Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Течна пудра за лице

Дискусија во 'Лице' започната од angel, 23 ноември 2009.

  1. SAMIRA

    SAMIRA Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    ако можеш да ми кажеш дали има добра покривност или пак е за тие со чисто лице не ми е којзнае лошо ама повремено кога ке ми се исфрли па дали покрива и флеки не многу јаки, дали има светли нијанси ја кога ги гледав од есенс ми се видоа мн темни ама можеби биле од друг тип ,и колку кошта
     
  2. lal

    lal Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    23
    Би сакала да ја купам оваа пудра ги гледав тестерите и некако ми се многу светли,кој број користиш ти,јас предходно имам користено Ревлон 180 :*[/quote]
    За течната ме прашуваш? Ако ме прашуваш за течната би ти ја препорачала 6о или евентуално 75 ама мислам дека ќе ти биде темна. Инаку да светли се нијансите од оваа пудра.



    Да за течната,би сакала да ја пробам бидејки многу време го користам ревлонот па сакам да сменам а за оваа 3 во 1 прочитав многу позитивни коментари
     
  3. SAMIRA

    SAMIRA Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    па ја користам најсветла само да не излезам како дух иначе ванила или порцелан имам од орифејм и тајм плус од севентин боите ми се погодија најсветлата ја земав ама покривноста 0 посебно орифлејмот па сега сакам некоја попокривна сакам новата на римел ама тука ми пишаа да немало светли нијанси па затоа сеа се мислам за оваа на есенс значи има добро размачкување ама покривноста ми еважна а викаш60 ке ми одговара
     
  4. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Убави со природни нијанси, ама поскупи се.
    Посебно за течните зборам, зашто тие се трошат реално повеќе него камените и оние во прав. За тие во прав ќе прежалам 900 денари, секако не купувам повеќе од еднаш во 6-7 месеци пудра во прав.
    Над 800 денари се, во оние не убави стаклени шишенца без пумпица и тоа по 20 милилитири, тие по 30 се над 1000ка.
    Кај нас има 2 или 3 вида на течни, инаку имаат голем избор, штета кај нас не ги носат. И во Космо и во Шатци се имаат нешто од праисторија останато, недотрошено нит имаат доволно нијанси нит убав избор.
    Барем во Космо ми рекоа дека чекале нова пратка баш од Артдеко да им стигне до крајот на месецот, може ќе им стигне нешто од поновите пудри што не се во стаклена опаковка без пумпица.
    Ако ја имаат кај нас, најмногу нас ќе ни одговара оваа Long Lasting Foundation (Oil Free) зашто е баш за мрсна кожа.
    Колку пари е не знам, мора да е над 1000ка сто посто.


    Инаку јас се откажувам од потрагата по совршена мат пудра за попристојна цена, нема решение веќе сите после 4-5 саат избиваат од т-зоната, само камена или прав малку на критични денови му е мајката и ништо друго.

    Инаку за тие што прашуваа подоле, за мене лично камената на Максфактор што е на попуст во Дм е барем класа подобра од она на Римел. Јас со години само таа ја користам и до сега не сум и нашла замена посебно зашто има една или две убави светли нијанси, а и само малку треба да се нанесе за е добие некој мат-финиш а не она како пластична барбика или ко торта на лице да имаш ставено.
     
    На anuskaNESTLE и Rubiii им се допаѓа ова.
  5. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Епа и јас сум разочарана од сите пудри Хипстер, знам како ти е.
    Од толку многу избор, срамота, сеуште штедат на квалитет и те како.
    За најмалку пари 320 денари, Римел ластинг финишот, единствено она си вреде, ама колку пари имам дадено за пудри и сеуште немам најдено ништо саламно, шо ќе речам, ете, готово, кога ќе ја истрошам пак ќе ја купам, не бе, се нешто испаѓа, се нешто и фале, незнам што им прават на пудрите, ете стварно незнам.
    И така разочарана од светот на пудрите, сега моментално користам пудра од Авон, за преку ден, факс, кафе, ваму наму, е добра, делува ептен природно а и имаше убави нијанси, нормално со мала покривност, како бб крем е, иако гласе како најпокривна пудра на Авон, значи лаги со опашки, пудрите им се прави смешки, ама пошто немав време и нерви да барам пудра, ја нарачав ваа, и така до дома ми ја носат и беше на попуст 350 денари, си викам супер.
    Повише пари дадив овој месец за препарати за лицето, како лосиони и маски, и си го чистам и одржувам, ама сепак без добра пудра не се чувствувам целосно. :lol: Затоа и прашав за овие на Артдеко, пошто уште тоа шо не ми е пробано, а е сепак за младелачка кожа.
    Или на Артдеко некоја да си најдам сакам или па на Vichy да видам како ќе ми одговарат, и тие не ми се пробани а биле многу пријатни на кожата. Ако некој користе нека каже за покривност какви се и дали вреде за тие пари.
     
