Со мрсна кожа уште по 5 минути ќе светиш. И пудрава си е сјајна нема матирачки ефект и плус е наменета за сува кожа. Заклучок: ако користиш производ за сува кожа, а имаш мрсна само уште повеќе ќе ти се мрси кожата зошто нели состојките на пудрата за сува кожа ќе го стимулираат лачењето на себум.
Точно така Mimis-89. Затоа јас викам дека и најевтината пудра ако ја погодиш на типот ма кожа ќе има повеќе ефект отколку најскапата ако не е за твојот тип на кожа. Секако дека и квалитетот си носи цена.
Користите прајмер? Вакво нешто на Буржоа има кај нас во Мк? Инаку, за пудра, се уште сум верна на Буржоа и ја користам Bourjois Healthy Mix (51 light vanila) првенствено, а во моето катче од шминки има и Revlon ColorStay (за сува/нормална кожа нијанса 150) која ја користам за поголемо прикривање (свечености и слично..). При крај накај дотрошување ми се L'Oreal Infallible која прави убав ефект на лицето со тоа што оксидира, меѓутоа најсветлата нијанса која јас ја имам е Vanila а мене ми е како малку темна. При крај ми е и пудрата на Буржоа со четка и таа е со поголема прекривна моќ но јас нешто многу не ја засакав во ниту еден момент. Летоска ја користев пенестата пудра на Менхетн која ми е во потемна нијанса па ќе ја дотрошам ова лето Коректор секогаш имам МаксФактор ПанСтик и Буржоа ХелтиМикс коректор. Презадоволна сум Сакав да си купам некоја ептен лесна пудра секојдневна (да не си ја трошам многу Буржоата) па од Орифлејм ја нарачав VeryMe Прочитав позитивни критики за неа и во специјалната понуда беше нешто повеќе од 100ден. Вреди да се проба...
Незнаев во која тема би било најсоодветно, па решив тука да пишам. Случајно ми излезе странава на фб, гледам продаваат убави пудри, малку поефтини од парфимериите, но некако многу ми е сомнително колку ли се оргниал, не само тие туку и сенките, кармините и сл.Што мислите?Има ли некој порачувано? https://www.facebook.com/gyouthcosmetics1
Хм не ми се верува да се оригинал , поготово кармините, ми се чини едно време гледав слики на еден блог како да ги споредите оригиналот со фалсификатот. Јас да ви кажам овде кај што живеам на пазар секоја сабота има сенки диор, бербери,армани,гучи, шанел, во кутија, со изрежани букви на сенките, кутиите беа исти и на нив пишуваше и оргинслна адреса и место кај што се произведуваат како и оригиналот. И да,5 евра се сакам да кажам и да не се оригинал вака преку нет нема шанса да препознаете
мене ми е малку сомнително..пудрите или им се стари или не се оригинал...Revlon photo ready ја продаваат 690 ден а во космо беше 1600 ден кога ја имаше..а за сенките барем за Naked палетите 100% сум сигурна дека не се оригинални бидејќи оригинална палета е 50 долари а тука ги продаваат 1200 ден,сигурно се порачувани од Алиекспрес а таму се по 10 долари
Девојки ме интересира дали некој има искуство со пудрава,каква е,колку е покривна,дали светнува или го суши лицето?
Оваа пудра е за мрсно лице, ја матира кожата прави да не светнува лицето, ти зависи каква кожа имаш за покривност незнам нека кажат другите
Се извинувам,лошо поставено прашање Знам дека е пудрава е за мрсна до комбинирана кожа и дека е со мат финиш,меѓутоа ме интересираше некое конкретно искуство,бидејќи читав рецензии за неа,едни ја фалат,други велат дека е лоша,се собира на брчките и порите и го суши лицето. Мојата кожа е комбинирана и користам Римел Ластинг финиш веќе подолго време ама сега сум приморана да ја сменам пошто Космо не продава Римел повеќе а не можам само за пудра да се летнам за Скопје. Се двоумам помеѓу Менхетен мат,Севентин мат+ или Афинимат-ов ама стварно незнам што да купам бидејќи мене првенствено ми треба пудра за преку ден ама пак да не светне за брзо време.Ве молам за помош и предлог за добра пудра.
Менхетен ја имам пробано,и јас имам како твојата кожа ама некако многу тешка ми беше, пудрата е густа и не се размачкува лесно па можеби затоа и исто така и нијансата не ја погодив многу темна ми беше , лицето портокалово ми го правеше. И затоа и ја баталив. А за покривна е
Во Сити Мол во една од парфимериите здогледав пудра на Dolce & Gabbana, ама онака бев ептен на брзање и преку излог ја видов... сакам да прашам дали стварно видов и ако ја има која цена е, доколку некој знае нели?
