Пудрово е нешто најдобро што ми се случило до сега Преубаво е, немам зборови, му го погодиле името мада макс фактор никогаш не разочарува. Не ти треба ни коректор, ни подлога ни ништо, лицето џам! Малку е скапичко ама што вреди, вреди
Здраво како сте? А дали некој ја има користено пудрата од Margret Astor anti shine mat за мрсна кожа 390 денари е, пред една недела си купив и почна многу лицето да ми се нафрла помагајте што да прават? Има ли некој искуство од ова пудра ? Поздрав
Здраво. Ако си сигурна дека ти е од пудрата - престани да ја користиш. Парите прежали ги, повредна е твојата кожа. Поздрав
Јас користам пудра од Deborah Copy Colour. Многу сум задоволна , добро покрива малку треба за да се премачка лицето убаво и е околку 600 или 650 денари, ми трае скоро година. Имам користено од Seventeen и таа е добра, но некако како да се брише како да се размачкува останува на облеката посебно на зима кога носиме повеќе облека.
Да си се искоментирам сама себе си Пудричкава е супер вреди за парите, убава е и за секојдневна употреба, не ја гуши кожата, не се познава а дава убава нијанса и сјај на лицето. Малку ми беше чудна кога почнав да ја употребувам, кога ја ставам е течна а после како да се суши и се прави како камена ама не дава чувство на сува кожа, не остава мрсен сјај ( не знам дали го доловив ефектот ). Топло ви ја препорачувам особено за оние што секој ден мора да си го шлапкаат лиценцето со пудра
Пишав погоре дека ја земав 15 или 17 евра од фришоп, кај нас не знам колку е. Би требало да е околу 900 до 1000 денари во зависност од каде ја купуваш, ама да ти кажам вреди за парите.
Нема врска пудрата е 840 денари па максфактор е, не импала, нема да ги жалиш парите ако ги дадеш, од пудрата досега никој не се пожалил па нема ни ти
Ретко ставам течна пудра, но кога веќе ставам мора да е квалитетна, нема шанси да купам некоја од пазар или лажна-лице си е лице, па и нека е оригинал, пак ми е шубе Таа погоре на макс фактор многу ми е погодена и од лореал исто. А оваа пудра е неверојатна ништо друго не ти треба на лицето после неа:
Со голема тага и жал изјавувам дека пудрата на Manhattan Perfect Mat, мојата нијанса 77 ја нема веќе, т.е. изгледа ќе ја повлечат од производство, барем така ми кажаа во Unique, на местото ќе има нов козметички производ Значи скренав, одвај ќе најдеш нешто салам и го снемува. Земав друга нијанса, наводно подобра за тенот, вака не е лоша, ама на слики - катастрофа, значи се познава се' , како воопшто да не покрива. Сега сум во потрага по нова пудра, ве молам предложете некоја убаво покривна, мат, за нормална до мрсна кожа, значи без сјај на Т-зоната , макар и до 1200 ден. зашто вака не оди.
^ Да ти кажам право не сум ги пробала никогаш. Сега ја гледам оваа и би сакала да ја пробам. Ако погодам нијанса, секако, зашто користам обично 2 нијанси потемна од мојот тен. Некоја да ми препорачаш на Макс Фактор? Ама да покрива убаво.
Трендафилче а зошто не ја земеш од Менхетен обичната, онаа црната што е? Мене ми е убава, речиси како оваа синава е.