    На Lepaaa и Hipster им се допаѓа ова.
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Јас од Артдеко ја имам пробано таа за сува, нели има три вида, лонг ластинг оил фри за мрска, лифтинг има една и оваа да ме убиете не ми текнува како се викаше али е за сува кожа... 860 денари ја платив за 20 мл, на почетокот од нанесувањето е многу убава и многу убави нијанси има ама воопшто не е долготрајна, подоцна во текот на денот да речеме после 5-6 магично испарува од моето лице и остануваат ко лишаи на посувите дело од лицето, а другите осатоци ми се насобираат околу носот. Ете воопшто не ми одгавара, а на почеток од нанесувањето првите саат-два е совршена, мазна, хидратантна, прекривна, а после аш! Дали им се стари или што е проблемов незнам, иако не гласи како лонг ластинг пак треба да си стои, многу поефтини и од по слаби марки ми стоеле на лице по цел ден... :^)
    Имам мало тестерче од странство ми го дадоа исто од Артеко пудра Хидра Силк мислам дека кај нас ја нема, а тестерот уште го немам пробано, арно што ме потсетивте :) Инаку другава пудра оил фри мислам дека е околу 1500 денари, а таа лифтинг иде накај 1800 како што ми останало во сеќавање. Мене ако ме прашувате мислам дека не вреди за Артдеко да се дадат толку пари. Подобро додади уште 500-1000 и купи Диор или Клиник. Виши немам искуство со пудрите ама пак имам дома некој тестер во кесичка, деновиве ќе ги пробам сигурно и ќе ви пишам и за Виши. Појма неам како им се движат цените на пудрите, просветлете ме. :)
     
    На anuskaNESTLE и koritsaki им се допаѓа ова.
  7. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    Девојки, а имате коментар или искуство со Lancome?
    Мене таа ми ја препорачаа, ама не стигнав да отидам да ја пробам и да видам цена.
     
  8. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Ама ја ,,обработив,, пудрава :lol: , и ја пробав
    Ајде сега да ви кажам што знам
    Значи VICHY ДЕРМАБЛЕНД имате цела линија на
    1. Течна пудра за лице - белото паковче - 1287ден
    2. Течен корективен флуид(подлога/ поблаг вид на пудрата)- црното паковче- 1240ден
    3. Корективен стик за лице- 400/500ден
    4. Цела линија за тело - прекривање на недостатоци по телото со кои е извршено тестирање на човек прекрриен по цело тело со тетоважи и буквално ништо не му се познава откако го премачкаа со овие препаративе
    5. Компактна пудра за лицe

    Широк спектар на производи но покривноста е голема морам да нагласам не делува вештачки вОпшто јас ја носев денски и само имав реакција од тие со кои бев излезена као Што ти се десило со лицето што убаво ти е???? :emo:
    Имам другарка аптекарка па некако и прошверцовав едно тестерче од дермаблендов (но многу ретко скоро ич не даваат или не ни имаат) но дефинитивно ќе го купам тоа 2 флуидот бидејќи има поблага покривност од пудрата
    Под него, нормално си ставив хидратантна крема па после пудрава значи ни коректор на подочњака ни на некоја акна која ја имам ништо си реков или џа или бу да видам
    Многу убаво ми легна на лице, имав едно мозолче на чело како рок ми висеше е сега тоа тука така си остана такво , без црвенилото само, тоа го покри, но да би ставела коректор уште помалку ќе се познаваше, па можи и воопшто.

    Што се однесува до нијансите, има 15 25 35 45 55
    15е многу светла, јас ја зимав 25, макар што се мислев за 35 но таа ќе ми пасира во лето на исончан тен, сега 25 ми е супер
    45 55 веќе се претемни, значи кога би бирале оние кои си користите стандардна нормална нијанса како и јас 25че , оние кои сте или сакате потемна 35че
    Друго шо ве интересира прашајте .......
     

    Прикачени фајлови:

    На mims-89, A-j-a, senza.parole и 2 други им се допаѓа ова.
  9. jb82

    jb82 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    299
    ^ А за каква кожа е пудрава?
     