Како сте задоволни, дали одговара за млада кожа, за каков тип на кожа е и колку пари е ? Планирам да ја пробам
Од мое досегашно искуство, секоја пудра различно делува на секоја кожа. Ако мене ми одговарала, не значи дека и тебе ќе ти одговара и обратно. Јас ја пробав оваа. Не се сеќавам која нијанса ја имав, ама не ми одговараше. Пудрата е со жолтеникав тон (ако ме разбираш што сакам да кажам ) Мене повеќе ми одговараат оние со розевкаст. Текстурата на пудрата е полу-густа. Иначе имам сува кожа-накај нормална и не ми одговараше. Премногу сува ми беше. Така да види што ќе ти кажат другите феминки, можеби некој имал позитивно искуство. Јас баш и не.
Имав тестер од едно списание ама не сум баш сигурна дали беше оваа пудра. Која цена е и нешто повеќе да ми кажете?
Јас ја имам пудрава моментално, ја користам веќе 2, 3 недели. Искрено јас сум задоволна. Претходно користев какви не пудри, и преку глава ми дојде веќе од тешки пудри од кои лицево мислам ќе си го упропастев. Стварно не сакам да користам се' и свашта и да испробувам и експериментирам. Ми кажа една другарка дека ја земала, ми ја испофали, пробав од нејзината и сфатив дека тоа е тоа. Е сега да си знаеш дека оваа пудра не е баш покривна. Значи е за млада кожа која е чиста. Всушност пудрава ти е повеќе за изедначување на тенот и ете ако имаш некое црвенило или бубуличка пред добиено некаде да ти покрие. Во никој случај не е за лице со многу акни. Јас имам чисто лице, немам никакви акни, ниту пак флеки, така што мене пудрава премногу ми одговара. Е сега се случува пред да добијам да ми излезе една до две најмногу бубулички и ми ги покрива, не е до толку страшно тоа. За тие пари имам одлична пудра која пак воопшто не е тешка. Не ја ни осеќам на лицето, ниту пак ми ги затвара порите, исто како да немам ништо. И многу убаво се размачкува, кога ставам исто како крема да ставам на лицето. Исто така ми се допаѓа и што некако како да се впива во кожата и како да се претопува во твојот тен. Јас ја имам 20ката, тогаш се мислев меѓу таа и 10ката ама некако таа многу ми беше бледа па се плашев да не бидам како статуа. Инаку имаш и многу потемни нијанси, види си убаво и одбери си зависно од твојот тен. Ако си бела, ама онака нормално бела, тогаш 20ката. Јас ја користам за секаде, и за секојдневни варијанти и за вечерни дури и свадба си истерав со неа. Ми беше страв како ќе излезам на сликите ама супер излезе, тенот рамномерен, а пудра не се ни познаваше дека имам. Е сега мана е што не трае нешто којзнае колку. Нормално, колку пари толку музика. Издржува едно 3, 4 саати најмногу, прво изгледа убаво и прашкасто ама после некако не е како на почетокот кога одма ќе ја ставиш. Не дека се брише или ја снемува, само не изгледа исто како во првите саати. Мене лично не ми треба пудра со која ќе изгледам фотошопирано така што таа мана не ми претставува ништо. Инаку јас имам нормална кожа, ајде да кажам накај мрсна и ми е супер. Пак ќе кажам првите неколку саати лицето го осеќам матирано и убаво, а после знае малку да ми се измрси кај Т зоната ама ништо страшно ниту пак нешто претерано, не се ни познава, јас дека си знам само. Ете тоа е тоа, јас ја земав од ДМ за 295 денари. Во другиве продавници не знам колку е, не сум видела, ама цената е таа, со 5, 10 денари плус - минус. А да, уште нешто ми текна. Многу ми свиѓа и тоа што пудрава ќе ја искористиш максимално. Мислам на милитражата што е во неа, што ретко се случува со другиве пудри. Колку повеќе ја трошиш така долниот дел од паковката се крева нагоре и ја истиснува цела пудра. Не знам дали ме сфати ама ако ја купиш ќе видиш.
Има понапред пишувано доста за пудрава но ај пак ќе пишам Цената и е 310 денари, има голема покривност, на неа пишува дека е за сите типови на кожа, јас имам сува кожа и ми одговара, а читав дека и на мрсна кожа одговара. Единствена маана и е што е само за поладно време, на топло време е за нигде, се познава на порите, станува многу тешка, едноставно не се поднесува Така да за топлиот период што следува барај си друга пудра
Јас се презаситив од Ластинг Финиш,дефинитивно.И почна да ми лепи некако. Кажете ми пудра,до 400 денари,да покрива солидно. Менхетен црната,Севнтин..? Ми се смачи више.
Имам 2 пудри,една течна а една камена. Камената ја користам веќе година ипол и само пола ми е потрошена бидејќи не користам многу пудра,по малку само кога излегувам. Ја користам од Catherine Arley Silky Touch,и многу ми одговара. А течната ми е од Oriflame,и имам ставена само 5-6 пати од неа.