитарна, дека имаат само она што им е останато и дека нема веќе да се произведуваат.
^Јас како што знам Инфелибл со црвенката амбалажа и онаа со четкичка што е веќе не се произведува така пишува и по нетов туку е искочена нејзина подобра верзија 24 часовна, претходнава мислам дека беше 16 часовна, веќе ја има низ парфимерииве со црно капаче е. Претпоставувам дека некоја збунка им е тоа или толку се информирани
Заглавив со изборот на пудра, откако ја расипаа 123. Исчитав преку 100 страни од темава и се одлучив за Велветот на Севентин, нијанса погодив ама не ја бива бе девојки... Знам дека тоа е индивидуална ствар, различна кожа, мене лично ме нервира да се познава дека сум "мачкана" со пудра, нема ни голема покривност, оставив и трага по луѓе при гушкање ( што уште повеќе ме нервира). За издрлжливот е ок, стои, лесно ја извадив, ама откако на извадив си приметив црвенило на носот и околу него. Инаку, како нијанса ми е со некој чуден потон, што ми е прилично ново зошто немав вакво искуство со Менхетен, Ревлон и Боржуа ( хелти миксот и 123), па ставам малку бронзер по цело лице зошто не ја бива. Мат финиш никаков. Незнам што пудра да купам, немам проблематична и нафрлена кожа, ама си ставам редовно пудра и коректор, и незнам што да купам и пробам, да е до 1000 ден не ми е проблем, па и и 1500. Би купила и Есте Лаудер ама не сум ич рационална во нанесување и трошење ( 1 пудра месечно трошам), па затоа не би да купам од нив. Што знам, Артдеко? Имам нормална кожа, а користам пудра за сува кожа со мат финиш.
По една пудра трошиш во месецот ???? Зошто кога имаш чисто лице, ставаш толку пудра, можиш само да си ја запустиш кожата, ако не сега по неколку години можиш да имаш последици од нив...и јас ставам речиси секој ден но една пудра ја користам околу 6-7 месеци.. Моја препорака е да не претеруваш со пудрите
Па повеќе во воздух ми оди, бришам со влажни, па ќе згрешам ќе се избришам и пак на ново ставам, а и постојано сум искочена и во движење, па така 2 пати во денот се шминкам, зошто неможам од 8 сабајле да терам и навечер за искачање. Затоа реков многу во ветер ми оди, а и со сестра ми заедно користиме зошто имаме иста кожа. Има денови и кога не ставам воопшто, ама дали е тоа еднаш-двапати во неделата, и една пудра користам ( немам посебно за навечер некоја special edition и посебно за денски) туку една иста.
Ја земав пред една недела, веке 3 пати си имам ставено и навистина сум многу задоволна. Лицето ми реагира убаво на пудрата, не светнувам како лампион во текот на ноќта (бидејќи ставам само за излегување), лесна е, лесно се нанесува и размачкува. 5ка според мене!