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.010
    Допаѓања:
    81.347
    Пол:
    Женски
    Руби, мислам дека знам за која пудра на Ланком правиш муабет, нова им е во парфимериите и сигурно има некоја баснословна цена, па ништо чудно да ти ја тутнат за да ти ги соберат парите.
    Не се сомневам во квалитетот иако не ја обожавам козметиката од оваа фирма поради фамата која се крева околу неа, но како што кажа Хиптер - мрсната кожа си е мрсна, што и да ставиш пак мрсните делови ќе светнат по одреден период и ќе мора да се направи корекција на шминката.
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.873
    Допаѓања:
    5.210
    Пол:
    Женски
    Која цена е Manhattan clearface и некој збор за неа ? :)
     
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Сигурно не е под 2500, ако си спремна да дадеш толку пари подобро купи ја на Есте Лаудер таа што ја фали Користаки и она си има проблеми со мрсната кожа. Сепак неможам да се согласам со тебе Мишела и со Хипстер ако мрсната кожа си е мрсна не значи дека нема решение и за тоа, сигурна сум дека постои совршена пудра или подлога што би го држела лицето цел ден матирано, а ако оваа на Есте Лаудер Дабл Веар не ви помага тогаш Макимум Кавр (онаа и тетоважи што прекрива) сигурно би ви помогнала. Неможам да се согласам затоа што ако мрсната си е мрсна и нема помош тогаш и за сувата би требало да важи истото значи ниедна пудра не би можела да го хидратира и да го држи навлажнето цел ден, а бога ми може. Мое мислење е тоа дека колку пари толку музика, не им се за џабе толку високи цените, ама пак ќе кажам и секоја кожа си е различна може и пудра од 5000 денари да не ти одговара и да ти го прави лицето катастрофа ама додека не пробаш нема да знаеш. :)
     
    На koritsaki и Rubiii им се допаѓа ова.
  13. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Јас дојдов да искажам пофални зборови за Estee Lauder Double Wear. Луѓе, јас најискрено не верував дека на пазарот постои пудра што ќе може буквално цел ден да го држи лицето мат, ама ете, се уверив.
    Значи веќе 10-тина дена ја користам и не можам да најдам зборови доволно да ја пофалам. Мислев дека Коритсаки малку претерува кога пишуваше дека лицето буквално цел ден не и' се мрси од пудрава, ама лично се уверив дека е така и дека и те како е можно (без навреда Коритсаки, едноставно не ми беше за верување :)) И најбитно притоа, да нагласам, пудрава не е стриктно наменета за мрсна кожа :clap: Еве по не знам кој пат ми се докажува дека има разлика меѓу производите за широка потрошувачка кои секој може да си ги дозволи и оние поскапите. Јас решив да си скратам од други работи, ама да одвојам за квалитетна пудра што секој ден ја ставам на лице и не згрешив.

    Значи, Есте Лаудер не е мат пудра воопшто, има некој полу мат финиш, ама кремаста е, фино се размачкува. На кутивчето пишува дека покривноста што ја дава е средна (медиум), но според мене, а и според сите reviews што ги прочитав на нет пред да ја купам (добро ја изгуглав), дефинитивно е full coverage пудра. Прекрива буквално се', и флеки, и црвенила, и акни... Исто така, покривноста може да се надградува, но јас немам потреба, и вака ми е премногу покривна. И сеуште не можам да поверувам колку е постојана, дури и да го тријам лицето со прсти не се вади. Исто, не прави флеки на облека, за ова потпишувам со две раце, зошто знам по едно бело сако што го имам, што кога го носам остануваат флеки на него со секоја можна пудра освен со оваа. Есте Лаудер се фиксира како ќе ја ставам и лицето ми е исто од сабајле до вечер, како да сум ја нанела пудрата во моментот. Не ми се верува дека не морам да правам корекции, да тапкам со палома за да го упијам мрсниот сјај, зошто едноставно го нема. Лицето не ми свети, ја имам тестирано цели 15 часа на мене и лицето не ми светеше воопшто, исто како да имам нормална кожа.

    Пре, презадоволна сум, не можам да опишам колку. Совршенство од пудра, во секој поглед. И дефинитивно вреди за парите. Скапа е, ама верувајте дека многу повеќе добивате од оваа пудра отколку од обична Лореал, Макс Фактор или не знам што. Едноставно не постои споредба, ете толку е едноставно. Не дека поевтиниве се лоши, далеку од тоа, јас не се двојам од мојата Менхетен во црно пакување па макар било смак света, иако само за навечер ја користам :D , ама мислам дека ми ја разбравте поентата :) Кој може да си ја дозволи и е спремен да одвои повеќе за грижа на лицето, топло ја препорачувам :)

    Единствена маана, всушност две, се следниве работи:
    1. Нема пумпица, шишенцето е стаклено па мора да истурите на рака, сунѓерче, четка за да ја нанесете, па така одреден дел од пудрата може да ви отиде во ветер, особено ако со сунѓерче ја нанесувате. Јас ја ставам со четка и со прсти, кога како, и со прсти ми се покажало најдобро. Така не може да ви отиде дел од производот во неповрат :D
    2. Бидејќи е толку постојана и фиксирана на лице, потешко се вади. Вообичаената рутина на отстранување шминка ќе мора да ја повторите X2 за убаво да ја извадите пудрата.

