senza.parole пробај на findation.com таа ти е страна внесуваш нијанси на пудри кои претходно си ги користела и ти дава кое бројче би ти одговарало од друга фирма..ако не ти се појави конкретно оваа пудра пробај со пребарување на гугл...јас прочитав една рецензија баш за пудрава дека розевите нијанси се многу розеви а неутралните дека маваат на портокалово па така внимавај која нијанса ќе ја одбереш,не само што е скапа пудрава ама има и голема покривност и ако ја згрешиш нијансата ќе изгледа како маска да носиш...пробај со страната погоре,јас кога сум барала нијанси на други пудри мислам дека ми се појавила и која би ми одговарала од Double wear
Ако имаш сува кожа, ЦЦ кремата нема да ти одговара. Oil-free е и дава некој среден матирачки ефект кој не е воопшто страшен нели, ама сепак доста ги истакнува сувите делови и мислам дека сувата кожа не би го поднела тоа воопшто. Јас веќе неколку дена по нанесување на ЦЦ-то приметувам исперутени делови на челото (а имам мрсна кожа) поради тоа што неодамна користев агресивен лосион против акни, така да, навистина можам само да замислам на сува кожа каков ефект би се добил и најверојатно повеќе ќе им одговара на оние со нормална до комбинирана, комбинирана и мрсна кожа.
Сенца, не ги гледај воопшто буквите во ознаките на пудрата, врска немаат. Есте Лаудер ја сменија формулата и нијансите на пудрава пред неколку години, а имињата (т.е. ознаките во имињата) се останати исти, што значи сега одредени нијанси не се совпаѓаат со ознаките. Мојата нијанса на пример, иако содржи Ц (ознака за ладен тон), е тотално беж нијанса со жолт подтон каква што ми одговара, воопшто не е розева (каква што би требале да бидат ладните нијанси). Верувај ми, не знаеш колку истражував и читав на нет пред да ја купам Фреско нијансата е типичен пример за ладна нијанса, и во нејзиниот случај описот одговара, што не е случај со мојата нијанса. Не се раководи според буквите во ознаките, едноставно пробај си на тебе и види што најмногу ти одговара
Дали знаете да ми предложите некоја покривна пудра за нормална накај мрсна кожа, особено да покрива црвенила...но по можност да биде некоја што се изедначува со тенот, да не се познава многу дека имам ставено пудра...како на пример Менхетен,покрива се ама се познава од километар дека пудра имам(значи да изгледа природно лицето колку толку..) pls help ќе ви бидам благодарна..позз
Емилија , еве оваа погоре на Есте Лаудер , незнам колку пари сакаш да дадеш ама пудрава навистина вреди , покрива се а и не е тешка
Шо е многу, многу е... премногу пари се за пудра...максимум до 900-1000 ден би дала...сепак фала на одговорот
Женски има ли некој приметено дали од овие пудри на Римел кај нас ги има нијансите ајвори или тру ајвори ? т.е 103 и 100 ? Спојлер
true ivory ја има,Ivory ја нема и пред Ivory има уште една нијанса Light porcelain и таа ја нема..значи кај нас започнуваат нијансите од 103
Дефинитивно се презаситив од мнооогу пудри!Значи никако не можам да си најдам некоја што ќе ми одговара на тенот и што ќе ми се допадне ефектот.Последно ја земав афинитон мејбелин во тубичката golden beige има жолт подтон но пак ми е на денска светлина како розевкаста и ми дели од лицето а за навечер ми е премногу бледа и како испиена дури како позеленета сум во лицето од што ми е светла. Ми се прави ќеиф да ја земам од ревлонот но никаде неможам да најдам тестери а скапа пудра е не ми се купува на слепо.Ми треба предлог од некоја од вас што ја има користено ревлонот за комбинирана/мрсна кожа да ми кажи бројче.Значи барам да не е пребледа а да има жолт подтон.
Заборавив да кажам дека јас Ревлонот го користам со години,па ми се чини како лицето да ми се презасити од него,затоа сакав да сменам,е сега незнам како стојат нијансите на maxfactor,d revlonot gi imam koristeno 180 i 320[/quote] И јас сум истиот случај па сега ја користам макс фактор, но ја фиксирам со камена пудра или фиксатор ид есенсе. Пробај ги нијансите 60 и 75, прилично се светли нијансите на оваа пудра. Мислам дека повеќе 60 ќе ти одговара ако ја имаш користено 180 до ревлонот.[/quote] А која е потемна 60 или 75?
И јас сум истиот случај па сега ја користам макс фактор, но ја фиксирам со камена пудра или фиксатор ид есенсе. Пробај ги нијансите 60 и 75, прилично се светли нијансите на оваа пудра. Мислам дека повеќе 60 ќе ти одговара ако ја имаш користено 180 до ревлонот.[/quote] 75 е потемна.
Ако веќе си решена за Ревлонот, мислам дека идеална нијанса ќе ти биде 180 Sand Beige, од таа за мрсна/комбинирана кожа. И да, има жолт подтон. Еве и слика како изгледа.
Vichy aera teint pure - Ова е ефинитивно нешто најлошо досега што сум ставила на лице . Добро е аптекарката што ми се смилува па прво ми даде тестер јас бев тргната да ја купам, затоа што веќе не знам каква да пробам, ниедна пудра не ми одговара. Кожата ми е нормална со мрсна Т зона. Пудрава дефинитивно не знам да дефинирам за каква кожа е. Многу е лесна, ич не е покривна ама кога ја ставив на лице се уплашив . Се насобра како кожата да ми се лупи, не издржав и веднаш ја измив , од мене има чиста 0. Цената само и е за 10 + . Само една добра работа има што е како крема, не е воопшто тешка ама затоа ни тенот не го изедначува убаво, јас што имам чисто лице не ми седи убаво а за тие што бараат покривност не би одговарала ич. Цената во Зегин е 1 260 ден.
незнам зошто никој не зборува за Rimmel Stay matte течната ама новата верзија...ја фалат на блоговите и на јутуб како предобра за мрсна кожа и доста покривна а е само 319 ден..е сега ако имаш сува кожа никако оваа,ама ми текна да ја спомнам за сите девојки со мрсна кожа кои бараат ефтина а покривна пудра
Фала ти.Сепак ќе ја пребарам битолата уште еднаш за тестери ако не ќе одам на слепо за пудрава и ќе те послушам за бројчето
најдобра според мене,Rimmel London-Long Lasting Foundation башка,стои цел ден и да се потиш,и да плачеш и дожд да те врне,таму е..не ти остава такви грутчиња,линии безвезални,и интересно е шо не се ни познава дека ја имаш
При крај ми е Лореалот па да пишам искуство. Мене не ми се погоди многу, имам нормална накај мрсна кожа ама оваа изгледа е за премногу мрсна кожа. Првиот саат изгледа фино и толку, после многу се познава текстурата и линиите на кожата. Заклучив дека вакви како мус што се да кажам воопшто не ми одговараат иако ги препорачуваат за мојот тип на кожа. На крај и најдов чаре, ја мешав со една друга што ми беше пак премногу течна и пофино изгледаше. Откако се зезнав со Лореалот ептен се посветив на барање нова пудра, по три пати ги шетав Дм, Космо и Шатци. Се решив за оваа на Мејбалајн и не згрешив. Многу ми е погодена, иако на прв поглед изгледа доста течна убаво се слева со кожата. Си ја погодив и бојата на што посебно се нарадував бидејќи сум се истакнала со утки. Релативно трајна е, за преку ден ретко ставам камена, за навечер знам така да ја фиксирам. Јас немам нешто којзнае колку за покривање ама тоа што го имам убаво го средува. Ми се допаѓа што не се прават грутки и чуда, баш онака природно изгледа. Ќе да продолжам со оваа, од сите до сега дефинитивно ми е најпогодена.
Што е разликата мегу мејбилин минералната и мејбилин 24 часовната, одговараат ли за комбинирана / мрсна кожа и двете ?