Sexybaby86 мила, ај ако не ти е тешко напиши ми само и шо нијанса купи, знам дека имаме сличен тен. И едно најфала за препораката. А, koritsaki нека напише колку пари е пудрава во Грција. А, женчиња... оваа гледам е стрикно мат пудра од Estee Lauder... Koјзнае па ова колку мат го држи лицето ?!
Можеби за вас не вие е ништо 50 евра за пудра, мене тоа ми е многу, искрено многу. Посебно со тоа што кај нас не ми се дава пари за ништо толку скапо, прво зашто претеруваат со цените, плус зашто се сомневам во роковите зашто добиваат роба се што во Европа нема да се потроши го туткаат кај нас. Плус имам планови летово да не бидам тука, така да ако идам преку барата ќе си најдам таму нешто квалитетно а сепак не со луди цени како кај нас. Барем знам што купувам и за што давам пари, зашто кај нас никако не знам за што даваме толку пари. За пудра давам до 1000 денари, и се наоѓаат солидни пудри за мрсна кожа, само не се мат 8 часа, па мора да се фиксираат со камена или прав. Тоа е тоа.
^ Исто. A и муабетот ми беше дека, порадо би вложила повеќе за квалитетна хидратантна крема со матирачки ефект која барем ќе прави нешто корисно за лицето. На крај секој со своето, фала Богу.
senza.parole, мојата нијанса е Pure Beige 2C1. На прв поглед ми се виде малку темна, сакав да земам една друга нијанса, Fresco, ама продавачката ме убеди дека Pure Beige повеќе ќе ми одговара и си реков ќе ги пробам и двете. Една намачкав од левата страна меѓу брадата и вратот, а другата од десната страна и беше во право жената Инаку, нијансава им е најпродавана кај нас, дури и тестерот беше речиси празен Другата нијанса, Fresco, имаше розев подтон, ќе се зафркнев ако ја земев. Оваа Pure Beige совршено ми одговара, не е темна воопшто. И исто така многу битно е што НЕ оксидира, бојата си е иста цел ден. А таа мат пудрата не ја забележав во Космо, можеби дека не ни гледав друго. Бев строго сконцентрирана на Double Wear и на тоа да си ја погодам нијансата. Мислам, на тие пари уште да си ја утнам и да се упукам Јас најмногу се радувам што со пудрава воопшто не ми треба камена, што секако дава поприроден изглед, а сепак не му ја мислам дали ќе светам како лампион За девојчето што праша колку пари е, чини 2.819 денари во Космо. Јас ги свртев сите парфимерии низ градов и нигде не беше на попуст моментално, па од Космо си ја земав. Мене не ми се чекаше акција, којзнае кога ќе има, ама ако не ти се брза, почекај. Космо секој месец имаат акции на различни брендови, досега многу пати имале и месечни акции на Есте Лаудер Се сеќавам последниот пат кога одредени производи Есте беа на попуст, беше и Double Wear, и тогаш чинеше околу 2.400
И мене исто така ми го потемнува лицето, најсветлата нијанса ја имам и пошто јас имам сува кожа кога ќе ставам остава како брашно, али не е толку безнадежна барем убаво мириса
во сефора има многу често попусти, кој го интересира може да стави лајк на mysephora greece па да гледа кога попусти има. инаку јас со попуст ја земав 30 евра а нормална цена е 45 евра
Фала ви женски на сите за информациите Ништо сега,ќе го пропуштам овај викенд попустот во Сефора,ама наредно одење в комшии ,обавезно ја барам пудрата.
Можам да ти гарантираам дека тоа не е точно. Производите си се увезуваат дирекно од фабрика, сигурно не чекаат да им помине рекот у Паризили Прага па да го пратат кај нас, а и немој да мислиш дека не се приметува производ на кој му е изминат рокот. На декларацијата како што знам нема рок си има код на самата амбалажа и може да се провери на страната на Есте Лаудер според тој сериски број кога и каде е произведено. Тоа со роковите може да е точно за Нивеа, Лореал, Мејбилајн итн... зашто кај нив си има на декларацијата и апла се приметува дека по 100 пати им се прелепувани декларациите на тие производи низ маркетиве, конкретно зборам за нивеа и Лореал, со свои очи сум видела... Може да не дриблаат вака со овие ефтиниве поизводи ама од искуство брендовиве си се секаде исти, дури па и на фришоповите и аеродромите може да се постари пудрите од оние што се тука кај нас. Да не откривам детали кои можат да ми ја доведат во прашање приватноста ама да ви изнесам податоци колку се продаваат брендовиве кај нас нема да ви се верува.
Си ја купив конечно пудрава баш оваа за комбинирана кожа 3 пати имам ставено и ми се допаѓа мислам ќе се дружиме уште долго време,покривноста одлична иако немам акни,лузни и слично во комбинација со макс фактор камената таа што беше на попуст во Дм вчера не ми светна челово цели 12 саати просто не ми се веруваше ќе видиме како ќе се покаже понатаму
Се наоѓа ли поевтина пудра со мат ефект? Ми треба за преку ден, бидејќи римел лонг-ластингот брзо ми се троши (јбг три жени дома) и цело време само фрлам пари. Сега сакам таа да си ја оставам за навечер. Само да не е делине, импала, кетрин арли и голден роуз, бидејќи лошо искуство имам со нив.
Таква пудра со мат ефект а поевтина од римел тешко дека ќе најдеш. Мислам дека римел енајевтина од таквите пудри.
Спојлер Сега бидејќи имам четка, можам да ти кажам дека ваков тип на пудра најубаво се нанесува со четка.
Ја употребував пред 1 година или повеќе може има мислам дека на нормална кожа би одговарала покрива убава ама некако сите нијанси на жолто маваат,цената е околу 280 денари во Дм.