    Тоа е тоа, книга напишав :D
     
    На glosipgirl, anuskaNESTLE, senza.parole и 3 други им се допаѓа ова.
  14. M.laDy

    M.laDy Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    798
    Пол:
    Женски
    А која е разликата помеѓу оваа есте лаудер во шишенце и таа во плава туба?
     
  15. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.635
    Допаѓања:
    106.663
    Пол:
    Женски
    sexsybaby баш убаво ја опиша пудрава :) си помислувам како толку време се залажував со другиве пудри , ама пусти страв да не ги дадам парите џабе , да ти кажам и мене не ми се веруваше што ми зборува продавачката си викав ми зборува вака за да си продаде :lol: ама перфектна е , за тие поготово со мрсна кожа :) инаку во врска со нанесувањето мене повеќе ми се допаѓа со прсти да ја нанесувам , а стварно многу ме нервира што шишенцето е без пумпица ама важно си ја врши работата :lol:

    а феминката над мене праша што е разликата помеѓу double wear и таа во теѓет тубичка , па како што знам вторава е многу попокривна ама сега ептен ако имаш големи лузни ,и јас кога купував пудра таа продавачката ми кажа дека дури и тетоважи покрива.

    и да , и јас не се сложувам дека мрсната кожа си е мрсна и било каква пудра да ставиш пак ке си излезе мрсното , не е точно , со на буржуа ,да, ми се случуваше ова но сега со оваа на есте , не , буквално цел ден стои а и тешко се вади потоа, ниту мора одново пудра да ставам , ниту да си го тапкам лицето со паломи :)
     
    На Sexybaby86 и M.laDy им се допаѓа ова.
  16. softy

    softy Активен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    25
    sexybaby и koritsaki...од кај ја купвате пудрата и колку пари е?Колку шо знам во Бт ја нема,па ќе треба да дојдам до Ск :?: Кога прочитав вака позитивни коментари си велам Е ова е пудра за мојата проблематична кожа,+ го имам камуфлажот на Артдеко. Само,страв ми е да не ми се нафрли зато шо ми е осетлива многу кожата,а баги скапа е :|
     
  17. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.635
    Допаѓања:
    106.663
    Пол:
    Женски

    софти јас не сум во мк ама ја имам гледано во космо само незнам колку пари точно е нека ти каже секси бејби. Па не би требало да ти се нафрли кожата, пудрава и воопшто не е тешка , како да не носиш пудра а лицето е тип топ :) а за оваа пудра- дефинитивно не ти е потребно нешто друго да ставаш под неа ;)
     
  18. softy

    softy Активен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    25
    ммм супер,фала многу корицаки :) Ај ќе чекам чупињата од Ск да ми кажат од кај да си ја купам во блиска иднина :D
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  19. KittyT

    KittyT Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    120

    Има добра покривност, да, дефинитивно, јас ја земав најсветлата бидејќи по природа сум многу бела и ми го потемнува лицето но не драстично. Кога ќе ја пробуваш пробај директно на лице, не на рака. Чини 295 денари.
     
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Во Скопје ја имаш во сите Космо и во Шатци мислам дека би требало да ја имаат во сите дуќани. Во градски трговски центар сигурно ја има во овие две парфимерии исто и во Сити Мол. Цената и е околу 2800 ништо чудно и да ја начекаш на попуст затоа што секаде е различно, на пример ако во Космо е на попуст во Шатце не е и обратно затоа кога ќе доаѓаш посети ги и двете парфимерии и види кај ти е поефтино затоа што е стварно многу скапа пудрата. Јас не верувам дека би ти се нафрлало лицето или алергија би ти излегла затоа што сепак Есте не е бренд што може да си дозволи нешто такво ако прочиташ низ интернетов се прават од одбрани состојки и се им е милион пати испитано, од таму и цената им е таква... Сеа видов дека од Бт си па поблиску ти е до Грција да тркнеш, плус поефтина ти е таму ако не се лажам и на фришоп ги има :lol: