3 години по ред ја користев Max factor color adapt и бев задоволна, незнам што ми текна да ја сменам па последниве 7-8 месеци ја користам Bourjois healthy mix но, во последно време почна кожата многу да ми ја суши, морам да ставам павловичева секоја вечер, за да ја ублажам ситуацијава. Има некоја слично искуство? Дали повторно да си се вратам на старата?
Сеуште ли ти се допаѓа Колор адапт? На времето ја користев само неа без исклучок, значи незаменлива ми беше, сон пудра.Лесна, а толку убаво ми го правеше лицето, гланца, покрива, природен изглед дава...немам зборови.Последен пат кога ја зедов од космо бев ваква , значи толку искварена пудра, буквално немаше ништо од горе наведеното, не ми се веруваше дека најдобрата пудра на пазарот се претворила во обоена водичка.Си помислив дека мене ми се погодила таква, но ете и сестра ми и другарка ми имаат исто искуство.Така прекинав да ја користам. Ако ти е дотолку сува купи си Лореал луми или Дебора радијанс.И двете се одлични за сува кожа, баш се хидрантни, даваат убав свеж изглед, не ги истакнуваат сувите делови, многу убаво го прават лицето.Најмногу што ми се допаѓа е што даваат прекрасен сјај, значи лицето не изгледа мрсно, туку природно сјајно.Е сега и девете имаат средна покривност, но штом си ја користела Колор адапт мислам дека тоа не би ти било проблем.Луми е 870, а Радијанс 670 мислам.
Ја има но во поинакво пакување. Oд кога и го промениле паувањето не сум ја купила па не знам каква е . Инаку порано ја користев кога не знаев каква точно кожа имам па ја земав оваа зошто беше за млада кожа, добра ми беше иако има слаба покривност.
Max Factor Smooth Effect Foundation Врти сучи, ама после сите утнати пудришта и се вратив на макс-фактор. Ми беше останата недотрошена од летото, па до мај месец ќе ја фурам тамн да ја дотрошам. За чудо не ми го мрси лицето како останатите пудри, само не е толку покривна и малку нијансата ми е потемна од мојата, ама затоа што ја купив за лето, не за зима. Али се средува и тоа за среќа. Барем не мора преку ден да ставам камена пудра или во прав, си гура и до 6 часа без да засвети. Тоа и е најголема предност, зашто е доста сува и брзо се засушува, ама за разлика од буржоа барем не ми ги досушува уште толку образите и истакнува порите. Само уште асални да беа нијансите и супер ќе беше. И има некоја глупа миризба, нит убава нит неубава, не можам ни ваму ни таму да ја сместам. И давам едно солидно 7миче.
Жени... Конечно ја имам в раце Double Wear-Estèe Lauder. Пред некој ден повторно наминав во Cosmo-Zebra, претходно пробував тестери од неа во тој во City Mall. Продавачката само што ме виде се запна за нијансата Pale Almond, ми се чини 2C2 беше, иако не ми се слагаат бројкиве нешто со тие на интернет. Нема врска, зборот ми беше дека таа ми беше прееемногу розева. И и викам стави ми од 2C1 Pure Beige и стварно, споредивме на врат, таа беше нијансата. Барем на неонско светло. Јас излегов задоволна - од сите испробани таа ми беше најпогодена. Ми мавеше на жолто баш како што треба. И се јавив одма на другарка ми (секој втор ден е за Солун), ми ја купи на попуст за 30,16 евра, а на пакувањето има цена од 46 евра. Како и да е, да се навратам на импресиите од пудрава... Значи, не ми се верува дека и јас во животов дочекав да ставам течна пудра без да чувствувам потреба да ја фиксирам со камена. Да, да... дури и со црната мат Менхетн имав таква потреба. Е сега, сакам да објаснам нешто. Од овие "dragstore foundations" што ги викаат Американците, она што е мат и се продава на нашиот пазар, имам пробано буквално сè. Имам користено и високо-буџетни пудри (периодот пред 3 год.), ама Double Wear првпат. Мене ниту една, ама ниту една пудра досега не ми оставила впечаток на „добро е, безбедна сум“ или „уф, супер конечно нешто екстра мат“, за да не мора да ставам камена. Сè што имам пробано досега, на мојава кожа во истиот момент делуваше полу-мат, и некако течно, а треба да се нанесува на пр. камено руменило и некако текстуриве една врз друга не ми се поклапаа. Ме сфаќате, нели? И знаејќи дека „точките“ на носот ќе ми светнат за 15 мин. (да, да добро прочитавте), некако незамисливо ми беше да „терам“ без камена пудра. Знам, имаше феминки кои редовно купуваа нови мат пудри штом ќе се појавеа кај нас, и кога пишуваа импресии дека толку им се допаѓа мат-ефектот што шетаат без камена, јас си викав: „Боже, јас го имам најмрсното и најпроблематичното лице на светот“. Double Wear е пудра со текстура каква што не можам да ја споредам со ниту една друга пудра. Остава 100% мат финиш, минимално „брашнест“ како да си ставил и камена, а покривноста со еден слој и е како да го имаш на себе најдобриот можен коректор, а ус сВе тоа делува толку природно, како втора кожа да имаш на себе. Мислам дека си ја погодив нијансата (чекам критики од „сурово“ искрени луѓе деновиве), па ќе знам на што сум. Се надевам ќе ме служи пудрава и нема да оксидира при големи горештини. Не е евтина, можеби (индивидуално е ова). Арно ама, џабе ми се сите Bourjois и Seventeen кои колку и да се „евтини“ не прават ни пола од ова. Ќе ги фрлам сите, толку сум им лута сега, сериозно. Се помирив оти имам лице кое си сака инвестиција (резултатите се видливи одма, и со пудра и со креми), па сега тоа е. Што можам тука. Едно најголемо ФАЛА до Sexybaby86 и koritsaki и сите You Tube блогерки за препораката.
Сенца, драга, не оксидира Double Wear, ич да не се секираш, ни најмалку (ја имам тестирано цели 18 часа). Подобар тест амин Значи бев на работа, се вратив дома, се маткав, па излегов во град и пудрата не ми мрдна, значи не ми мрдна Се уште не можам да верувам дека чудово од пудра постои и дека ја имам и дека не свети воопшто и дека и после 18 часа изгледа како тукушто нанесена на лицето. Немам зборови, и мене ми оди сите други пудришта што ги имам да ги џитнам во канта одма Секое сабајле кога се шминкам не ги ни погледнувам, сум ги забутала во еден ќош на масичката кај што ми стојат шминките и нејќам да ги гледам, а камоли ставам Многу сличен тен имаме јас и ти, барем досега исти нијанси на пудри имаме користено и те уверувам дека Pure Beige е нијансата за тебе. И да ти изгледа малку жолтеникава и потемна, толку добро се слева со тенот, што е просто неверојатно. Сигурна сум дека ќе бидеш задоволна И мило ми е што ти помогнав при изборот Мене само ми е жал што ја ставам за секој ден, би сакала да имаше поевтина варијанта на толку добра пудра, ама тешко таа работа Ама толку ми е совршена што веќе животот без неа не можам да си го замислам
Senza, со здравје да си ја трошиш пудрата Добар избор си направила , и јас мислам дека не оксидира за трајност ќе кажам како секси бејби ако ја ставам од 10 сабајле така и ќе си остане се додека не ја избришам , а и не се брише лесно треба стопати да се бришеш со памукчињата И јас си викам да постоеше нешто поевтино ама изгледа колку пари толку музика со се е така за на топло време се уште не сум ја пробала јас ја купив декември месец ќе видиме сега јуни јули ама некако како што гледам или пак така ми се чини заради шишенцето ми се испразнува па ваљда ќе треба нова да купувам A za останатите пудри , колку пари имам давано ехеее и пудрите во канта , со тие пари колку пудри од есте сум можела да купам јас веќе немам други пудри дома па покрај оваа што ќе ми се да ми зафаќаат место
Јас си ја зедов конечно Ревлон - Colorstay за сува кожа и сум презадоволна. Трае цел ден не се брише, покрива и тоа доста добро порцеланско лицето ми го прави и ми е баш таман за моето суво лице. Препорачувам дефинитивно! Единствено шишенцето не го сакам што нема пумпица и малце тешко ми е да ставам пудра, останатото е СОВРШЕНО!
Да биде уште поневеројатна пудрава одговара и на сува кожа. Јас кога ја ставам во ретки прилики (имам некој тестер од 5мл) не ми ја досушува кожата, многу лесно ми се размачкува и одкако ќе ја извадам лицето ми е во нормална состојба, а не дехидрирано и пресушено. Постојаноста си ја одржува без да ми перута лицето и без да ми се прават грутки на сувата кожа. Јас ја имам тестирано 18 часа од кои саат два спиев, пудрата не беше мрдната од лицево, изгледаше исто како штотуку да сум ја ставила.
Пудрата во прав на Алверде само во една нијанса е или има повеќе нијанси? Кога бев за Ск беа потрошени па не успеав да земам,па ме интерсира за нареден пат кога ќе одам
Жени, прочитав на интернет дека пумпичката за течна пудра што се продава во MAC Cosmetics совршено одговара на Double Wear - Estèe Lauder. Јас ова ќе го имам предвид, ама во меѓувреме ќе пробам нешто со пумпичките на старите пудри кои не планирам да ги употребувам. Битно е отворот да е таман, цевчето ќе се сече по потреба. Само да прашам, нема да се суши пудрава вака, нели? Без капаче? Едит* Не, не одговара ниту една со отворот, значи дефинитивно само оваа од MAC.
Сенза на MAC пумпичката скроз одговара на оваа Double Wear, само мал дел ќе исечеш на цевката зашто подолга е таа на MAC и готово. А инаку не се суши воопшто пудрата без капаче, немај грижи околу тоа. Само за нанесување да ти биде полесно можеш да ставиш пумпичка, зашто вака од отворот не е воопшто практично да нанесеш, или многу или малку капнува. Еве ти ја инаку оваа на MAC, е кога и ова ќе го ставиш, пудрава на Estèe Lauder е стварно без мана. http://www.maccosmetics.co.uk/product/1 ... index.tmpl
Морам да пишам овде оти не знам појче кај да се обратам Мене кожава последно време ми е многу мрсна, не ми беше до олку, не знам шо се стори.. Како и да е, не можам да си најдам пудра шо ми одговара на лицево.. Ко че се намачкам ми останува како лушпи на кожава, многу глупо изгледа, а и многу црвенило имам во последно време и морам некако да се средам ама не знам шо пудра би можела да користам шо че ми се погоди за кожава.. Ако има некоја од вас ваков проблем и нашла пудра шо и одговара нека ми кажи оти се збудалив вејче
Женски ај и јас да ве прашам за совет во врска со пудра камена и течна. Значи користам Giordani од орифлејм веќе со години natural beige Спојлер и комбинирам со камена пудра од Golden rose број 5 Спојлер Е веќе мислам дека оваа комбинација не ми одговара не ми покрива доволно,имам чисто лице но сепак сакам кога ќе нанесам пудра да не се познава ништо како што KalaV кажа погоре сакам да ми го прави лицето процеланско убаво Немам мрсна кожа но на моменти ми се случува да ми биде сува Знае ли некој да ме советува со каква пудра да се подновам
^^ Каринке, фала на информацијата. Еве средив, здравје и живот во четврток треба да ја имам пумпичката од MAC.
Сенца, се продава посебно пумпицата од Mac колку што знам, така? Негде прочитав дека е околу 7 долари. Ај те молам сподели дали добро сум разбрала Да знам да си ја набавам и јас во најскоро можно време од кај јужниот сосед
Мене другарка ми ми кажа оти е 7,5 евра. Ако ме лаже и јас тебе те лажам. Инаку, да. Се продава посебно. Едит* Eве ја: